Каква четка ги користите? Смее ли со електрична четка? Јас ги четкам со четка од curaprox наменета за фиксна и плус една тенка за измеѓу жиците. Имам природно бели заби, меѓутоа сега доста ми пожолтеа на места кај што не можам убаво да ги четкам.
Јас од секогаш сум користела колгејт четка (кога немав протези) сега како ставив земав вчера на лакалут една од дм 185 денари, баш е мека и со убави влакненцата. Имаше во дм и малечки четкички чекам плата на 15 па ќе земамми такви, оти банкротирав веќе
Продолжи како и досега, тие електричните се груби, кога ќе ги извадиш протезите чистење на забен камен и ќе светнат
Денес ми дадоа и ластици. Можат ли лесно да се скинат? Пошто ми е страв да ја отворам устата додека ги носам.
Инаку ми рекоа дека треба да ги вадам 8ците и на двете вилици. Малку се непосветени и не кажува докторката доволно инфо како надвенатре да поминеш, ни зошто ни кога ништо не кажа, ниту за загризот што е проблем со него само ми рече загризот е поместен.
Вие што носите ластици, како се снаоѓате? По колку време ги носите и дали секогаш ве болат забите кога ги носите? Јас повеќе од 1ипол час не можам да издржам, многу ме заболуваат тројките и морам да ги извадам, а ми кажаа дека ќе треба и да спијам со нив па се прашувам како ли ќе биде..
Мене ме болеше првите два дена, но откако се навикнав не ги ни чувствувам искрено. Издржи, мораш да ги носиш, а ќе вреди на крај.
На почеток боли многу, али после се навикнуваш. Не ги вади во никој случај штом ти кажале така, мислам колку повеќе можеш толку повеќе носи ги, така ќе имаш подобар ефект. Каква аномалија имаш ако смеам да прашам?
За спиење обавезно, отпрвин не знаев како треба, но прашав овде, ми кажаа дека само пред да јадеш ги вадиш и откако ќе завршиш, миеш заби и ставаш нови.
Мене ортодонтката ми кажа еден пар да ги носам преку ден и преку спиење и наредниот ден исто така. Значи два дена и после ги фрлам.
Како што ти кажале, така носи ги. Повеќето ластици се носат по 24 часа, но по потреба се носат помалку или повеќе пред да се сменат. Си има причина зошто така ти рекле. Ако те боли многу, направи пауза 15-20мин па пак стави ги. Колку повеќе ги носиш, толку побрзо ќе се навикнеш на нив и ќе престане да боли.
Stomatološka ordinacija Dental art Dr Sonja Risteska specijalist po ortodoncija 400 evra metalni protezi za dvete vilici, drugite vidovi protezi se poskapi pozz http://www.dental-art.com.mk/фиксни-протези/
Дали знае некој, некаде дали се продават од ластиците кој се стават на горната и на долната вилица.? Дават ми ластици на секоја контрола ама бидејќи наместо ластици на бриктетките јас сум цели со жички и од тоа ми се кинат побрзо од што треба. Ако знае некој каде можам да купам пишете ми. Фала