Вака сега имам го сличнио проблем како на сликата првите 5 6 напред заби ми се дбори ама и од двете страни останатите заби се паднати надолу и се навнатре, и кога се смеам глупо изгледа и од двете страни имам како празнина бидејќи забите се малку навнатре не се гледат убаво. Дали треба портеза за оваа? и колку време ќе треба да ја носам
Не се паднати забите, таква е линијата на загризот. Плус забите не се сите еднакви по големина и во должина. Нормално е така да биде, не може забите да бидат во рамна линија, со фиксната протеза не може да го промениш тоа. Ова на втората слика е постигнато со фасетки.
Мислам дека мора и тоа и тоа. Ретејнерот нон стоп се носи, а мобилната само навечер. Ама јас имам уште неколку месеци до вадење ))
Носев фиксна 1 ипол год , и по 1 месец ми се направи простор меќу забите иако постојано носев мобилна протеза. Дали знаете начин како да се затвори тој простор?
Премногу фрлени пари на нестручност. Се надевам за истите пари има подобри ординации. Едно што забележав овде е дека вработени и познаници на приватни ординации прават профили на фемина демек бараат мислење и на тој начин се рекламираат самите. Така да неможеш од секого да слушнеш мислење и да се ослонуваш на истото. И на крај секој со своето искуство, незначи ако јас сум била незадоволна дека може некој друг е задоволен. Тоа е според мене. Нафукани цени а професионалност нула. Така е во фамилијарни бизниси. Секоја чест на исклучоци. Се што е претерано ракламирано по портали и страници и на други места од лично искуство а и од споделени искуства на други НЕЧИНЕЛО. Затоа побарајте совет од познаници на места што навистина вредат и се покажале на најдобар начин. Од човек до нечовек има разлика, така и од доктор до доктор.
Не најдов тема за мобилни протези па да прашам овде. Имам 24 год, може да ми дадат таква или мора фиксна? Немам голем проблем, само еден заб ми е понапред.
Јас.Презадоволна сум, ја добив совршената насмевка благодарение на нив. @Amelia овие се ставаат доколку има помало искривување на забите.@Eveline зависи колку ти се искривени забите.Јас уште од мала носев мобилни и немаше ни 1% подобрување.На крај ставив фиксни, еве 5та година како ми се извадени.
Некој да ми каже за проѕирните протези мислење и искуства?Зошто 80% од луѓето што ги знам носат стандардни метални,затоа сакам да знам другите дали се добри?
Добри се, само што се поскапи од металните Ефектот е ист, со тоа што порцеланските убаво лежат во уста и не ми прават ранички.
Здраво, се размислувам да ставам фиксни протези, дали некој има искуство со Invisalign алајнерите? Која им е цената и дали се добри како стандардните метални?
Invisalign како бренд во Македонија го нема. Тој тип на протези се викаат алајнери и има други фирми кои ги прават кај нас, ама реално убави резултати се добиваат само на најлесните случаеви. Идеално прави заби како што може со метална протеза да се постигне речиси е невозможно со алајнери, особено ако е малку покомплициран случајот.