1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фиксни протези

Дискусија во 'Лице' започната од summer.girl, 15 октомври 2010.

  1. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.598
    Допаѓања:
    17.898
    Пол:
    Женски
    Јас имам проблем со тесни вилици и криви заби, и ортодонтот пред да ми стави брикети одби и реши дека е подобро да носам мобилна за да се рашири вилицата. И моментално носам мобилна.
    Нема никаков проблем со твојата возраст, дури до 18 години мобилните апарати се бесплатни а имаш право на 3. Искористи шанса.
     
  2. Kitty23

    Kitty23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    А колку пари се обично затоа што ја носев 2 пред неколку години и сега за наредните после 3тата најверојатно би требало да плаќам:fubar:
     
  3. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.598
    Допаѓања:
    17.898
    Пол:
    Женски
    Немам информации колку чинат, и јас се уште немам полни 18 па се на фондот.
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.571
    Допаѓања:
    207.283
    Пол:
    Женски
    100 евра една.
     
  5. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    100€ za ednata vilica ili za 2 te?
    Kolku cinat fiksnite za dvete?
     
  6. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    За фиксните варираат цените над 500€.
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.571
    Допаѓања:
    207.283
    Пол:
    Женски
    Напишав дека 100 евра е еден мобилен апарат, што значи дека за двете вилици ќе биде 200 евра. Фиксните апарати се од 500 евра нагоре двете, зависи каде ги ставаш и што е вклучено во цената, но и по која техника се работи.
     
  8. Maze123

    Maze123 Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Дали некој од вас има искуство со Дентаестетика и фиксни протези, односно со д-р Елена Василевска Ѓеоргиева?
     
  9. Old Soul

    Old Soul Активен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2017
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Јас ќе ставам фиксна протеза во Дентисимо, во Драчево, презадоволна сум од докторот, така што очекувам позитивно искуство и сега. Се мислам помеѓу метална и порцеланска протеза, ама мислам дека ќе ставам порцеланска, сепак не се приметува до толку како металната. Имам 25 години и дури последнава година ми се појави искривување на еден заб, што премногу ми пречи и сакам што побрзо да го решам овој проблем. Докторот ми рече дека ќе треба најмногу една година да ја носам протезата. :D Малку ме фаќа трема, се надевам се ќе биде во ред.
     
  10. igor0

    igor0 Нов член

    Се зачлени на:
    21 септември 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Здраво, сакам да прашам доколку некој знае дали некаде во Македонија ставаат протези од внатрешната страна на вилицата и колку кошта тоа задоволство. Поздрав
     
  11. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.598
    Допаѓања:
    17.898
    Пол:
    Женски
    И јас кревам рака како личност со фиксен апарат. Од вчера официјално. Процесот на адаптација го нема. Изгледот го засакав по првиот поглед во огледало. Знаев дека ќе носам од мала, и спрема бев. Само ја промашив бојата на ластиците/гумичките, али тоа ќе го поправам за три недели кога ќе се сменат. Немам никакви проблеми при говорот. Не чуствувам никаква болка. Најверојатно сум отрпнала и нивото на толеранција на болката рипнало нагоре во меѓувреме. Поотрпната ја чуствував вилицата кога претходно ја вадев мобилната наредното утро.

    Единствено нешто што ме иритира е полнењето на просторот меѓу брикетите со храна. Погрозна глетка нема.
     
    На Valencia му/ѝ се допаѓа ова.
  12. resenska

    resenska Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    1.881
    Допаѓања:
    19.352
    Пол:
    Женски
    Kolku najdolgo vreme se nosi fiksna proteza?
     
  13. sunshine96

    sunshine96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    1 година сигурно до тогаш би требало да имаш резултат, и уште неколку месеци за стабилизација на забите.
     
    На resenska му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.598
    Допаѓања:
    17.898
    Пол:
    Женски
    Нема одредена граница, кај секој е индивидуално зависно од тоа за каква аномалија на заби станува збор.

    Јас мојата ќе ја носам 2 години со сигурност на горна вилица. Па коментарот дека се носи една година фиксна, паѓа во вода. Познавам личности кои носеле само неколку месеци и аномалијата е корегирана. И други кои носат со години.
     
  15. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.403
    Пол:
    Женски
    Треба да ставам фиксни протези,но не сум во можност одма да фрлам толку пари.дали некој знае каде и колку е на рати??
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  16. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.063
    Допаѓања:
    48.447
    Пол:
    Женски
    Јас си се договорив со докторот, секој месец му плаќав во 3.000ден плус 500денари контрола. Ствар на договор е, сепак се многу пари и ретко кој може да ги плати одеднаш
     
  17. sunshine96

    sunshine96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Година дена со сигурност мора да се носи и до тогаш се средува аномалијата , и потоа уште неколку месеци за стабилизација. А повеќе од две години тоа е премногу и нема логика, тоа е веќе неажурност на ортодонтот ;)
     
    На macka91 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.598
    Допаѓања:
    17.898
    Пол:
    Женски
    Јас тврдам дека постојат аномалии кои може да се средат со 6 месеци носење фиксна протеза, и во мојот случај, аномалии на кои им е потребно повеќе време. И има логика, да.
     
  19. sunshine96

    sunshine96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Јас не го негирам тоа дека некои аномалии можат да се средат за 6 месеци, може и за 3 месеци, но пред 1 година не е препорачливо да се вади фиксната затоа што поголема е шансата за побрзо враќање на забите во првобитната состојба. А за носење протеза ПОВЕЌЕ (не 2)од 2-3 години ви гарантирам дека нема логика. Не знам дали имате некакво познавање од стоматологија и ортодонција, ама еве јас имам и ви тврдам.
     
  20. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.598
    Допаѓања:
    17.898
    Пол:
    Женски
    Според пишаното до сега, без ова мислење и редактираното предпоследно, стои дека се носи 1 година и ни помалку ни подолго време носење нема логика. И доколку се носи подолго, се носи од "неажурност на ортодонтот".

    Јас пишав дека се зависи од аномалијата на забите на поединецот, и нема точна бројка колку време се носи. За враќе на забите после, може да се случи и после неколку години носење фиксна. Затоа се носат после мобилни, или се става специјален лепак, по вадењето.
    Па дадените гаранции и логика, немаат гаранција, ниту логика.

    Ова се знае од општа култура, не ми треба високо образование за истото.