Пред две недели ја извадов фиксната протеза и ми ставија жица од внатрешната страна на забите(ретејнер) за да се задржи нивната положба.Е сега ми се извади мал дел од жицата поточно делот што е на предните заби.Докторката ми рече ако нешто се извади да отидам одма! Но таа е на смена дури утре попладне.Е сега,поради минималното клатење на забите ми е страв да не ми се случи нешто хаха односно да ми паднат,бидејки ништо не ги држи? Дали може нешто навистина да ми се случо или залудно паничам? :/
Ставив фиксна горе вчера и многу ме боцка кај 5ките и 6ките, до кога ке биде вака незгодно? ке се навикнам така?
Незгодно ќе ти биде отприлика 1 недела ..Јас за толку време се навикнав и сега немам гајле така е кај сите на почетокот боли но потоа таа ќе стане дел од тебе
а забите сеуште не ме болат, но мене не ми се криви, ја носам протезава поради друг проблем... нема да ме болат и понатака? дека другарка ми рече дека ке ме болела вилицата од прозетата, но немам криви заби да ми ги тегне и да боли.. па се надевам дека нема да ме боли... сега за сега само што ме боцка на кожата внатре
@mariz побарај од докторот висок за да си ставаш на краевите или таму каде што ти е непријатно од протезата. Имав и јас проблеми на почетокот и од восокот лепев на ќошињата, а на стапче за уши со кантарионово масло ги чистев раничките. За ден два беше се во ред.
имам кутивче восок, но ми рече за прва помош ако некоја жица ме сече да залепам.. на десната страна имам раничка, а само еден ден ми е протезава... се вади тој восок после или ке мора докторот да го извади, зашто тек на 31ви сум на контрола?
Стави обавезно, восокот не е воопшто леплив и буквално сам паѓа после одредено време, а ако сакаш без проблем можеш и сама да го тргнеш. Не трпи болки штом го имаш решението во рака.
Ке ве замолам да ми кажете кај кој ортодонт ги ставивте протезите и сте задоволни. За истата протеза ли наплакаат различно различни ординации? Фала ви многу.
При јадење голтнав мало делче од жицата што се носи на внатрешната страна на забите откако ке ти ја извадат протезата.Дали може нешто да ми се случи?
Здраво Феминки. Сакам да ве прашам колку време ќе имам потешкотии во изговарањето на буквите како С, Ш, З, Ж... ?? Протезата ја носам веќе 10 дена и сеуште не зборувам чисто. Можеби заради тоа што имав длабок загриз? Па дури се крене загризот ќе зборувам вака? Или? ПОМОШШ П.С Дали е можно 7-8 месеци да зборувам вака? Фала
Јас мојата ја ставив пред 20 дена и воопшто не забележувам разлика во изговорот. Можеби ти треба повеќе време да се навикнеш на протезата.
Ме интересира дали цената им е 200 или 300 евра..Јас во Битола бев во уредот во пролетта 2015 и ми рекоја 300, а погоре читам 200?... А и колку време вообичаено се носат?
@black_lover зависи секој различно, јас на горните заби имам бела протеза 350е а на долните метална 250е и секој месец одам да ми менуваат ластици и чистење и плаќам по 500ден, кај некои во сумата се пресметани и контролите, цената горе долу е таа, се носат мин. 1,5 година
Јас ставив во ординација Смајли кај д-р Елизабета, за 300 евра и сум презадоволна од нејзиниот третман. 15 контроли за вклучени во цената, а колку се доплаќа понатаму и заборавив. Носам од август 2014, но ја извадив пред свадбата во јули 2015 , и потоа пак ставив во август 2015. На последнава контрола докторката ми кажа дека треба да ја носам до февруари 2017, а најверојатно потоа ќе продолжам со мобилна протеза. Должината на носењето фиксен апарат зависи од случај до случај. Некогаш дури ни ортодонтот не може да ти одговори, особено не пред да ја наместиш и да одиш на неколку контроли. Треба да измери како се движат забите и на колку време.
Мене ми се одделени двете единици (кецови) околу 0,4 цм..можи и помалку..Друго се е во ред..За колку време од прилика ќе ми се наместат? EDIT:и за колку време се прави една протеза?
Јас одам кај др. Виолета Поповска, железната чини 250 евра, контролите не се наплаќаат, повеќе од година не би требало да ја носиш доколку проблемот е само одделеноста на единиците. Ќе одиш на преглед и ќе се договорите и наредниот ден ако има слободно можи одма да ти ја намести.