Дали некоја носела од тие фиксните протези што делуваат побрзо? На клиника мислам ги има, ме интересира цената.
Ќе може да ми препорачате добра стоматолошка ординација за фиксни протези во Скопје? Јас веќе носам фиксен апарат две години, но процесов го почнав во странство, а сега сакам да продолжам тука.
Здраво дечки, вчера ставив фиксна протеза и веќе имам еден проблем што ме иритира. Жицата од протезата каде што завршува на крајот нели мал дел е слободен е баш тој дел е остар и ме закачува за страната на устата и ме заболува и нервира и кога јадам и кога зборувам. Некако банално ми изгледа за тоа повторно да се враќам, па кажете дали некој имал сличен проблем?
Па оди нека ти ја потскратат, свиткаат, нешто. Не е глупаво, ќе ти се направи рани устата. И ставај од тоа восокот што ти го дале кај желевцето колку да не те боде, дур да се видиш со ортодонтот.
Да си побараш восоче, кога ќе те боцка некоја жица ќе го залепиш восокот за неа, во моментот да не те боли. Или прашај ги од кај да купиш, ако они немаат.
Ме интересира една работа, дали може да се стави фиксна протеза на само два заба, не на цела вилица, за да се приближат еден кон друг? Ако некој знае нешто нека каже.
Не мoже сaмo нa двa зaби, немa дa функциoнирa тaкa. Акo ти е сaмo зa две зaпчињa, тoгaш сo мoбилен aпaрaт.
Предложете ми некоја добра стоматолошка ординација за фиксни протези во Битола.Кај мене се работи за 2та кеца горе..одделени ми се околу 0,04цм можи и помалку..За колку време отприлика ќе ми се наместат и дали ќе можи да му велам на докторката да ми ги стега повеќе за да ми се наместат побрзо...
@tamche995 За цената на фиксни протези имаме пишувано на предходните страни Ги плаќам на рати секој месец кога одам на контрола Се е ствар на компромис со ординацијата
Мислам дека една е 12 илјади(само горна или само долна). Двете заедно околу 24. А дали може на рати, не сум баш сигурен.
Забите ќе ти се наместат уште првиот месец, а протезата ќе мораш да ја носеш барем една цела година за да не дојде до повторно враќање во старата форма. Тоа со стегањето тие го средуваат секој месец кога одиш на контрола, нема што ти да кажуваш.
Ова последното не сум го прочитала @black_lover знаеш ли ти колку е болно тоа стегање??? Ќе молиш да ти ги олабавуваат, а не дополнително да ги стегаат И јас мислев два заба ми се криви на крај испадна на двете вилици ради гризот и плус внатрешни протези