Ме интересира за оние протези кои не се гледаат не знам точно како се викаат знам има сафирни ама не знам дали се тие. Или некоја друга опција но да се ефикасни. Ме интересира така до која цена се и колку време одприлика се носат конкрерно за длабок загриз
Супер тогаш зашто сум зборела со неколку луѓе и ми кажувале дека вкупно платиле 1300-1500 евра. Тоа според мене е премногу. Те молам предложи ми ортодонт доколку си задоволна од некој.
Damon протезите се околу 1300-1500, бидејќи бргу ги исправуваат забите. Обичните метални се 500. Јас ги ставав во Штип, ако ти е блиску, ќе ти пишам порака.
Сафирните протези се исти како обичните, само место од метал се изработени од бел материјал и се користат бели жици за да помалку се приметуваат. Функцијата им е иста како обичните, поскапи се само заради бојата. Длабок загриз секако е поспецифична аномалија за решавање, но се решава на ист начин без разлика дали имаш метална или сафирна протеза.
Знае ли некој дали работи Ортодонција М и ако не, има ли некој предлог за добар (ама стварно добар) ортодонт во околината на Аеродром?
Здраво. Имате ли искуство со исправање згужвани заби и добивање полна насмевка БЕЗ вадење на заби? Од тоа што имам читано, Damon протезите овозмозможуваат таков третман, или алтернативно може да се потсигне со апарати за експанзија на вилици (оние palatal expanders). Знам дека е можно да се постигне прекрасен ефект без екстракции, гледам по интернет дека ортодонти ширум светот го прават тоа. За охрабрување би сакала да прочитам за искуство кај нашиве ортодонти - кому би можела да му верувам професионално да изведе такво нешто и искуство ако има некој со ова Ако знаете ортодонт/третман, препорачајте (пишете и цена ако знаете - нека биде поскапо, само нека биде квалитетно). Благодарам.
Дамон не е за секого. Да, дава широка насмевка, ама ако имаш поголеми заби а помала вилица, и реално треба да вадиш заби, ако не ги извадиш на крај на терапија ќе ти бидат истурени забите нанапред како на коњ. Дамон помага ако си граничен случај. Битното е да ти дадат прво точна дијагноза, зошто тука се прават грешките. Ако правилно се процени дачи треба или не треба да се вадат заби, убав резултат може да имаш и со обична протеза. А палатиналните експандери се користат при тесна вилица, најдобро во период на раст. Кај возрасни имаат релативно слаб ефект и со нивна употреба не гарантира дека нема пак да треба да се вадат заби. Моја препорака ти е да одиш на консултација на повеќе места. Сама ќе видиш прво како ќе те дијагностицираат. Си има снимки и анализи кои се прават за да се добие точна дијагноза, а не само на памет или само со гледање во уста да ти кажат дека треба Дамон да носиш, само затоа што е дупло поскап од обичната протеза.
Здраво. Можеби глупаво е прашањевоо , прв пат ставив протези пред 3-4 дена и сакав да прашам дали може сама да си ја изместиш жицата несакајќи? Дека мн ме гребе позади и си ставам восок и бидејќи притискам позади додека го ставам дали можее да ја извиткам на тоа место?
Препорачливо е да ја свиткаш ако крајче стрчи, во спротивно ќе ти направи рана, восокот на страна. Пробај со прсти, ако нема ефект пробај со чупалица да фатиш и да свиткаш, ама внимателно. И тоа не е изместување, свиткувањето мислам, ама можеш да ја вратиш жицата напред ако ја придвижиш во погрешна насока при тегнењето, а тоа не е препорачливо. Нема да биде голем проблем, кога ќе идеш на контрола ортодонтот ќе го стегне лакот, ама сепак внимавај на тоа.
Здраво, сакав да прашам дали оние малите четчиња за чистење на протезите за под жицата, треба после една употреба да се менуваат или може подолго време да се користат?
@mimi333 без разлика како се изместила гледај да ти ја свиткаат. Имав многу неубаво искуство со рана во уста, ептен искрварив и плус не бев во Македонија. Среќа имав луѓе до мене и не бев сама. @Zamislenata мислиш на четките со вдлабнатина, дури ги миеш забите?
Не, нема зошто да ги фрлаш после едно миење интерденталните. Ги фрлаш исто како нормална четка, кога ќе се појават проблеми со влакната.