Јас знам дека се 400 евра, за 100 евра поскапи од обичнте. Ефектот велат дека е ист, единствено естетски се подобри.
Ќе ставаш заби или фиксен апарат? Ако сакаш првото, барај протетичар, ако сакаш фиксен апарат барај ортодонт. За порцеланските, поскапи се, не знам колку е цената, а за ефектот - исто е, но зависи од случајот.
Со самото носење на протезите ќе се спојат.Меѓу моите горни кецови можеше воз да помине а сега ми се споени.Нема врска порцелански или обични само естетскиот изглед е различен.Според мене подобро обични, истиот ефект е.За џабе ќе плаќаш повеќе.
Moze li nekoj da mi preporaca dobar ortodont vo Denta lux vo Skopje i dali cenata na site vidovi fiksni protezi e ista?
Здраво девојки, нова сум овде. Би сакала да ставам фиксна протеза. Ако некој знае да ми препорача добар ортодонт во Струмица.
Ај некој поупатен ако може да ми каже дали цената зависи од проблематиката на забите, или ако ортодонот одредил една цена, таа важи за сите, независно од тоа дали имаш поголема или помала аномалија на забите.
@Annath koja proteza e podobra i poefiksna metalna ili pocelanska? So koja pobrzo se ispravaa? I koja e cenata? I koja e najdobra proteza?
Не сум членката ама ќе одговорам сепак бидејќи сум носела протези.Ефектот на металната и порцеланската е ист според мене само естетскиот изглед е различен.Порцеланската скоро и да не се гледа. Нема врска која колку е добра треба да се има желба да се исправат забите.Има луѓе кои ги носат по 2 години има некои ги носат и подолго.Зависи од вилицата и забите.И кога ќе ги ставиш т.е возраста.
Какви четкички користите за чистење на забите и протезата?Мене др за измегу забите ми ги препорача curaprox,такви купив,ама многу бргу се уништуваат и треба нови а не се баш ефтини.
Ефектот е ист, јас носам порцеланска на горна вилица, а на долна вилица метална, нема разлика во тој поглед, но она што се разликува е удобноста, металнава на почетокот ми правеше рани во внатрешноста на устата ради игличките, па силикон ставав, а знае и ден денес да ми прави рани, таков проблем со порцеланскава нема. @bebaa и ефтини да купиш и скапи исто е пак се оштетуваат. Јас на почетокот оваа ја купував иако не е баш ефтина Сега купувам поефтина и ја фрлам на три недели За подобро да ги исчистиш обавезно вакво четкиче
Имаш во ДМ фин избор на интрадентални четкички. Мислам дека беа Донтодент, 99 денари чини една кесичка. Веројатно имаше нешто помалку од десет или десетина, не се сеќавам, но сигурно беа во кесичка а н во кутивче.
Порцеланската ме чинеше 350евра а металната 250евра, плус секоја контрола која се прави едбаш во месецот ме чини 500денари.