1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фиксни протези

Дискусија во 'Лице' започната од summer.girl, 15 октомври 2010.

  1. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.416
    Пол:
    Женски
    Имаш фиксна или мобилна? Јас кога носев фиксна често заборавав да идам месец два на преглед, не беше голем проблем, но ако сметаш дека има потреба консултирај се со забарот, да ти кажат најдобро.

    За мобилна, мене ми рекоа нема потреба, се додека редовно ја ставам ќе функционира.
     
    На Принцезичка1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.195
    Допаѓања:
    10.826
    Пол:
    Женски
    За фиксната протеза се потребни месечни контроли. Ако не се сменат елементите (жичките и ластичињата) тие ја губат ефикасноста после некое време. Значи терапијата стагнира. Се додека немаш одлепен брекет или откачена жица, ќе си продолжиш каде што си застанала кога ќе се вратиме во нормала. Промашувањето на некоја контрола не е толку страшно, ама го одолговлекува крајниот резултат. На пример ако ти рекле дека ќе завршиш за 6 месеца, а сега 3 месеца не работат и не одиш на контрола, кога ќе почнеш пак да одиш редовно, пак ќе треба 6 месеца до крајот, а не уште три. Протезата активно ги движи забите 4-8 недели (зависно од типот на протези и кои елементи моментално ги има), после тоа треба да се сменат.
     
    На Snow-Star и Принцезичка1 им се допаѓа ова.
  3. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    168
    Колку чинат ретејнерите и опозиционерите (прозирните фолии) кои се ставаат после вадење на фиксната протеза? Некој скоро да местел па да сподели инфо?
     
  4. moonbae74

    moonbae74 Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2020
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Дали треба да се извадат осмиците пред ставање на фиксна протеза?
     
  5. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.195
    Допаѓања:
    10.826
    Пол:
    Женски
    Некогаш се вадат, ама не дека мора. Зависи од ситуацијата. Ако ортодонтот ти рече дека треба да се извадат, најдобро е тоа да се направи за да не пречи во терапијата.
     
    На resenska му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Јас вчера бев на контролен преглед, и се надевам дека нема да се повтори уште еднаш сличен лимбо период до крај. Го чекам денот кога се ќе се среди и ќе ги извадам оти веќе после толку време ми доаѓаат во повеќе.

    На сам влез дезинфицираш обувки и раце, внатре освен еден човек повеќе не се пуштаат да влезат, инаку целиот процес беше најнормален.
     
  7. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.096
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам дали во сите случаи кога се носи протеза се ставаат ластичиња и после колку време ги ставаат всушност? Ги носам од ноември и уште ништо такво не ми ставија, а од сите познаници што носеа фиксни протези слушав дека им ставале ластичиња, па често одеа да им ги менуваат, кај мене досега немало вакво нешто. :?:
     
  8. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.195
    Допаѓања:
    10.826
    Пол:
    Женски
    Не носат сите, ама повеќето да. Зависи од аномалијата, има различни ластици за различна функција, за некои проблеми доволна е протезата и не треба ластици. А и не се носат на почетокот, можно е и само последните месеци да носиш.
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    1.479
    Девојки да не има некој информација колку чинат овие проѕирниве протези be invisible и дали навистина имаат ефект?
     
    На CocoChannel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    26.132
    Во Штип се 800 евра. Мислам дека имаат помал ефект од металните (повеќе време ќе се носат), и полесно се вадат брикетките (повеќе треба да ги пазеш).
     
  11. PrettyDramaQueen

    PrettyDramaQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2016
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    4.192
    Пол:
    Женски
    Пиши им во порака на инстаграм, даваат одговор, но и они не може да дадат точна цена без да те видат, затоа што нивниот метод е таков да се изработуваат нови навлаки на одреден период (две / три недели), за така да се движат забите, па треба да се има во предвид твојот проблем. За ефект исто така би требало да зависи од тоа каков проблем имаш, најдобро појди на консултација кај нив ќе ти објаснат се.

    За порцеланските протези е твојот одговор, но не е точен, порцеланските протези имаат ист ефект како и металните, и не е точно тоа дека се одлепуваат полесно. Многу е важно колку твојот ортодонт е стручен (ако се стави посилна жица порано од тоа што треба, од притисок може да се одлепи брикета) и користи добри материјали при работа.

    Исто така некоја членка погоре спомна дека со вакви протези не се коригирал загризот, затоа што можеле да се скршат ако се стават ластичиња на нив, што и тоа не е точно, во мојот третман беа потребни ластичиња, кои ги носев на 3јки, 4ки, за да ми се спуштат некои заби, и ластичиња за загризот, и ништо ми се нема скршено, а резултатите се одлични.

    Една година носам вакви протези и до сега ми се нема одлепено буквално ниту една брикета, а и наскоро треба да ги извадам.

    Така ако некоја членка се двоуми за ефектите од порцеланските протези, многу поважно е да направи правилен избор на ортодонт, ефектите ќе бидат исти како и кај порцелански.
     
    На Spidy и Stephen Amell им се допаѓа ова.
  12. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    26.132
    Зависи исто колку се искривени забите. Со сестра ми одиме кај ист ортодонт, кај неа секој месец се одлепуваат по 3-4 брикетки, кај мене ниту еднаш како ги носам (ги ставивме во исто време).
     
    На PrettyDramaQueen му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.195
    Допаѓања:
    10.826
    Пол:
    Женски
    Има влијание и колку внимавате. Брекети најмногу се одлепуваат при јадење потврда храна или преголеми залци, тоа е причина број 1. Има значење и забите колку се криви, ама тоа е краток период, како се исправаат ќе се одлепуваат помалку или ич ако е тоа причината.
     
    На Stephen Amell му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    26.132
    Кога ќе ја извадам фиксната протеза, дали треба да платам за мобилната? Или мобилната е вклучена во цената за фиксната протеза?
     
  15. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.195
    Допаѓања:
    10.826
    Пол:
    Женски
    Најчесто не е вклучена, ама да си прашаш кај твојот ортодонт.
     
    На Stephen Amell му/ѝ се допаѓа ова.
  16. *Ива

    *Ива Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае колку чинат Be invisible протезите како фолии што се?
     
  17. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.195
    Допаѓања:
    10.826
    Пол:
    Женски
    Зависи колку треба да се корегира. Тие се носат во серии. Ако ти треба 6 серии ќе чини помалку отколку ако ти требаат 10 или 20 серии. Мислам дека почнуваат од околу 600е за најлесните случаи, па до 1500е за потешките. Ама најдобро да одиш на консултација, зошто без да те види специјалист, не може да знаеш дали воопшто си кандидат за таква терапија.
     
    На *Ива му/ѝ се допаѓа ова.
  18. helen91

    helen91 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас сум од Бугарија и жал ми е што не можете да разберете што пишувам. Имам 23 години и решив да носам фиксни протези. Во Бугарија ми беа понудени обични метални фиксни протези по цена од 2000е. Јас имам колеџ на универзитет кој е од Македонија и таа ми рече дека е многу поевтино а лекарите се одлични професионалци.
    Beе бидам многу благодарен ако препорачате ортодонт кој работи без вадење заби и кој многу ретко ги отстранува забите во својата пракса. Знам дека е оценето од случај до случај, но отидов на консултација, каде ми беше кажано дека морав да извлечам 4 заби, а друг - без извлекување.
    Јас исто така ќе бидам благодарен ако ги споделите цените. Благодарам однапред!
     
  19. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Планирам да ставам од обичните метални протези, па ме интересира колку се во Дента лукс и колку се плаќа за месечна контрола?
    И некој со искуство со нив би било добредојдено. :)
     
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.691
    Пол:
    Женски
    Можеш само да побараш второ мислење.Може има причина зашто ти рекол да ги извадиш забите.
    Знам дека ако имаш 8ци треба да се извадат или 8ците или 4ките за да не ти се набијат забите со протезите.
    @Annath @Spidy ?
     
    На helen91 му/ѝ се допаѓа ова.