^Умниците можат мислам и после 20 години да раснат, но морат да израснат. И татко ми бил исти случај, имал многу криви заби и сами од себе му се исправиле па ден денес му се прави . Сега во твојот случај незнам што да ти кажам. Има овде доста солидни заболекарки кога ке видат ке ти пишаат
Си имам проблем Несакам ама морам (навистина морам) да носам фиксна протеза додека не е станата пострашна работата. Ми излегоа 2 те осмици на горната вилица, имам тесна вилица а широки заби и предните кецови горе ми се искривуваат навнатре Почнувам со целата процедура од понеделник ама си имам едно проблемче што многу ме мачи. Со дечко ми сме разлика скоро 10 години и неговите другари не ме сакаат многу многу. Мала сум била, а слободно можам да кажам дека сум за некои работи многу попаметна од нив, само да не ме сфатите погрешно. Страв ми е која ке биде нивната помисла кога ке ме видат со протезите, како ке изгледам јас со фиксни протези во нивно друштво, ке бидам исмејувана итн итн. Незнам како ке се соочам со тоа со оглед дека сум преосетлива. На дечко ми не му смета воопшто што јас ке носам протеза, многу ме поддржува што конечно се одлучив за фиксната и постојано ми вика дека сум луда што се замарам со овие работи, кој што ке каже, ама јас... неможам да не мислам на тоа секогаш кога ке се спомне протезата. Свесна сум дека морам да ги носам за после една година да имам многу поубава насмевка, ама ипак ме мачат овие работи Некој да ми помогне???
Mishela, секогаш постои можност кога ќе никнуваат умниците да се искриват другите заби, посебно ако нема место за самите умници. А тоа се заби кои растат подоцна во текот на животот, имаат многу малку простор за растење и многу често се случува да имаат неправилна положба. Освен тоа, многу влијае и нивната форма, ако се поголеми, можат да ги потиснат другите заби према напред и да дојде до нивно меѓусебно преклопување. Од друга страна, има и случаи кога умниците може да си останат во коската (поточно, да не добијат стимул за растење) и да не никнат воопшто. Тоа е сепак многу ретка варијанта. А исто така, може и да немаш умници, што не е ништо страшно, туку е сосема природно според теоријата за филогенетската еволуција, според која бројот на забите кај човекот се намалува. Дали имаш или немаш умници, се уврдува со рендгенска снимка (панорамска по можност). А кога ќе почнат да никнуваат, тоа е индивидуално, и зависи кога ќе добијат стимул за растење. Кај некои никнат порано, кај други подоцна. Baby.90, а ако немаш потреба од умниците, зошто не ги извадиш? Не знам како ти се поставени, дали имаш место за нив, каква им е формата, ама ако се лошо поставени и немаш место, најдобра варијанта би била да ги извадиш, наместо да носиш фиксен апарат. Не знам каква ти е ситуацијата, твојот стоматолог најдобро ќе ти каже, а што се однесува до твојот срам, воопшто да не се грижиш за тоа што ќе речат другите. И многу повозрасни лица носат фиксни апарати, па никому ништо. Ти го правиш тоа за себе, а не за другите
Бејби јас нема да те осудувам. Те разбирам и ќе ти кажам воопшто да не се грижиш за тоа. Занемарувај ги подбивањата на другарите на твојот дечко. Пример ако некој негов другар има криви заби смеј му се и ти дека му се криви а тебе дека со протезата ќе ти се исправат. Штом дечко ти не ти се смее не треба за други да ти е гајле. А и за едни подбивања зарем ќе останеш со криви заби? Кај секоја личност најскапоцена е насмевката а и најчестото нешто што се најпрво забележува. Исправи си ги забите и после кези има се од шестка до шестка.
Абе чим на дечко ти не му смета и те поддржува да ставиш што се мислиш... Неговите другари ако те зезаат за тоа стварно ќе се види колку се дораснати, и јас носам фиксна и тоа втор пат на почетокот многу ми беше чудно и многу ми беше срам али сега ич не ми е гајле да ти кажам а има такви кои ме исмеваат поради тоа Секогаш има на некој што ќе му се свиѓа и на некој што нема. А коа ке ја извадиш забите како бисери ке ти бидат така да ќе видиш дека се исплати...
Фиксна протеза Незнам дали ја има оваа тема веќе или ако ја има преместете ја или избришете ја. Денеска ставив фиксна протеза на горната вилица, забите ми одеа навнатре и мора со протеза да се извлечат. Проблемот е што докторката ми вети дека нема да се познава дека ке ставиме силиконска но кога се видов во огледало се разочарав.. почнав да плачам и да се нервирам(знам дека е за мое добро да ја носам и затоа се согласив). Тоа е затоа што немам некоја си самодоверба а ова ме докрајчи. Целосно се познава значи јас очекував ваква: Спојлер а добив ваква Спојлер само без никаква боја. Дали има некаква шанса да ми ги заменат откако веќе ми ги ставија и што може да се направи за да се маскираат најдобро што можат? Дали ќе бидат понезабележливи ако ставам гумички во боја ? Можеби звучам хистерично и сигурно не го сметате ова за проблем, но очајна сум..
Таа каква што ти сакаш е порцеланска протеза. Јас носам фиксна и тоа втор пат и сакав порцеланска која инаку е поскапа-моите рекоа нема проблем за пари стави каква сакаш. Му кажав на забарот дека сакам порцеланска и ми рече дека од неа се уништува глеќта на забите. Нормално со најдобра намера ми го кажа тоа бидејки да беше за пари ке ми ставеше порцеланска. Е сега имам една другарка која носи порцеланска и многу е чудна, само жицата и се гледа а пак не е дека не се познава дека има нешто на забите... Мењање се плашам дека нема бидејки ако сакаш да си ја смениш ке мора да платиш за порцеланската и плус за оваа бидејки треба да се одлепуваат брикетите да се вадат прстените па пак да се става порцеланската. Вака да ти кажам најубаво е да си ја носиш да ти се исправат забите, подобро некое време така отколку цел живот со никакви заби да си. И да ти кажам искрено немам ни јас незнам колку самодоверба, а уште помалку имав кога ја ставив протезата ама мн машки ми имаат кажано дека им е баш интересно женско што има протеза. И на крајот на краиштата колку само луѓе околу нас носат протеза ехее... И на 13 години и на 40. Така да немој да се нервираш без потреба Малце по самоуверена биди, и врујав брзо ке ти помине времето, кога ке ја ставиш кога ке ја извадиш
И јас ке ставам неделава фиксна каква што имаш ти, ако ти е некаква утеха, не си единствена )) И јас сакав порцеланска ама забарката ми рече дека ке доагам на 3 дена кај неа, да ми менува стакленца, зошто многу лесно се кршеле. Јас воопшто несакам д носам фиксна, ама морам, мн почнаа да ми се криват забите откако ми излегоа осмиците. Така да не се секирај, ке се навикнеш, ништо страшно. Јас ке ставам ластичиња бели да дречат )))))))
Жолти ке ти станат немој бели.. Од кока кола или некои ледени сладоледи одма ке ти сменат боја... Мислам ако сакаш ок... Јас додека носев ластичиња ставав прозирни светло плави и коа ке попримат боја се онака прозирни а сега носа споени некои незнам за што се и се мн интересна боја прозирна љиљакова со светки малце ептен убави
хахахах добро е што ми кажа и така пијам секој ден Кока кола, значи за 5 дена ке ми станеа кафеави Сакам некои интересни да ставам, ке видиме што ке ми понуди забарката Не ми се верува дека се убедив сама себе дека морам да носам фиксни
Хахахха Епа добро е тогаш, види какви има кај твојата забарка пошто јас бели кога ставив една кока кола и еден леден сладолед реинбоу и боље жолти да ставев
кога имав 13 години носев фиксна протеза ми извадија две здрави забчиња т.е. две четворки немав никакви потешкотии, дури не ни чувствував дека имам фиксна протеза во уста кога ми ја извадија, се беше супер, секое забче си имаше свое местенце, баш како што се вели-под конец
Да и кажам на Фајр нешто што гарант ќе ја утеши . Имено , вчера бев на контрола таква радосна со мисли дека ќе ми ги вадат на некои од следниве контроли и ми рече онака ладно дека најмалку до септември ќе носам , ама најверојатно до Нова година Викам зошто кога можам да направам 3 години и да ја извадам во јануари . Таа ме утеши со тоа дека некој и по 4 години носи Е ова е супер веќе нели
3 години?? Мене ми кажаа една и тоа какви ми беа забите доле катастрофа а горе по втор пат од десно на лево ги враќам...
Подобро е секогаш да се носат подолго време, за да не ти се искриват пак забите. @Dushica имаш 17 години, вилицата сеуште ти работи, затоа не ти ги вадат фиксните, за да не се вратиш еден ден и да им кажеш, мене пак ми се криви забите. Никој не сака да сфати дека ставање на фиксна протеза е мнооогу подобро околу 20 години, отколку на 15. Тебе ти ги ставиле на 14 години од прилика, затоа ке ги носиш уште. Брат ми стави фиксна на 17 години, ја извади после година ипол, и пак му се искриви едниот заб. Така да биди среќна што не те излажале и да ти ги извадат фиксните после година дена. Јас сега ке ставам на горната вилица фиксна и ми рекоа дека ке ја носам година дена, па ке видиме. Моја препорака за сите што сакаат и мораат да носат фиксни, да ги стават после 19 години. Поздрав и не се секирај, ке ти ги извадат фиксните и ке си имаш најубави заби!
Женски, помегу кецот и двојката ми се направи дупче..така поприметливо бидејки средината на горната вилица ми беше изместена па сеа ја вракаме еве на место..и ми се направи дупче од страната...дали да се јавам на докторката да ја прашам...ке се среди ли тоа ??
Секако дека со фиксната се може да се среди. Кога видов дека 3 ка израсната позади 2 ката, докторката ја донела на свое место со фиксната, сигурна сум дека за ова не треба да се секираш. Оди во понеделник за секој случај да те види.
Леле и јас треба да носам фиксна а ич несакам, но горните двојки ми се мноогу криви има ли други варијанти за исправувајне на забите без носење на фиксна? ако знае некој нека пиши ве молаам фала однапред