Нов сум на форумов и сакав ваше мислење, поради отворен загриз на горната вилица пред 3 години ставив фиксна на горните заби кај др.Горан во населба Ченто но по година ипол немаше никаков напредок и затоа решив да одам кај друг ортодонт. Отидов во Дента Лукс кај ортодонт Ксенија Јанкова, таму ставив и долна протеза и веќе 11 месеци носам ластичиња горе доле но не се гледа некој огромен напредок дали тоа се случува кај сите или само кај мене?..
Минимални видливи резултати треба да има после 3 месеци, а после 11 месеци со правилна терапија многу треба да има поголеми резултати.
Зависи која е причината за аномалијата. Не секоја аномалија и неправилност се решава со фиксен апарат.
Забите ми се топ наместени што би се рекло под конец, но изгледа јас сум премногу опседнат со нив и затоа не приметувам некој напредок..
Ако ти се забите наредени како што треба, а пак имаш отворен загриз, тогаш не е до забите, туку до коските на лицето. Тоа не се решава само со фиксен апарат.
Здраво дечки ме интересира искуство со ставање на фиксна протеза во Дента Лукс кај д-р Ксенија??...цена на протеза,прегледи и сл.
Цената е околу 30000 илјади за горна и долна протеза со можност за плаќање на рати со потпис од еден родител, контролите се од 400-600 денари зависи што менуваат. По мене се најдобриот тим во Скопје и пошироко, професионалци се во работата.
Фала ти за информација... сакам таму да ставам фиксна протеза само на горна вилица па сакав да прашам како други поминале
@Goldmen го имам истиот проблем. Што ти препорачува ортодонтот? И колку често ги носиш ластиците? Јас сакам да ја сменам ама не знам каде би одела.
Ластиците треба да ги носам цело време но јас ги носам само навечер кога спијам бидејки зборам многу смешно кога ги носам. Ортодонтот ми препорачува цело време да ги носам за да ги извадам протезите побрзо ама јас си терам по свое.
Ластиците мора да се носат цело време, освен нормално за јадење не. Се оди од најтенки кон најдебели ластици, а доколку не ги носите се одолговлекува терапијата. Го имав истиот проблем.
Јас носев лингвални и горе и долу 2 години и на крај завршив со порцелански, надворешни. Со лингвалните се одеше многу бавно и скоро без никаков резултат. Секако дека се зависи и од ортодонтот и од проблемот на забите, но мислам дека надворешните им се полесни за работа. Ги платив по 600 евра од вилица.