Морам да прашам нешто,па и по цена да ми се изнасмеете ама почнав да паничам.Веќе 2 месеци како ја носам протезава,забите неможев да ви најдам некоја слика,па затоа ќе ви ја опишам мојата ситуација.Горните две единици ми се напред,двојките позади,а тројките кренати горе,од кои 3та од лева страна беше многу повеќе крената.Протезата ја ставивме првично без вадење на ниту еден заб,иако поприлично нема многу простор,меѓутоа докторот сакаше прво да искористи што е можно повеќе од вилицата,па после третиот месец да се вади заб кој веќе ми е поправан за да не вадиме здрави заби.Проблемот е- десната тројка уште првиот месец се спушти,не скроз меѓутоа видов промена,е сега левава тројка која беше уште погоре последниве два дена ја приметив доста спуштена,и чувствувам притисок кај двојкава до неа.Пред некои 15 минути пробав со заб да го допрам забов(2) за да видам точно од каде го чувствувам притисокот и почувствував како забот минимално ми се мрда незнам како да ви објаснам,два три пати проверив не верувам дека си замислувам.Незнам дали добро ме сфативте,незнам дали може вакво нешто да се случи,страв ми е тројкава да не го притиска па да не ми испадне хаха смешно ми е
Здраво, Фемининки дали можете да ми препорачате каде да ставам фиксна протеза во Скопје, некој што има искуство, сакам порцеланска квалитетно изработена протеза
Нормално е тоа бидејќи забите jа менуваат првичната положба. Сепак, при наредната контрола спомни му/ѝ го ова на ортодонтот.
Дечки пошто сакам да ставам протеза забите ми се хаос, има некако проѕирна да е напред тие што се лепат да не се гледат или грешка сум? И отсекогаш сум сакала да прашам можи одназад да се стави некако??
@Adi888 може да се стави на внартрешната страна ретејнер (жица), само мислам дека нема да ти помогне доколку ти се искривени забите оти не се затега како фиксната, ама сепак најубаво да го прашаш ортодонтот. Јас носев најобична метална фиксна ама има такава протеза какo што сакаш само не ми текнува како се викаше и тие се поскапи. Вака изгледа како на сликата.
Тие погоре што ги ставила феминката се керамички или порцелански.Јас долг период цврсто бев убедена дека морам да ставам такви,воопшто не ни помислував на металниве.Читав доста по форуми и наши и странски,не би сакала да те разубедувам ама еве ќе ти кажам за керамичкиве што има прочитано:со тек на време пожолтуваат од храна,кафе,цигари и слично,брикетите се поголеми(тие што се лепат на самиот заб),и исто така почесто знаат да се одлепуваат односно да испаднат бидејки не се толку силни,односно керамичките неможат со многу голема сила да ги влечат забите па со тоа и самиот процес може да биде подолг,предност е нели што се прозирни/бели.За лингвалните односно внатрешните може да предизвикаат пречки при говор(шушкање),и исто така знам дека тие неможе секој да ги стави,се зависи од положбата на забите,и исто многу се поскапи. Сега има најнов систем мислам дека се викаше дајмон,можеш да побараш на нет за него.Тој најбрзо ги исправува забите,во рок од 10-12 месеци ама мислам дека чинеше околу 1200 евра. Што се однесува до металниве.можам да ти кажам дека јас сепак такви ставив и еве веќе 3 месеци ги носам,и искрено воопшто не ми е срам ни да се насмеам ни ништо,а имам 23 години,повеќе ми беше срам онака кога ми беа криви забите. Види,прочитај,распрашај се па одлучи самата,според мене нема да згрешиш и да ставиш метални
Нoрмaлнo е дa oсеќaш минимaлнo клaтење нa зaбите кoгa нoсиш фиксен aпaрaт. Сo негo се врши притисoк нa зaбите и се ремoделирa кoскaтa зa дa се нaместaт прaвилнo, штo не е случaј сo мoбилните aпaрaти. Oд другa стрaнa, aкo клaтењетo е прегoлемo, тoгaш мoрa дa се види дaли зaбoт е вo oпaснoст oд сoседниoт. Нaјверoјaтнo не е, меѓутoa не е лoшo дa се прoвери. Имa лингвaлни фиксни aпaрaти, меѓутoa не ги рaбoтaт сите, не се секoгaш ефикaсни и не мoже дa се кoристaт вo секoјa ситуaцијa. Керaмичките aпaрaти се пoскaпи, нештo пoмaлку ефикaсни oд клaсичните и пoдoлгo време се нoсaт. Damon системoт штo ти гo предлoжијa пoгoре е oдличен, нo не сите гo рaбoтaт. Акo ти е зa еднo или две зaпчињa, сo мaлa искривенoст, мoже дa прoбaш сo мoбилен aпaрaт.
@Annath Фала ти многу на одговорот,искрено се надевав дека ќе ми одговориш бидејки те имам доста читано и знам дека се разбираш во овие работи.Моментално не осеќам веќе такво минимално клатење,меѓутоа видов дека забот ми е изместен односно со едната страна изглегол напред нели како и нормално што треба да си дојде,ама има сеуште време допрва сум на почеток.Во секој случај после треба да одам на контрола па ќе го прашам и докторот
Здраво феминки! Дали некој од вас знае какви се тие самолегијачки протези бидејќи треба да носам протеза па такви ми беа препорачани дали некој носел, искусво?
Феминки да ве прашам дали некоја од вас има искуство со протези од Ординација Георгиоски во Аеродром кај училиштето Раде Кончар?
Носам долу протеза 3 месеци,и горе 2 месеци,но немам никакви видливи промени.За колку време би требало да има?
Јас по 3 месеци ги приметивим првите видливи промени, а имам братучетка која само по месец и 10 ина дена имаше промени
Јас мислам дека уште после првиот месец ми се средија забите и нели тоа треба да значи као демек и порано ќе ја извадам. Две години подоцна и уште си ја носам
Зaвиси кoлку ти се криви зaбите. Јaс кoгa јa стaвив дури пoсле 6-7 месеци видoв рaзликa. Мoите беa ептен зa никaде, a јa извaдив пoсле 2,5-3 гoдини. Тaкa дa мислaм декa уште е рaнo зa дa зaбележиш рaзликa.
Може некој да ми каже колку време е потребно за да се направи протезата ?? Сакам да ставам фиксна протеза,но сакам да испланирам да биде веднаш после матурата.
Добар ортодонт во прилеп? ЦеНа на фиксна протеза? Споредба мобилна со фиксна во поглед на ефикасност?