Дали знаете некоја ординација што соработува со фондот за ставање на фиксни протези или тоа важи само за деца до 18г, и предлог за ортодонти/ординации низ Скопје што не се многу скапи, цениви се направени астрономски
Фондот не ги покрива фиксните апарати, тие секаде одат приватно. На товар на фонд се само мобилните протези, и тоа до 18 години, после се плаќаат. Најефтини фиксни апарати мислам дека има на клиника, ама не знам, не сум сигурна.
Гледам пишуваат 16.000, 18.000, 15.000, епа јас планирам да ставам деновиве во Denta Lux 12.000 од вилица 15.000 ако е на рати
Здраво Имам носено 4 години протези ги имам извадено пред 10 години долните кецови ми се искривија горе ми се океј . По вашите искуства што ги прочитав тука заради загризот можно е да треба да мора и горе и доле пак да ставам или не ?
Приватно 12.000 - 15.000 мкд, каде што одам јас. Дента Лукс нас.Лисиче Јас одам во дента лукс. Нема да згрешиш
Здраво, да ве прашам вие што ги извадовте фиксните протези, дали некоја од вас носи позиционер (не мобилна протеза) и која е цената на еден позиционер за една вилица?
Здраво Да ти одговорам на прашањето. Јас носам позиционер за заби и зашто требаше за двете вилици ми наплати 3000ден,што значи за една вилицата би требало да е по логика 1500ден..Но колку што знам јас секогаш препорачуваат за двете вилици.Поздрав
Прашав за една зошто само горна протеза носам, но ќе се консултирам со ортодонтот секако само ме интересираше цена Фала ти многу за одговорот Позз
Да може и само за горе ќе ти треба, јас носев на двете вилици фиксни затоа. .на почетокот кога ја извадив фиксната носев ретејнери(и тие се слична цена ко позиционерот колку што се секавам)4ипол години и сеа последнава 1ипол позиционер(само навечер преку една ноќ) и забите навистина ми останаа убави и воопшто не се поместија...Поздрав
Воопшто не сум за реклама, спротивно многу темелно ги проучувам сите постапки што ги правам, а особено некои со кои што ќе треба да живеам година две. Најевтина верзија ми испадна дента лукс според моите калкулации, ама еве покасно дознав дека во другите ординации месечните прегледи не се плаќаат, а овде се по 500. Пробав само да помогнам на некои што се размислува и бара и немам допирна точка со дента лукс. Ако си до 18 години фондот ја покрива и не плаќаш ништо, памтам носев поодамна, ама читам и сега исто
Здраво, ќе ставам протези во среда па имам неколку прашања. Забите ми се ектремно искиривени па се мислам дали тоа ќе има улога во колку ќе боли. Исто така дали ќе ми биде проблем бричењето, бидејки ако не се избричам недела дена ќе бидам како поп хахах. Јас ќе ставам во Јане Сандански кај докторот Дејан па ако имал некој некое искуство нека ми каже.
Кај мене болката беше поголема кај кривите заби. Секако, не е болка што неможеш да ја истрпиш. И мислам дека не треба да ти претставува проблем бричењето.
Денес бев на контрола за протезата и ми закажаа за недела дена и за на долната вилица да ми стави ортодонтката. Ама нешто спомна и за ластици, па ме интересира како се носат тие?
Се носат горе на 3 ка и се поврзува доле на 6 ка или обратно зависи дали вилицата треба да се помести навнатре или нанадвор.Се носат за загризот и се вадат за јадење.