Сосема е нормално, не се грижи... Мора да се истрпи болката, сепак е туѓо тело и на устата и треба време да се привикне. За околу 3-4 дена ќе помине... Колку е постара коската, малку повеќе боли. Јас носев на 12 години и тогаш болеше ама сега се сеќавам како низ магла само упорно
Не се секирај, со фиксна можат да ти изротираат заб за 360 степени, затоа малку се клатат. И јас еднаш така испаничив ама твојот ортодонт направил проценка на твоите заби пред да ти стави фиксна и сигурно проценил дека може да издржат фиксна
Не може да имаш загриз прва класа и оверџет 5мм. Значи тебе забите ти се нивелирани само, а загризот воопшто не ти е добар, најверојатно е комплетна втора класа па затоа мислиш дека бочно е добро. Загризот може да се корегира со Carriere, Forsus или фиксна и ластици. Мораш да одиш на преглед кај ортодонт.
Загризот само со фиксна и ластици. Мене барем тоа така ми се среди. Но сепак зависи. Пример кај мене загризот е подлабок и нон стоп ставам пломби од што ми се ронат од петката па наназад. Нормално е донекаде и ист да ти остане..сепак фиксната протеза не е нешто магично што ќе ти го реши секој проблем. Побарај и друго мислење, менувај заболекар ако гледаш дека не ти одговара.
Какви искуства имате после вадење на фиксните протези? Мене ми се извадени неколку месеци и до сега ми се немаат изместено забите, но најголем дел од времето ги носам пластичните протези. После колку време од вадење на протезите можам да започнам со намалување на носење на мобилните без да имам негативен ефект?
Три години после фиксните, се уште носам мобилни при спиење. Претходниве месеци почнав да практикувам еднаш во неделата да не ги носам. Чувствувам дека не се забите како што беа кога ја извадив фиксната, ама тоа е. Не ти кажа ортодонтот како да постапиш? Мислам на почеток се носеа повеќе часа, па постепено се намалува. Зависи и нели за што си ги носела и колку долго
Најдобро знам дека е засекогаш да се носат при спиење. Ортодонтот ми рече на почеток да ги вадам само за јадење.
Па мислам дека зависи и до забите колку се искривени. Мене ми зема ортодонтката 12.500 за една вилица, на сестра и на другарка и беше земала 18.000 а пак на другар 16.000. Ама просечно мислам дека е околу 15.000 за една вилица.
Мене на клиника, ми земаа околу 12 500. Околу 250 ден беше секоја месечна контрола. Еднаш ми менуваа жица и тоа беше околу 400 денари. Ако падне брикета и ја изгубиш 1000 ден се доплаќа за нова. Искрено оди државно, но инсистирај да ти пломбираат жица позади предните заби, откако ќе ја извадиш. Јас ја носев фиксната на 14-15 години, уште ми немаа израснато умници. Ја извадив по година ипол, ми дадоа мобилна да ја носам 4 саати на ден и навечер дур спијам. Ама беше од онаквите со пластично јазиче мобилни, што другиот свет веќе не ги користи и има заборавено дека постојат. Ме правеа болна и настината, бидејќи навечер морав со отворена уста да спијам ради мобилната. После неколку месеци мачење, почнаа умници да растат. И ми ги избутаа нанапред забите пак. Така да џабе беа тие пари.
Предлог ортодонти низ скопјево кој прават протези,а да не се изгор скапи(пошто читајќи гледам доста има разлики во цена од едно до друго место)