Фиксните протези секогаш се ставаат во двете вилици,иако ви се чини дека аномалијата е во едната вилица.Забите за да дојдат во правилен распоред и оклузија најчесто се влечат со ластички кои се поврзуваат за долна и горна вилица.Така да рачунајте на две протези.Забите треба да се сите санирани и многу битно одржување на добра хигиена,затоа што деца кои не мијат заби ,од натрупаните наслаги проблемот оди во друга насока,појава на кариозни заби. И по вадењето на фиксните се прави мобилна протеза која треба да се носи навечер,за да се зачува добиената ситуација,најмалку уште три години мада некои велат доживотно.Иначе забите знаат да се вратат во првобитната ситуација.И најчесто онаму каде се поевтини протезите контролите месечни се поскапи,а каде се поскапи негде се бесплатни или по евтини контролите,имајте во предвид минимум се носат две години.Сума сумарум коа ке пресметате се,сегде накрај излегуваат исто.
Не секогаш фиксните одат во двете вилици, доколку оклузијата е добра, а има некоја инклинација или ротација на некој заб во едната вилица, нема потреба од две фиксни. Ретенционата е препорачливо и повеќе време да се носи отколку само ноќе, затоа што е голем периодот меѓу не носење и носење на протезата. Минимум носењето на фиксна е 1 година. Со сето останато се сложувам .
Те молам наведи кои информации? Наведов многу работи,пошто ортодонција не работам за цените кажав одоко,од слушање од колеги, ве молам изјасни се која информација е неточна,???
Ретенционата по можност се носи доживотно,се носи една година фиксната но сите случаи што ги знам повторно се вратиле на старо ,зборам за пациенти кои сум ги пратила на ортодонт и нормално ги следам ,.Иначе ротации се санираат и со обична мобилна протеза,нема потреба за фрлање пари за фиксни,инклинација ???зависи на каде е инклиниран забот,ретрудиран протрудиран,зависи од ситуација,онаму каде не треба две протези се санира со мобилна.да се согласувам и по цел ден да сесе носи ретенционата но ,колешке сте виделе некој цел ден да носи протеза ? П.С.И се извинувам за лошиот краснопис телефонов сам си става зборови и сидодава
И 5 години да се носи фиксната повторно има можност да се врати на старо, нели многу фактори играат улога. Може инклинација и ротација да се санира со мобилна,но не секој сака да се измачува со мобилна, затоа го посочив тоа. А иначе да, сум видела личност што носи по цел ден буквално само за јадење не, конкретно силиконски ретејнер и тоа веќе две години. Затоа коментирам има многу исклучоци, затоа што книгата кажува едно, а во пракса е друго.
Во пракса сите случаи се враќаат без ретенциона,обично на помали дефекти и не им даваат ретенциона .Знаеш колку пациенти има што по неколку месеци по вадењето доаѓаат гневни како џабе дале пари зашто забите се вратиле.А ете поради некоја причина ретеенциони не носат.И не ми беше намерата препукување,само да дадам информации за оние на кои им треба. Поздрав и секое добро.
После подолго размислување и консултации наместив фиксни протези во Дента лукс кај др. Ксенија Јанкова. Од прв впечаток ми се допадна нејзиниот однос, работеше внимателно, многу убаво ми го објасна целиот процес, а и цените за протеза и контроли се прифатливи. Сега имам голема болка на забите, но најмногу имам проблем со жицата која ми се забива во внатрешната страна на образите. Користам восок но при јадење ми паѓа. За почеток сум задоволна, за понатаму не знам, ќе пишам искуства. Ориентационо ми кажа дека протезата не е препорачливо да се вади пред 1год. и 6 месеци. Поздрав
Toa sto imas ogromna bolka vo zabite e znak deka ti se ispravuvaat t.e. mestat. Mene prviot mesec mi se namestija skroz i imav golemi bolki prviot mesec , mesec ipol. Tie bolki traat prvite 2/3 meseci, posle zabite se zacvrstuvaat i nemas galje. Poveke nema da bides na pudinzi i cokolino Bez galje, ne e strasno proteza da nosis.Prviot mesec dva ti e neprifatliva posle ne ja ni primetuvas.
Ви се случило ли да ви е осетливо непцето на ладно кај некој заб ?Носам протеза 1год и деновиве ужасно почна да ме клука кај еден заб кога ке се напијам ладна вода.Немам ни црно кај забот ни па видлив џеб кај непцето. @teaiva , @Annath мислам вие сте заболекари,ваше мислење? На контрола сум на почеток на март,во друг град ми е др.
Можеби поради поместувањето на забите дошло до соголување на вратот на забот, кај глеќно-дентинската граница, па затоа забот станал осетлив. Земи паста за осетливи заби, Sensodyne Rapid Relief или Total Repair. Можеш и tooth mousse да земеш, одличен е за десензибилизација на осетливи заби.
Дали ви се вратија забите после носењето на фиксна протеза? ЈАс ги носам 1 и пол година и уште неколку месеци ќе ми ги ваѓаат, но страв ми е да не ми се вратат повторно