Јас носев фиксна една година и ми се исправија совршено забите,после тоа ми дадоа и мобилна ама не ја носев зошто ме мрзеше меѓутоа забите веќе не се помрднаа и ден денеска имам совршено прави заби .
Значи, јас не сакав да те навредам! Секоја чест на завршениот факултет(мада денес секој втор завршува факултет), но искрено претходните мислења не ме убедија дека ти зборуваш од стручна перспектива! Нема да ме убедиш во тоа дека мене забиве ќе ми се вратат во првобитната положба, па ако сакаш и три факултети имај си ти! Постојат доктори многу повозрасни од тебе(не знам колку години имаш, но сигурно си млада бидејки си член на форумов) и со многу поголемо искуство, кои знаат што е добро за нечии заби. А кога на докторот не му успева, во овој случај, да ги исправи забите на пациетот, го обвинува него(пациентот). Така и ти, за време на работењето ако нечии заби не успееш да ги средиш нема да гледаш вина во себе и во професионалноста твоја, туку во пациентот. Ќе го обвиниш дека не е доволно упорен и дека не вложува труд од негова страна. Тоа го покажа и кога кажа дека децата лажат и не ги носат редовно протезите, а со тоа ме обвини и мене (дека јас не сум ги носела протезите туку само лупам) и тоа неосновано. Зарем јас имам причина тебе да те лажам? Немам корист од тоа, не овде, на форумов!
Што има врска колку години имам со тоа што сум член на форумов? По дифолт би требало да имам 15-20 години? И што ќе добијам со тоа што ќе ја префрлам вината на пациентот, зошто да ја префрлам? Јас само кажувам реално каква е ситуацијата. Не сум безгрешна, и јас сум правела грешки, нормално, ама од тие грешки сум научила. Освен тоа, имав одличен ментор и за време на студиите и после тоа. И мислам дека имам малку искуство да посочам што и како е правилно на некој што не знае, а сака информација. И се трудам да пишувам што поедноставно за да може секој да ме разбере, инаку можев јас да си се расфрлам со стручни изрази тука на форумов, ама ова не е место за тоа. А ако те засегна тебе тоа што го кажав дека децата не ги носат мобилните апарати, значи си се пронаоѓаш донекаде... како и да е, знам дека е тешко да се носи, не е лесно, долг период е, секогаш има изговор да не се носи апаратот и верувај ми, се познава кога некој апарат е носен, а некој не. Точно е дека денес секој завршува факултет, ама јас не завршив денес, ниту пак вчера, и не завршив на некој петпарачки факултет чисто колку да се каже дека сум завршила, па ете ја имам дипломата. Јас учев во време кога знаењето навистина се ценеше и се бараше од студентите, а не како што е денес, без пракса и со малку учење на теоријата. И баш за ортодонцијата имам интерес и тоа и работев (кога работев). И не се ограничувам на овие нашиве стручњаци, без разлика колку години имаат и колку се искусни во работата. Можеби јас немам 50 години искуство зад мене, ама имам доволно стаж и знаење да посочам некои работи. А ти верувај во што сакаш, тоа е твое право.
WhiteAngel, не се расправјај кога не знаеш ни малку од струката. Секој случај си е сам за себе, но кај 80% им се враќаат забите. Јас не за џабе чекав да ми изникнат сите умници за да ставам протеза. И ставив на 22ипол А ти уште немаш ни 16, веќе и си ја тргнала протезата. Ке правиме муабет кога ке ти изникнат убаво сите запчиња до крај, па ќе видиш да што ти зборува Annath Сега можеш до небо да се фрлаш дека многу знаеш. Ама со време ќе сватиш Немој лошо да ме сватиш, не дај боже да ти се вратат забите. Ама ке збориме после неколку години на темава Поздравче
Е многу мразам не аргументирани стручњаци, зафативме офф топик! Значи, кој треба да си носи протези нека си стави, без срам и страв, не е ништо страшно ни тешко(како што рече докторицава)! Жив човек на се се навикнува! Посреќни и поубави ќе сте после тој период на носење на протезите! Како велат: не слушај гаталец, туку паталец!
Во потполност се согласувам со Анат, патем добро сум била запознаена во оваа област што посебно ме радува. Сето тоа што го кажа Анат си го знам како добро утро а ти прво рипни па тогаш речи оп. Сега запчињата ти се океј но наполни 18 години и отвори ја темата да прокоментираш за твојата состојба на забите. Пред тоа не се остри и дискутирај како секоја учтива форумџика и не треси работи без никаква основа. А и не си дорасната да се сметаш за паталец океј. Не бега никој офф-топик како што знам за фиксни протези се дискутира
Не зафативме оф топик, напротив. Темава е за фиксни протези и за препораки и искуства со нив. Јасно ми е дека си во тие години кога мислиш дека се' што лета се јаде, па и да ти дадам триста аргументи, пак ќе си читаш како што ти одговара. Еве, докторицава ќе се повлече од понатамошната дискусија и ќе одговара само кога некој конкретно ќе ја праша и нема да се вмешува кога некој ќе шири дезинформации.
Да, за фиксни и тоа е океј, но не и за работното искуство, за бегрешноста на Annath!(за кои таа спомна) Не знам што подразбираш ти под паталец, но паталец е човек кој нешто доживеал и извлекол некаква поука од тоа, и секако стекнал искуство, а јас имам искуство со фиксниот апарат!
Жалам, ама не јадам ништо што лета! Јас го кажав мислењето за протезите, и не мора да се повлечеш. Јас се повлекувам. Продолжи си со давање совети на оние кои веруваат во се што ќе прочитаат!
На колку години ја стави протезата, колку ја носеше, само ти беа криви забите или имаше и прогенија??? Ајде како паталец, кажи низ што помина
Леле девојче ами убаво ти кажа Лилит. Нема што тебе да ти се докажува а мене паталци гаталци да не ме учиш оти знам што значат јас сум паталец ами ти ќе бидеш поголем верувај оти ништо не си поминала и ќе ти кажам дека веќе месец дена не ја носам мобилната протеза а имам 17 години па почнаа пак да ми се туткаат забите да ми се враќаат така да знам за што зборувам и јас и Анат, таа си е најпрофесионална, што знаеш ти за неа па врз никаква основа да ја осудуваш за нејзините можности и знаења. Завршила факултет само колку да се заврши ццц... Младино каде замина.. Ајде офф-топик сега отидов и слушај ме што ти реков прво рипни па речи оп
Jas nosam proteza vekje godina ipol, no nemozam da podnesam od zeleznite protezi... nosam porcelanska ( bela) koja skoro ne se ni primetuva i ubavo izgleda... Dobro sega malku e poskapa od obicnata, no vredi... )) [mod-kirilica:1s0u6ii3][/mod-kirilica:1s0u6ii3]
А тие порцеланските протези вака изгледаат? И може некој да ми каже колку пари се отприлика? Aко се тие тие, ми се допаѓаат, зашто не се забележуваат дотолку а сепак се исто ефикасни..или?
Моите ме чинеа 550 евра(само горна) ама и операција нешто на забите... порцеланските (барем кај што живеам) се плаќаат 100евра повеќе од обичните. Јас искрено, имам само на предните 6 заби зашто и онака кога се смееш,другите не се гледаат. Нормално дека се забележуваат ама подобро минимално отколку металните, така? Секако дека се ефикасни.. еве после година,гледам резултати (иако многу викаат дека со процеланските,забите ќе се поправат за година повеќе од обичните)... Најдобро консултирај се со твојот заболекар, и тој најубаво ќе ти објасни. Па ќе се одлучиш со родителите.
Носев фиксна година ипол, ме чинеше 250 евра само горна, и забите ми се исправија но, откако ја извадив постепено пак почнаа да ми се искривуваат
WhiteAngel дрскоста насочи си ја кон твоите дома, а не на некој кој самоволно сака да ти помогне и да ти објасни нешто за што си немаш поима.
Ме интересира, дали може да дојде до искривување на забите откако ќе пораснат умниците? Немам проблеми со забите, прекрасни ми се сега, меѓутоа до 7мо одделение ми беа катастрофа и последниот млечен заб го извадив во 8мо, па потоа во период од една година тотално ми се сменија - се исправија (без носење никакви протези). Но сепак ме фаќа страв да не дојде до повторно искривување после 18-19, бидејќи кога се консултирав со мојот стоматолог рече дека мојата ситуација била баш ретка, но не ми гарантираше дека не може да дојде до компликации. И, може глупаво ќе ви звучи ова прашање но морам да го поставам, пошо чудно ми звучеше - можно ли е воопшто да не израснат умниците? Ми спомнаа нестручни лица, па сакав да ве прашам..