4ки се вадат кога многу се збиени забите, да се направи место за да се наредат. 8ци се вадат пред да никнат за да не направат проблем при никнување, или ако никнат многу криви и затоа не се функционални. Има пациенти кај кои мора да се вадат и двете, не значи дека ако си вадел 4ки, не треба да вадиш 8ци. За секого се одлучува индивидуално. Дечкото погоре најверојатно е граничен случај, чим на едно место му рекле да вади заби а на друго не. Во тој случај многу е битно правилно да се одреди терапија зошто може да се наредат забите со протеза, ама да не изгледа добро на крај естетски (во смисла многу напред да му отидат предните заби, ако требало да извади заби, а не ги извадил).
Моментално носам фиксни протези од кај нив.Цената на една протеза е 12.000, а месечна контрола 500денари. Ако сакаш на рати секој месец плаќаш по 1.000денари од протеза. Искрено јас сум многу задоволна од нивниот однос и работа и би ти ги препорачала.
Размислувам да отстранам 8s бидејќи кривите пораснаа, но не сум сигурен дека сакам да отстранам 4s. Јас сум многу кукавички и не знам дали ќе можам да отстранам 8 цели заби. Затоа се надевам и барам лекар кој во својата пракса претпочита да работи без вадење заби. Но, на крајот, ако експертите ми кажат дека не постои друг начин да се постигне убава насмевка, ќе се каам. Размислувам да отстранам 8s бидејќи кривите пораснаа, но не сум сигурен дека сакам да отстранам. Јас сум многу кукавички и не знам дали ќе можам да отстранам 8 цели заби. Затоа се надевам и барам лекар кој во својата пракса претпочита да работи без вадење заби. Но, на крајот, ако експертите ми кажат дека не постои друг начин да се постигне убава насмевка, ќе се каам. Ви благодарам за одговорот. Можете ли да ми препорачате ортодонти и да ми кажете приближни цени на различни типови фиксни протези? Bookе закажам консултација на најмалку две места за да видам каков третман ќе ми понудат. Ви благодарам уште еднаш! Ви благодарам за одговорот. Можете ли да ми препорачате ортодонти и да ми кажете приближни цени на различни типови фиксни протези? Bookе закажам консултација на најмалку две места за да видам каков третман ќе ми понудат. Ви благодарам уште еднаш!
Има некоја носено од тие невидливите протези invisalign и дали сте задоволни? Ластичиња се носат ако има проблеми со загризот, горен или долен. Се ставаат во фаза кога се исправени сите заби и следна цел е да се корегира загризот Истото ме интересира, ако знае некоја од вас девојки известете ме
а јас сега што да правам кога ги извадив двете горни 4ки и 8ци но местото не ми се пополни. Носев фиксна 3 години ми ја извади а местото остана празно. Платов 500 еу за долна и горна фиксна протеза. Се личам на штрбава баба
Не треба да е така. Ако на крај не ти се затвори просторот од извадените 4ки, не е добро завршена терапијата, можеби и не требало да се извадат. И три години е долг период за носење протези, освен ако не си бил многу тежок случај за решавање. Во секој случај сега назад нема. И не би требало ова толку да значи, ама 500е за две протези е малку пари. Јас толку пари платив за фиксни протези пред 15 години, реално треба да е многу поскапо сега, ама протези става веќе и кој што треба и кој што не треба. Знам дека звучи како голема сума, ама 500 евра за неколку годишна терапија и доживотно решение на аномалија е ефтино.
@Spidy @Annath кон крајот на Јануари ставив протези, метални. Одев често на контрола. И вчера исто така. Но ме замисли вчерашното мислење на ортодонтката па мислам да ве прашам и вас за мислење. Ми рече дека постои голема веројатност да ми ги тргне протезите во Септември, па ќе ставам нешто навлаки за да се пополни сето она што недостига. Исто така ми спомна дека е многу задоволна од терапијата, загризот бил супер, забите биле справени, порано ми се гледаше само жлебината, сега не. Нели е брзо вадењето од Јануари па во Септември отстранување? Колку што знам од година до година ипол се носат а некои и повеќе време. Инаку осеќам и јас промени ама.. нешто не ми штима за пребрзо тргање.
Од мое искуство, најбрзо што сум видела да се извади протеза е за 16 месеци. И тоа било прилично лесен случај. Пократко од тоа се ваделе протезите само на барање на пациентот (ако се сели од државата или едноставно не сака да носи повеќе,ама третманот не бил завршен). Просечно се носи година ипол до две. Инаку има случаи каде откако ќе се наредат забите, сепак остануваат мали простори меѓу предните заби. Тоа се случува ако големината на забите е помала иако загризот е добар. Дали пред да ставиш протеза ти кажале дека на крај ќе треба навлаки и дали ти фалат некои заби?
Ми фалат некои заби, и горе и долу. Инаку да, ми кажаа уште на старт дека ќе ми ставаат кога ќе ги извадат. Кај мене не беа многу криви, само наназад и како се гледам има ептен промена.
Тогаш кај тебе ортодонтската терапија била само припрема за протетика, логично е да трае пократко затоа што фините детали се средуваат со навлаките. Ако се секираш, секогаш можеш да одиш на второ мислење, ама има смисла да не носиш долго фиксна протеза.
Ако веќе знаеш со сигурност дека ќе треба да носиш и на двете вилици за да се корегира аномалија, подобро ќе биде да ставиш и на двете вилици заедно. Инаку за можење, може само на една.
Вчера ставив фискна протеза и сега забите многу ме болат. Што би можело да испијам за да помине болката и ќе трае ли многу болката?
Не би требало да трае повеќе од три дена. Обично боли првите денови после ставањето и после првите неколку контроли. Слободно напиј се апче за болка, аналгин, кафетин, аспирин, што ти врши работа тоа.
Zdravo da prasam za iskustvo so retejner dali ima nekoj staveno i dali zabite ostanuvaat kako sto bile Nosev fiksna 3 godini koga ja izvadiv mi dade da nosam mobilna iako celo vreme ja nosev zabite pak mi se iskrivia. Sega nosam pak fiksna skoro 6 godini i mi e strav da ne se iskrivat pa a zabarkata ne saka da mi stavi retejner. Voopsto ne sum zadovolna od nea.. Sovet?