Фиксни протези

Дискусија во 'Лице' започната од summer.girl, 15 октомври 2010.

  1. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    13.331
    Пол:
    Женски
    Па не ни осеќаш дека ги носиш. Првата недела ќе ти биде чудно само дур се навикнеш, после не ни размислуваш на тоа дека имаш протези во уста. Јас имав раздвоени кецови и носев 7-8 месеци фиксна, сега имам заби како бисери. И пак би ставила протеза ако има потреба. Не размислувај така од сам старт. И да немаш доволно финансии, барем сега има услови за рати.. Мобилна ништо нема да ти смени, особено не како проблемот кај тебе.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.271
    Пол:
    Машки
    Кaкo штo кaжa @elimkd , мoбилните не пoмaгaaт мнoгу. Тие нaјчестo се нoсaт пoсле фикснaтa некoлку месеци зa зaбите дa не се врaтaт вo првoбитнaтa пoлoжбa. И јaс сум нoсел, aмa не ми пoмoгнaa мнoгу. Мoрaв дa стaвaм фиксни.

    И дa, мoжеш и нa рaти дa ги плaќaш. Акo дoлните зaби ти се вo ред сaмo гoрнa ќе си стaвиш, oкoлу 250 еврa е. Е, сегa и прегледите мислaм декa се нaплaќaaт. Тoa ти е плус дoпoлнителен трoшoк. :|
     
    На Aleksandar1212 и elimkd им се допаѓа ова.
  3. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.307
    Пол:
    Женски
    Fala vi :) <3
     
    На Aleksandar1212, Baby-bubu, Mr. Right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. sanja.16616

    sanja.16616 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2017
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    Сакам да ве прашам во врска со правење контроли. Јас сакам да ставам фиксна за да си ги спојам предните кецови (2-3 мм. простор) ама проблемот е што на 1ви јуни патувам за Берлин и таму ќе сум 1 година. Не верувам дека ќе си доаѓам многу често, може 2-3 пати вкупно и прашањето ми е дали е ова е изводливо? На колку време се прави контрола обично?
     
  5. Cute_Girl

    Cute_Girl Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2017
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Здраво ! иначе јас носам протези и контрола се прави на секој месец!:)
     
  6. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.525
    Допаѓања:
    17.582
    Пол:
    Женски
    Официјално денес одам да ја започнам процедурата за ставање фиксни. За неколку дена ќе гиставам, се надевам. Имам проблем со горната вилица, па според зборовите последно што ги кажа ортодонтот, најверојатно ќе треба штрафови да се стават. А ќе носам на двете.

    Ме интересира само дали и од каде земате восок за премачкување на ѕидовите од устата? И нешто повеќе за одржување на хигиената од самиот почеток?
     
  7. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.025
    Допаѓања:
    48.350
    Пол:
    Женски
    Восокот го дава тој што ти ги става протезите, се останато, четка, течност за прочистување, федерчиња за чистење на брикети си ги купуваш од аптека, исто и еднаш неделно гргара со 3% хидроген :)
     
    На Aleksandar1212 и Snow-Star им се допаѓа ова.
  8. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.525
    Допаѓања:
    17.582
    Пол:
    Женски
    Да се самоцитирам, фиксна на горната вилица ставам на 23ти овој месец. Пред тоа треба да отидам до матичниот стоматолог за неколку други заба, а најверојатно ќе треба и да се вметне штрав во непцето затоа што ми е тесна вилицата. Можеби ова ќе можеше да се избегне со само-лигирачките фиксни протези, но никој во регионов не работи со овој тип на брекети, па останува да видиме до самиот крај дали има потреба од штрав или не.

    Немам страв од ништо поврзано со ова, напротив. Среќна сум што решавам долгогодишен проблем и конечно го добивам долгоочекуваниот "нов почеток".
     
    На Bojan1470 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    398
    Дали има некој искуство со др.Јулијана од Ортонова? До пред извесно време работела кај др.Даштевска во Ортодонција М.
     
  10. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.525
    Допаѓања:
    17.582
    Пол:
    Женски
    По глуп, по грозен, по мизерен ден одамна не сум имала. Не ставив и нема да ставам фиксна оваа година. Ортодонтот ме убедуваше од закажниот термин во 2 и 30 попладне, до 5 и 20, и кога виде дека не се откажувам, со коментар дека не може против природата и откажува да работи вака. Проблемот е во тоа што горе дената страна ми е крвива, а не коса линија. Целата вилица е збиена и тесна, а непцето длабоко.
    Пак сме на почеток, одиме повторно со мобилна.

    И овде е моментот кога повторно се паѓа во вода.
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.861
    Допаѓања:
    202.987
    Пол:
    Женски
    Не разбрав, каков проблем имаш, и што те убедувал ортодонтот?
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.525
    Допаѓања:
    17.582
    Пол:
    Женски
    Горната вилица ми е тесна, толку што кога зборувам изгледа како воопшто да немам заби позади, ова се зборови на ортодонтот. Освен тоа, десната стрна ми претставува крива т.е. на средина 3ка, 4ка, 5ка и 6ка делумно, образуваат полукруг навнатре. Па мора претходно да се "рашири" коската и забите колку- толку да се избуткаат пред да се стави фиксна. А и доле од десно исто, забите не оставаат простор за тие горе, па и тоа претставува проблем за друг вид интервенција.

    Има простор за поврзување на 4ките и 6ките во Х со штраф на средина, но коментарот за тоа е дека тоа е понасилно, а времеснкиот период за кој се носи овој "механизам" горе-доле се софпаѓа со периодот со носење на мобилна.
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.861
    Допаѓања:
    202.987
    Пол:
    Женски
    Уф, мака си имаш. Дефинитивно мора да се прошири вилицата за да има место за забите, за да не вадиш некој од нив. Штом ти предлага мобилен апарат веројатно си под 18 години и си во фаза кога се' уште може да се моделира коската со помала сила, бидејќи се' уште растеш. Ако имаш опција, побарај и второ мислење, ама можеби е подобро да се проба со мобилен апарат. Фиксен може да ставиш било кога, исто ќе делува, само со многу појаки сили, бидејќи со поместувањето на забите сосе корен се ремоделира коската. Не сум специјалист за оваа проблематика, ама за се' има соодветно решение.
     
    На Snow-Star му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.525
    Допаѓања:
    17.582
    Пол:
    Женски
    Во нашиот град има два ортодонта, и иако не сакам да лепам етикети, сепак сметам дека го одбрав подобриот. Има искуство затоа што претходно работела и во државната амболанта како стоматолог години претходно, а сега има своја приватна ординација како стоматолог ортодонт. А има задоволни пациенти од соседни држави кои се задоволни со апартите поставени кај неа. Ова имам прилика да го видам со свои очи кога одам кај неа, затоа си земам право да зборам. Па имам доверба во тоа што го зборува и прави. Додека во неколку наврати имав прилика да видам како работи и другиот ортодонт, и морам да кажам дека не е ниту она лоша, ама што знам, има нешто што не ми се допаѓа.
    Пишаниот пост од претходно беше пишан во афект на нервоза, затоа што планот се смени во последен момент кога брикетите беа спмени да бидат залепени.

    Кон крајот на оваа година полнам осумнаест, најверојатно затоа и толку се треудеше да ме разубеди. Се уште може да се моделира коскеното ткиво за сигурни резултати. Одби да стави директно фиксна затоа што не беше сигурна дели фиксната ќе го даде посакуваниот ефект кој треба. И предложи постепено да се проширува со мобилна протеза за 6 милиметри, а подоцна уште за 6, вкупно 12. А аномалијата не е толку тешка, колку што ја комплицираат тесните вилици и 32та заба кои ги имам, а во уста немам просотр ни за пола. Нема потреба да се спуштаат заби од озгора и нема потреба да се вадат заби.

    Благодарам за мислењето, ако не грешам од тоа што го читам на форумов и ти си стоматолог.
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.861
    Допаѓања:
    202.987
    Пол:
    Женски
    Да, стоматолог сум, ама не сум специјалист, немам детални познавања за ортодонција. Убаво би било да искористиш мобилен апарат за проширување, барем да се овозможи правилен распоред на забите. Не си единствена со тесни вилици, за жал, се' почеста е таа проблематика меѓу младите. Секако генетиката си има улога, ама меѓу другото сметам дека голем проблем е и недоволното џвакање во најраните години.
    Во секој случај, фиксна не ти бега... мобилните секако ти следуваат бесплатно на твоја возраст, искористи го тоа и биди упорна. Жената можела да ти ги намести фиксните и да ти ги земе парите и да не видиш резултат, а вака барем ќе направи се' што може за да ја подобри ситуацијата.
     
    На Snow-Star му/ѝ се допаѓа ова.
  16. resenska

    resenska Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    1.723
    Допаѓања:
    15.704
    Пол:
    Женски
    Devojki da ne ima nekoja iskustvo so ova ordinacija dali bila dobra nesto preporaka kritika ako moze da spodeli mislenje dali se dobri profedionalnii?
    20170723_233155.png
     
    На mari_sa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    162
    Здраво на сите,

    Сакам да ја пофалам мојата докторка заболекар. Се разботи за д-рката Јасмина чија ординација се наоѓа во поликлиника Идадија во Скопје. 200 евра е фиксна протеза од вилица. Жената ти објаснува што и како ќе прави пред воопшто да ти ја стави протезата. Ми се допаѓа нејзиниот пристап бидејќи не заобиколува, туку гласно и јасно ти кажува кој ти е дефектот, како ќе се санира, колку време ќе ја носиш протезата, колку ќе те чини, и плус објаснува со многу едноставен вокабулар, што за луѓе кои не се разбираат од стоматолошки термини, како мене, им станува јасно се од прва.
    Поздрав

    п.с. еве ја на фб.https://www.facebook.com/Ortodont-Dr-Jasmina-201135286697611/
     
  18. mariaamarija

    mariaamarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2015
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Имам едно прашање и многу ми е важно некој што знае да ми одговори, вака јас носев фиксни протези скоро 3 години и забите ми се сосема во ред и после тоа ми дадоа мобилна протеза која ја носам 2 месеци редовно (само за навечер) но нема да сум во можност да ја носам 5 ноќи не е со мене моментално па ме интересира дали има било каква веројатност некој заб бар малку да се измести да се врати на старо место и слично? Стварно ми е многу страв би ве замолила ако некој знае да одговори
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.861
    Допаѓања:
    202.987
    Пол:
    Женски
    Ништо нема да се случи, ќе си продолжиш да си ја носиш кога ќе се вратиш дома.
     
  20. Kitty23

    Kitty23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Не видов тема за мобилни протези па ќе напишам тука немам многу криви заби ама треба да ми се прошири вилицата фиксна не сакам и ме интересира дали може да носам мобилна затоа што имам 16 години или голема сум? :fubar: