Ортодонтот ми даде да носам ластици за загриз, ама од тогаш мислам дека ми е воспалена внатрешната страна на устата, дали е можно да сум алергична? Од тогаш наваму, се што јадам, ме пече. А морам да ги носам цело време (освен кога јадам).
Тоа се афти. Не се плаши, се појавува кај секој што носи фиксни и јас имав. Од аптека или докторот нека ти даде хидроген и прави гаргара, јас тоа користев за афтите. Ти го читам коментарот и очекував да прочитам за болката од ластиците, снемав здив одма се потсетив како ми беше....ама за друго било
Здраво, има ли некој искуство со Lingual braces и дали тој знае која е нивната цена? Благодарам однапред!
Zavisi od ordinaciite, ortodontite, kvalitetot, vo Dental art se porcelanski 400 evra od vilica, a safirni 500 evra, ali spored mene podobri se porcelanski, vo drugi ordinacii mozda ima i poeftino pozz
Здраво. Имам 15 години и пред 4 месеци ставив фиксна протеза. Само горна, но треба да носам и долна. Првите 2 месеци се беше океј, но третиот месец 2ката многу ми се оддалечи. Имам голем простор меѓу двојката и кецот. Ме фаќа страв. Бев на контрола ми рекоа дека не е ништо страшно. 2ките ми се малку ситни поточно мали и можеби затоа. Докторката кога кажа дека може да се среди со корекции и пломби јас уште толку се уплашив. Многу сум загрижена.
Кратко време носиш, али за да ти се наредат забите како што треба, пред тоа треба да се разместат неколку пати. Сепак, се' зависи од аномалијата. И од ортодонтот. Просторот би требало да може да се пополни со местењето на забите, какви пломби. Лично сум извадила 3 заба и немам никакви дупки. Но сепак се зависи од случајот. Ако немаш доверба во ортодонтот не требало да ставиш протеза таму. И секогаш можеш да се консултираш со друг.
Постојат три вида на фиксни протези: -метални (стандардни што ги носат скоро сите); -лингвални (внатрешни); -проѕирни (тие што се како бисерчиња). Цените зависат од ординациите. Обично металните се 250е, лингвалните 300е и проѕирните 350е.
Истово е и кај мене, двојките ми се ептен ситни од другите. Овој месец и мене треба да ми ставаат фиксни протези па заболекарот ми кажа дека тек после откако ќе ми ги извадат, тогаш ќе ми прави и мене корекции и пломби на двојките и ми рече да не се секирам дека ми се многу мали и ситни, тоа се ќе се среди.
Колку и да ти се мали, тие цело време биле таму. А има и други заби со кои да се работи. Не сум доктор, и се зависи од случајот и стручноста на специјалистот, ама сигурна сум дека има начин без никакви надградби на заби, со пломби или било што друго, да се пополни просторот. По некоја логика. Ако нема никаква разврска во блиска иднина, побарај второ мислење.
Дали е подобро одеднаш горна и долна фиксна протеза или посебно носење на едната па другата? п.с. не сум упатена воопшто. Кога и зошто се носат ластици? а што се случува кпга вилицата долна, ,,забегува,, на лево ?