Разбарав на интернет и наидов на овие, овие се исто како протези ама се вадат. Да не знае некој на македонски како се викаат и дали ги има кај нас?
Да, ги има и кај нас. Не знам како се викаат на Македонски, ама знам дека ги има кај повеќето ортодонти.
Треба да носам протези,но ги немам 6 и 7 доле лево и дали ќе имам некои проблеми сеа ако ставам протези?и колку време би требало да се носи протеза?
И јас немам заби, ми фалеа, така да ќе нема потреба да ти вадат, зависи од деформитетот колку време ќе ги носиш
I jas nemam dole levo 6ka mi ja izvadija pred da mi stavat protezite i nema problem i da nemas ke nosis nekade 2godini
Значи вака, идеш кај ортодонт и седнуваш на столче и со едно како шпатулче ставаат една смеса на неа како паста и ти го пикаат во уста, чекаат да се стврдне тоа, па после тоа ти ги полираат забите. Ќе ти ги направат како на реклама, па после тоа ти ја отвараат скроз устата со едно пластично и прво ти ги премачкува сите заби со едно плаво. Па ти ги перат забите и после тоа те мачкаат со едно друго. После со тоа светилката ти светат во уста и почнува лепењето. Кога ќе те излепат, ќе ти кажат што да не јадеш, па после ти местат жици. Си бираш боја на ластици и си идеш дома... Мене ова сето ми го направија за 1 и пол час. Устата ќе те заболи пошо цело време ќе ти биде отворена и ќе се укочиш, хаха.
@Bojan1470 поопширно не може од ова Ставањето е најмал проблем, после тоа е маката, ужасно болат, дури ги навикнеш, мене не ми рекоа ништо за јадење, се си јадам, со јаткасти плодови повнимателно, мастики никако оти ми се лепат Значи брикетите ги лепат и тоа е тоа, проблемот е ако има потреба од вадење заби, макар и тоа се средува
Ако си од Скопје или Радовиш, ти препорачувам специјалист доктор ортодонт Ксенија Јанкова (Denta Lux). Бр: 032 633 633, ѕвони, ќе те упатат кај, во Скопје или Радовиш.
Какво искуство имате со ортодонтите во државна болница на стоматологија во Скопје? Дали би ги препорачале? Споделете искуство.
Опозиционери ама искрено да ти кажам мојот заболекар ми направи вакви и воопшто не сум задоволна ,подобро е после кога ја ставаат мобилната протеза ,со опозиционерот забите како во калапче влегуваат ама као наводно нема да се вратат па еве мене ми се разделија забите имам по 1мм меѓу секој заб што страшно ме нервира
Mene dvata predni zabi mi se golemki I mnogu se napred. Kako zajko sum ama nekjam da nosam fiksni. Neznam kako da GI popravam @Teya.
@Indiegurl а зошто не сакаш фиксни? Дефинитивно се најдобриот начин за исправање или враќање на забите. Се друго ќе ти биде за џабе...
Ти сама никако нема да ги поправиш ништо страшно не е протеза фиксна, ако имаш финансии ич не се мисли Носев како дете мобилна-никаков ефект