1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фиксни протези

Дискусија во 'Лице' започната од summer.girl, 15 октомври 2010.

  1. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.199
    Допаѓања:
    10.843
    Пол:
    Женски
    И двете. Фиксен ретејнер цел живот, мобилна до крај на раст, може и некоја година плус само навечер. Во САД мобилните ги носат 24/7, кај нас викаат само ноќе, ама во пракса се покажало дека мора и преку ден.
    Ако сакаш идеално да останат забите, само носење ретејнери. Едноставно еднаш чим носиш фиксна, цел живот си ортодонтски пациент, забите секогаш сакаат да се вратат назад, особено во пубертетот кога е најголем растот на вилиците.
     
    На Annath и Snow-Star им се допаѓа ова.
  2. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.471
    Допаѓања:
    17.433
    Пол:
    Женски
    Јас не сум во пубертет, на прагот од раните 20ти сум, дали е препорачително да носам мобилна? И до која возраст тогаш би ги носела, штом има возрасна граница?
    Кога носев мобилна како тинејџер, тие неколку дена од неделата, правилно носев и преку ден, и вечер кога спиев. Проблемот е што ќе треба да сум поредовна, а мене тоа "вади-миј, стави-миј" многу ме нервира(ше). Сега покрај фиксните, можеби нема да ми биде толкав проблем. Се надевам.

    Значи сепак ритејнер. Добро, а има шанси со него да се изместат забите? Затоа што тој се става само напред, лакот не оди скроз до крајните заби, има логика тие да почнат да се разместуваат.
    Јас вадев и заби назад, па малку ме загрижува тоа.
     
  3. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.199
    Допаѓања:
    10.843
    Пол:
    Женски
    Ништо не е 100%. Растот дали е завршен ортодонтите го одредуваат според цефалограм (снимка што ја користат при дијагноза на малоклузии), генерално е до 20-22 иако сум видела промени и малку подоцна од тоа. Ретејнерот може да биде неколку различни типа, и секој си има предности и недостатоци, затоа мобилната е втора одбрана. Колку мораш да носиш само твојот ортодонт може точно да ти каже, бидејки знае како се променил загризот во изминатиот период и колкава е шансата да имаш промени.
    Ако сакаш да немаш НИКАКВИ промени засекогаш со гаранција, тогаш треба и засекогаш да имаш и фиксен ретејнер и мобилна.
     
    На Snow-Star му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.471
    Допаѓања:
    17.433
    Пол:
    Женски
    Јасно, фала за одговорите. :)
     
  5. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    13.424
    Препорака за некој ортодонт? Ми препорачаа докторка во Козле ама се мислам затоа што ми е многу далеку.
    И како повеќе се исплати, да платам повеќе на почеток па после да не плаќам месечно на контроли, или да одам некаде каде што се плаќаат и месечните контроли?
     
  6. poppie

    poppie Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    6.496
    Незнам каде поточно живееш меѓутоа би ти ги препорачала Дента лукс во н. Лисиче, на самата раскрсница кај Џевахир зградите. За плаќање си се договараш со нив, како тебе најмногу ти одговара. Предобри се, со нормални цени и врвна услуга. Јас таму одам и многу сум задоволна.
     
    На Принцезичка1 и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  7. resenska

    resenska Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    13.651
    Пол:
    Женски
    Dr.Sonja Risteska ordinacija dental art vo karpos preporacuvam od :l: prezadovolna sum:D:rofl:
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  8. black_lover

    black_lover Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Женски носам сафирска протеза...
    Ма загрижува онај дел од немцето шо ми е вжица влезен..(под жица)
    Се уплашив да не е инфицирано нешто?
    Мислење?
     

    Прикачени фајлови:

  9. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.471
    Допаѓања:
    17.433
    Пол:
    Женски
    Според мене е храна, непцето што е повеќе цревно е воспалено, но можеби е од храната нешто или механичка повреда при џвакање на истата. Пробај да изчитиш со интердентални четки, а ако видиш дека не е храна, посети ортодонт.

    Едит: Сега погледнав дека имаш три брикети запелени на непцето/жлебина, мислам дека поради тоа меѓу забите е воспалено, можеш да замислиш каква сила дејствува само.
     
    На black_lover му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.199
    Допаѓања:
    10.843
    Пол:
    Женски
    Непцето е воспалено и хипертрофирано (пораснало до неприродна големина). Прво професионално чистење да направиш, потоа да се одржува идеална хигиена, можеби после ќе треба и папилектомија да се направи (со ласер се сече вишокот од месото). Делумно е последица на движењето на завите, ама огромно влијание има ако немаш идеална орална хигиена, што често се случува при носење на протези.
     
    На black_lover му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bejbigrl

    bejbigrl Нов член

    Се зачлени на:
    8 март 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    некој да ми препорача ординација каде не се плаќа по 500 ден за контрола и протезите да се 250е?
     
  12. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.394
    Пол:
    Женски
    Искрено не знам дали има шанси да најдеш таква.
    Јас пред некој месец разгледував ординации и кога се ќе собереш скоро од сите места сумата е 1 000е за двете.
    Треба само да видиш дали сакаш да платиш поефтино во кеш, а контроли поскапи или обратно.
    И види предлог кои ординации се добри.
     
  13. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    Носев фиксни 3 години, пред околу две години ги извадив и сега сум во ситуација да носам по вторпат.

    Дали некој имал искуство со Дамон протезите, и отприлика која им е цената? (знам само дека се поскапи од обичните)
     
  14. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    26.135
    Од 1000-1400 евра. Побрзо се исправуваат забите од обичната протеза. Отприлика 10 месеци се носат.
     
    Последна измена: 17 март 2020
    На Valencia му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.199
    Допаѓања:
    10.843
    Пол:
    Женски
    Дамон не се индицирани за секого, не дека има штета такви да носиш ама зошто да плаќаш повеќе ако го добиеш истиот резултат.
     
    На Valencia му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    Претходните ги носев нормално естететски, два искривени заба. Меѓутоа, сега е друг проблемот. Забите се прави како и кога ги извадив протезите бидејќи носам и ретејнер и мобилни навечер.
    Сега имам изместување на вилиците и од едната страна забите многу се повлекоа, се пократки и не др допираат со долните. Најверојатно поради тоа што во многу краток период ми пораснаа осмиците (сите до една). Добив препорака за ваков тип протези и морам многу добро да размислам.
     
  17. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.199
    Допаѓања:
    10.843
    Пол:
    Женски
    И за тој проблем не сум сигурна дека мора Дамон. Односот на вилиците се корегира со носење на интермаксиларни ластици и мислам дека нема значителна разлика дали ќе имаш обична или Дамон протеза. Не сум специјалист ортодонт, ама работам во ортодонтска ординација, колку што знам тие протези се препорачуваат при поголема збиеност за да се избегне вадење на заби. За се друго, не значи дека вреди да платиш повеќе. Сепак најдобро е да се консултираш на повеќе места за второ и трето мислење.
     
    На Valencia му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    Тоа е и главната цел, да не ги вадам осмиците зашто си биле на место.

    Како и да е, ти благодарам за советот!
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    44.097
    Пол:
    Женски
    По не знам кој пат ми се одлепува брикета на истиот заб и преку глава ми дојде од одење на контроли секоја недела за пак да залепи.
    Поради ситуацијава со вирусот навистина не сакам да одам бадијала кај ортодонтот, веќе непријатно ми станува секоја недела за истиот проблем да се враќа, а знам дека периодов ионака примаат само итни случаи.

    Дали ќе има проблем со забите ако чекам додека помине сето ова, па да отидам повторно?
    Одлепената брикета ми е на долната петка десно, малку е закривена кон внатрешната страна.
     
  20. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.394
    Пол:
    Женски
    Не е ништо страшно.Протезата ќе си ја врши својата функција, единствено на тој заб не.Доколку не ти пречи многу при јадење издржи до следната контрола, најмногу заради заштита од вирусот.

    Сакам мислење од некој што навистина знае, бидејќи слушнав многу претпоставки.
    Ние што носиме протези, а сега ќе прескокнеме месечна контрола поради ситуацијата со вирусот, дали протезите ќе ја вршат својата функцијата?
     
    Последна измена од модератор: 5 април 2020
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.