Јас втор месец ги носам фиксните и првата недела ништо неможев да јадам цела недела супи јадев после се навикнав , денес во школо дедека јадев ми падна брикета горе од 5ка ии полудев и во петок ке идам да ми ја залепат
На сите што треба да носат протези,топло им препорачувам што побрзо да “пресечат“ и да си стават фиксна! Јас на 30год ја ставив inspire ice:ice braces. Материјалот од кој е направена е синтетички сафир кој не поприма боја(од кафе,чаеви,храна) а овозможува притисок/поместување на забите во три димензии.Значи многу ефективно се врши корекција врз забите (принципот на металните фиксни,само што овие семногу поестетки неприметливи). Истава протеза може да се намести и од внатрешната страна на вилицата, меѓутоа тоа ми бесе малку поскапа варијанта па неја земав
Протезите ги носам од 27 октомври 2015 и до сега ми нема паднато брикета. Пазете што јадете, да не биде многу тврдо и полека џвакајте. Ги вадам во март. Едвај чекам
Здраво, ќе може некој да ми каже која цена е фиксната протеза кај Др.Маргита Смилева и дали може да се плаќа на рати
Кај сите во МК цената е 15.000денари за една јас во Дента Лукс ги ставав и ако платиш во гитово имаш 2.000 денари попуст ти ја препорачувам Спец.Др Ксенија Јанкова од Дента Лукс многу сум задоволен одличен тим се.
Одма право само пред да ти ја лепат ти земаат мерка од вилицата со едно пластично и во него има едно течно како паста па за 1мин. се втрднува и идеш на лепење
Јас моите протези ги платив 400 евра, и ги носев две години. Забите ми беа доста криви, еден заб ми беше многу горе на непцето, другиот ми беше скроз позади, и едни врз други ми растеа буквално забите... Правев и операција, ми го сечеа непцето да ми извадат заб што не сакаше да излезе надвор, еден заб и ми извадија. Ама кога требаше да ја вадам, забарот ми рече да почекам барем уште еден месец, за тој забот што ми правеа операција да ми се спушти убаво доле, ама не почекав... И сега уште толку ми се врати назад. Искрено, многу повеќе си ги сакав забите со протези на нив, послатка си бев таква, дури и железната насмевка повеќе ми се свиѓаше од оваа сега.
Не носеше Мобилна или жица од позади? Мене ми рекоа дека ке треба да носам или мобилна или жица одпозади за да не се искривиле забите пофторно.
@Bojan1470 Ја носев мобилната некое време, ама искрено не забележав некое подобрување кај тој заб, зошто јас и кога ја извадив фиксната тој не ми беше потполно исправен. И после тоа напорно ми стана да ја носам, ми сметаше и прекинав, па уште толку ми се искриви. @elimkd Не, не се плаши. Ќе ти шибнат прво анестезија со инекција, е сега инекцијата малку ќе те заболи моментално, ама после ништо не осеќаш. Јас цело време се прашував кога веќе ќе почнат да ме сечат, а гледам со нешто стружат, ама јас не знаев дека е тоа тоа. Ништо не осетив буквално, дури гледав како ме шијат, а голема плашливка сум. Е вадењето на конците ме болеше малку, ама не е ништо што не може да се истрпи.
За во Штип мезнам ама за во Радовиш можеш ем близу ти е препорачувам ти Дена Лукс се наоѓа на булеварот спроти Нептун. Позз
А дали е вистина дека по ставање на фиксни протези, парите што ќе ги дадете за протези ви се враќаат назад 80% ?