Јас прво ја ставив горната протеза, а по еден месец и долната протеза.Во тој месец имав време да ја надминам болката при јадење, зборење и смеење.Најдобро ти е да ги ставиш така. Ластичиња се носат кога немаш правилен загриз.Во твојот случај ќе мора да носиш ластици.
Здраво, ако може некој со сафирни протези да сподели искуствo, колку е цената , кај кој ортодонт итн.. Фала
Ме интересира како се движат цените на фиксните протези. Кај ортодонтката што бевме ни кажа 600€ и за двете вилици. Прашав кај неколку ортодонтски ординации на фејзбук ама не ми кажаа, требало прво преглед а мене ме интересираше само цената.
Отприлика сегде се по 600евра, ама има неколку варијанти.Пример платиш 200е и кога ќе ги извадиш уште 100е, а можеш и секој месец на рати по 2 000 денари.
Препорачајте ми ординација во Скопје од која сте задоволни, конкретно за порцелански или сафирни протези. Ви благодарам
Фала ти за брзиот одговор. Те молам ако не ти е проблем да ми пишеш цени. Знам дека се движат околу 400-500евра по вилица ама не знам дали е сеуште таа цена.
Здраво дали може да ми каже некој која црна се внатрешните протези само горна, колку вррмр се носат и кога има резултат?
Kako jas znam vnatresnite lingvalni protezi se 60 000 denari za edna vilica, se nosat do 2 godini, pocetni rezultati se vidlivi treti mesec od pocetok na nosenje pozz
Цената на една внатрешна протеза е 24.000 денари. Не можеме да ти кажеме колку време ќе ги носиш тоа зависи од моменталната состојба на забите, а инаку после секој месец имаш мал резултат.
Здраво дечки, пред 3 години ставив фиксна протеза и доле и горе само поради кецовите што беа малку искривени, воопшто не сум задоволна кога се гледам на камера забите се премногу криви исто како да не сум носела протеза и горната вилица оди на лево, на месечните контроли тоа и го кажувам на докторката и 3 години ме убедува дека е добро и дека ќе се среди, решив да побарам второ мислење, па препорачајте ми ортодонт од кој сте задоволни кој може да ми помогне за брзо и дали има некој со сличен проблем ?
Д-р Џибунова, на клиника. Заб ми се нема помрднато, сите ми се по ред наредени, а забите ми беа многу лошо распоредени. Скоро 10 години како ја имам извадено, мислеа дека имам порцелани ставано.
Здраво ,дали некој студира ортодонција или е ортодонт,сакам да прашам имам нормална оклузија прва класа со длабок загриз overbite i overjet од 5мм ,исто така имам носено фиксна протеза и ластици пред 2 години,забите ми се исправени ,но загризот не ми е поправен. Мислење и што треба да носам за да ми се поправи загризот ?
Вчера ми ставија фиксна протеза на горната вилица. Си знаев дека ќе ме болат забите ама мора да се истрпи. Едната двојка одсекогаш ми била осетлива на студено кога ќе излезев навечер ама и тоа не ми беше некој голем проблем. И сега она највеќе ме боли а и приметив дека почнала да се клати малку па ме фати паника. Дали е нормално?