Здраво, ми ставиа вчера протези и еве сега втор ден ми е а не чуствувам никаква болка. Забите ми се искривени многу. Дали функционираат?
Не мора да значи дека ако не боли, не функционира. Јас чувствував болка и непријатност првите недели, но потоа по секое затегнување на жиците ништо, а сепак гледам позитивни промени. Имаш среќа ако не чувствуваш болка.
Тоа кај секого е индивидуално. Јас имав големи болки откако ми ја ставија протезата, и еве во вторникот ми ја затегнаа и сеуште ме болат забите. Можеби после првата контрола ќе почувствуваш болка оти ќе ја затегнат ама и не мора да значи. Кај секого е различно.
Здраво Имам носено протези 3 години, но сепак после 2 години не сум задоволна од резултатот а воедно има и промени кои навистина ми пречат. Размислувам за повторно ставање на протези но овој пат од проѕирните. Доколку можете да ми пишете ваше искуство со цените како и мислење за ординациите Denta Lux и In Dent Family во Скопје или предлог друга ординација? Фала
Ми се одлепи последната брикета на долната вилица ама жицата си стои залепена. Мислам дека нема да ми смета. Дали можам да почекам до следната контрола? Некаде во средината на април ми кажа ортодонтката.
Денес ми стави ластици, а мислев ќе се спасам од нив. Ми даде паковче за да ги менувам сама, но заборавив да прашам дали се вадат пред јадење или не? И на кој начин е најдобро да ги наместам, ми е страв да не ги скинам.
Здраво, предлог за добра ординација за ставање ма фиксни протези? Се мислев денталукс прочитав добри мислења за нив а и цените им се поефтини, но прегледот се плаќал 1000ден, така што поскапо ќе излезе ♀️.
Се вадат пред јадење, после миеш заби и ги ставаш пак. Нема да ги скинеш, не се сеќирај. Не ти покажа како да ги наместиш? Ако носеш сега, види на кој заб ги има ставено. Мора над или под брикетката, да има како мало право желевце. Лесно се местат.
Здраво девојки, конечно се решив (собрав храброст) и денес ставив фиксни протези. Ги ставив во дента лукс, воглавно сум задоволна од работата посебно на девојката што и помагаше на докторката префина, културна немам збор. Докторката реално малку ми оди на нерви со таквото лизна мазна понашање али убаво и внимателно работи. За понатаму ќе видиме како ќе се покажат. Инакуу ставив обични метални протези, на самите брикетки има како мали топчиња во боја на некој зелени,розеви, портокалови..Дали тие ќе паднат со миење на забите или ќе останат? Многу грдо ми личат така шарено, не се забележителни али сепак. Тенкс
Јас утре треба да одам на консултација во Дента Ес. Кажи ми мерки зимаат прво, па по неколку дена одиш пак да ги стават или како? Да знам колку ќе се задржам.
Јас прво бев на преглед и панорама снимка, па ми закажаа за денес ми земаа отпечатоци и веднаш ми ставија протези.. Не мислам на тие гумичките што се како ластичиња на самата брикетка туку вакви малечки топчиња што се црвените и жолтите.