"Година дена со сигурност се носи " ми е пишано од причина дека порано не се вади протезата, и плус неколку месеци за стабилизација, а повторно ќе потенцирам дека тоа што го имавте пишано дека некои има што носат годиништа тоа е НЕАЖУРНОСТ. А за гаранција, факт е дека нема гаранција.
Се вади фиксната пред година, и за стабилизација се става лепак или се носи мобилна протеза. "Лесна" аномалија. Неажурност е кога на случаеви како мене треба да се дорашири вилицата, да се исправат забите и да се усогласат со тие доле. Океј.
@sunshine96 фиксните апарати се носат зависно од аномалијата што треба да се коригира. Не е исто корекција на положбата на еден заб со корекција на цела вилица, т.е ширење на истата и правилно поставување на забите во неа. Секако зависи и од техниката која се применува, од возраста на пациентот како и од реакцијата (фидбекот) од страна на самиот организам. Тука не може да стане збор за неажурност ако стоматологот проценил дека треба да се носи подолго од година дена.
Повеќе од 2-3 години.... За година никој не искоментирал, познати ми се аномалиите и специфичностите и техниките...
Поќе од 3 години носев фиксна, забите се исправија и ми ставија ретејнер..и за жал пак ми се искривија...сега сум во план пак да ставам фиксна но сакам внатрешна..дали имате информација колку кошта таа протеза?
Веќе две недели на секое четкање на забите, на двете единици на брикетите има крф. Претходно никогаш не сум имала ваков проблем со забите воопшто. Наредната недела имам контролен преглед, ама сакам да слушнам мислење тука. @Annath ако може да пише како стручно лице од што би можело да дојде до крварење.
Од воспаление на непцата најверојатно. Особено затоа што носиш фиксен апарат. Потешкото одржување на орална хигиена си го прави своето. Не се сомневам дека редовно ги чистиш забите после секое јадење, можеби и користиш специјални четки, не знам, ама многу често крварењето се јавува како проблем при носење на било какви апарати и протези во устата. Не е страшно во секој случај, се додека не е премногу интензивно.
Редовно ги четкам со нормална четка за заби, а после со мала четка на лакалут, големина Ѕ, за меѓупростор меѓу забите поминувам после секој оброк. Но прв пат ми тече крв. Ма да претходно постојано имав воспалени непца пред фиксната. Користам и восок за брикетите. Поради тоа и не гледам причина за толкава иритација да дојде до крварење. Благодарам за одговарот, ќе се консултирам и со ортодонтот за да знам со сигурност да не има некој друг проблем.
Има ли некој/а ставано фиксна протеза во Ендомак? Како сте задоволни? Размислувам за ова веќе подолго време ама неможам да се решам. Нивен пациент сум и задоволна сум како ми ги поправија забите, пломбираното не се ни познава ама фиксна протеза ми е некако подолгорочен процес, нешто сосем поразлично, па да прашам за искуства..
1. Дали вреди да се стави фиксна за спојување на горните единици (1-2мм простор) и за колку време би се споиле? 2. Со која фиксна протеза не се потребни контроли секој месец? Сакам да ставам фиксна во Скопје ама проблем ми е што живеам во Германија и размислувам за опција каде би можела да одам на контроли на 2-3 месеци кога би се враќала дома. Благодарам однапред
Здраво, многу сакам да носам фиксни протези но сеуште не сум баш запознаена со цените и колку се плаќа дополнително за секој преглед? Колку време вие ги носите и како сте задоволни пред/потоа? И би сакал да ми предложите некој добар стоматолог во Скопје. Благодарам однапред.
дали некоја има овде стручно лице да ми каже дали може да ставам поротеза поради долната вилица која ми е на лево и не е право со горната и ми прави проблеми со горните заби 2 и 3,
Цената е 300е. Смена на ластици/гумички се наплаќа обично по 100 денари, на секои три недели, тогаш се и контролните прегледи. Тоа е основно, се однесува на фиксни протези со метални брикети. Така е кај мојот ортодонт, но јас не живеам во Скопје. За резултати, има веќе видиливи резултати после 3 месеци, но со оглед на тоа дека јас ќе ги носам подолг времеснки период, тоа не е ништо. Што значи, се зависи за каква аномалија станува збор и од самиот организам. Ќе додадам уште нешто, фиксните протези не се играчка и не се носат од мода. Го гледам првиот пост тука ден по ставањето на фиксната штом сум го напишала, и сега можам да кажам дека работите не се баш така розови. Еуфорија била тогаш во прашање. Увидов дека одржувањето на хигиената е тешко и комплицирано, не како што мислев порано дека никогаш нема да ми биде тешко да вметнам миење плус после секое залче. Пошто не е само едно миење плус. Пола храна ти останува закачена на брикетите, доволна за ужина меѓу оброците. А проблемите при изговор се забележуваат подоцна. Јас како што брзо зборувам, нечесто "с" е "з" или "ш" според конструкцијата и подреденоста на зборовите во реченица. Да не зборам за болки, имало моменти кога уста не можам да отворам. Па ако навистина нема потреба од фиксна протеза, и ако може на друг начин да се среди проблемот, нема потреба од дополнителни компликации.
За таков проблем ја препорачувам др Елена од Дентаест.Имав проблем со искривена и вовлечена вилица,а со тоа и искривени заби,главоболки и често укочена вилица.Најпрво работевме на вилицата со вежби,и носење на сплинт.Вчера ми ја намести и протезата,новиот Дамон систем.И навистина болки скоро и да немам за разлика од другаркиве кои кога носеа протеза првите денови мноогу ги болеше.Јас имам болки само кога јадам.Што е нормално првите денови.Цената третманот со вилицата севкупно е 15000 ден.(вежби за вилица со стапчиња од нив,сплинтот и претледите)Протезата горе и доле фул метал 80000 со можност за плакање на рати.Контролите се бесплатни освен кога ке треба да се смени жица 1000ден од жица.Или ако ја оштетиш протезата па да треба нешто. друго. Е сега имам проблем со чистењето на забиве.Ми рекоа после четкањето со четката,(ми дадоа на курапрокс четка за протеза,)да ги чистам забите измеѓу и делот меѓу протезата и забите со интердентални четки.Мене ми се раскрвавуваат непцата од тоа коа минам меѓу нив.А и неможам измеѓу секој заб да спровнам,катниците например.Незнам што да правам. Јас имам искуство го напишав погоре.Засега задоволна. @Snow-Star мислам ти имаше напишано оти протеза со самолигирачки брикети немало во регионов.Незнам дали мислеше за во твојот град,или Македонија.Оти во Ск местат такви,еве јас во Дентаест наместив такви и конкретно и мене горната вилица ке ми ја шират.
Не сум сигурна дека овде сум спомнала јавно, но точно, во овој регион не се работи со никакви други брикети освен метални. Ниту само-лигирачки, ниту бели, ниту лингвални. Металните се најкористени и најевтини. И напоменав дека не сум од Скопје претходно. Крварењето може да биде предизвикано од многу причини. Затоа треба консултација со ортодонт. Кај мене лично крварењето беше последица на иритација од силно четкање на забите. Ама јас имам историја со чуствителни непца, па со нежно и внимателно четкање се реши брзо проблемот. Плус сега ставам восок на цела вилица.
Еве овде имаш кажано дека нема ви регионов самолигирачки оротези. http://www.dentaes.mk/index.php/component/content/category/22-2013-09-09-18-22-18 Еве ти линк каде има такви,а мислам и на други места има во Ск,но др Елена од дентаест е лидер за овие протези во Мк.И не нема само метални,девојче незнам од каде тој став. Крварењето изгледа ми е оти незнам убаво да ги користам интраденталните четки си ги збуцувам во непцето
Na stomatologija, dr.Natasha Tosheska. Jas sum kaj nea. Zhenata e vrv! Cenata okolu 200 €.. ne sum sigurna
Здраво. Имам 19 години и морам да носам протези на горниот дел само. ќе можете ли да ми казете како се цените на фиксните протези и да ми препорачате добар ортодонт/ординација во Скопје? Фала однапре
Кај што живеам јас цената на протезата е 250 евра (метална) , 350 евра порцеланска и плус секој месец се плаќа 500 ден контрола.
Здраво ќе може ли да ми одговори некој ако знае.Ќе ставам протеза ама двојката од десна страна ја немам сега после долго време малку ми се спои предниот заб со тројката просторот меѓу нив е многу мал и ме интересира со носење на протезата дали убаво ќе ми се исправат забите или пак ќе ми остане дупче.