Јас ја носев 1,5 година и ми се исправија забите топ На почетокот боли т.е стега ама ќе се навикнеш со тек на време
Дечки имам едно многууу итнооо прашање..Вака денес изгубив една брикета или незнам мош се вика прстен затоа што таму беше на 6ката и беше во таква форма на прстен..И затоа што неможам да го најдам знам дека ќе треба да ми ставаат ново али знам и дека тоа требало да се плаќа...Дали има некој што може да ми каже колку пари отприлика ќе чини тоа,стварно ми е многу итно уште не сум и кажала на мама незнам како ќе реагира..
300 денари ме кошташе мене за една, во мојот случај не ни бише падната туку како се исправаше забот брикетата дојде залепена неправилно па за да биде на средина ми ја одлепи постоечката и ми залепи нова. Иначе ми се случи и мене ми падна една брикета за среќа ја осетив во уста и ја чував, е за тоа мислам дека не ми зеде пари за повторно лепење. Прстен не се случи да ми падне па незнам колку кошта тој, само знам дека кога ми ги ставаше ми рече дека нормално е да се случи прстен да пукне.
Зависи кај кој ортодонт одиш.Мене ми падна брикета и јас пошто поима немав што е,мислев дека е скршено и го фрлив па кога отидов ми стави нова за 500 денари,а да сум ја чувала ќе сум поминела за без пари.Не се секирај и не се плаши,се случува да падне брикете,и ортодонтот ќе ти каже.
јас имав одлепено 4-5 брикети одеднаш ми ги немаше ми стави нови ,ама не платив ништо туку како што си плакам за контрола по 300 ден..само толку..
Носам фиксна протеза (само на горната вилица) веќе два месеци и сега за сега сум многу задоволна. Ама единицата почна да ми се клати и искрено ми е страв да не ми се создаде некој проблем. Имал некој друг вакво слично искуство?
Препорака за ортодонт во Аеродром или Центар? После толку двоумење и несигурност решив да ставам протези.
Ти ја препорачувам ортодонција М, позади Бисер над Тинекост се наоѓа. Јас сум многу задовлна од ортодонтката, Д-р Даштевска. Фиксната ја извадив во септември, и од моето искуство можам да ти кажам дека докторката стварно си ја знае работата.
Јaс нoсев три фиксни прoтези, гoре, дoлу и пoсле тoa уште еднa нa гoрнaтa вилицa. Ги нoсев некaде oкoлу две ипoл гoдини, ги извaдив вo мaј. Сегa нoсaм мoбилни, aмa не ги стaвaм мнoгу честo. Мнoгу ми сметaaт, oсoбенo тaa гoрнaтa. Пa сaкaв дa прaшaм дaли пoстoи некoјa зaменa зa мoбилниве? И ве читaм пoгoре ви кaжувaле дa ги нoсите мoбилните дуплo oд фикснaтa, a мене ми кaжaa сaмo шест месеци редoвнo. Не рaзбирaм. А дoдекa ги нoсите мoбилните прoтези идете ли нa кoнтрoлa или не?
Јас носам фиксни протези само на горната вилица бидејќи за долната немаше и потреба.Ја носам веќе 5месеци и со тек на време се навикнав, дури не ја ни чувствувам.Имам само мал проблем со хигиената бидејќи неможам да ги измијам забите како што треба.Девојки каква четка користите вие и паста пошто јас купив една за белеење и дали успевате да ги поминете со конец некако?
Има специјални за протези иако според лично искуство ништо не ти менува, барем мене. Тоа е, мора да се води голема хигиена миј ги после секој оброк Спојлер
Ги мијам обавезно послем секој оброк иначе фала ќе побарам негде може барем за нијанса да ми помогне четчево.Едвај чекам да ги извадам да можам како човек да јадам барем кога сум искочена
Со конец е невозможно да се исчистат, а четката како на сликата погоре е практична за да jа носиш со себе во ташна, па да ги средиш забите доколку jадеш надвор. Парадонтакс пастата за заби е одлична. На почетокот почнаа да ми пожолтуваат забите поради фиксните протези, но со пастата се реши тоа. Четка користи обична, таква каква што и предходно ти одговарала, само четкj ги забите 5-7 минути и ќе немаш пробеми, барем jас така правам и се е во ред од тоj аспект. Сакав да ве прашам, вие што носите фиксни подолго време, дали имате силни болки во забите на кои што се ставени прстените? Прво мислев дека едниот заб почнал да ми се расипува, но после две недели и другиот заб со прстен почна исто така да ме боли. Ќе одам на преглед кон краjот на неделава, но сакав и други мислења да прочитам. Инаку, протезиве ги носам речиси година ипол веќе.
И Curaprox ortho е одлична за фиксни, барем ја таа си ја користев. Омилени ми се четките Курапрокс, многу убаво ги чистат забите, а орто се специјално наменети за фиксни. Инаку возможно е со конец, меѓутоа бара време да се одвои, а е неизбежно затоа што многу храна се собира измеѓу забите. Листерин течноста е исто убава за заштита од забен плак, а Пародонтакс пастите и јас ги имам користено кога имав проблем со непцата и се многу убави. @SV1911 мене повеќето ортодонти ми имаат кажано дека прстените на забите не се ставаат веќе одамна и дека тоа е застарен метод. Баш ме чуди како некаде се' уште се користат...
Јас имав туби наместо прстени, слични на брикетите по форма и големина. Значи немав ништо околу забот, како што е случај со непријатните прстени.
И jас ги имам истите туби, ама залепени за прстените. Ти благодарам за просветлувањево , ќе дознаам повеќе за ова, па во сабота ќе настојувам ортодонтот да направи некои измени.