Не се користат лекови при фиксна ортодонтска терапија, освен ако имаш болки што се решаваат со аналгетик.
Да го извадам забот дали ќе се промени, мислам дека ќе остане коренот , премногу се приметува горната усна дека е подигната од забот
Здрав заб не би вадела без добра причина. Коренот секако нема да остане, коската може да се измоделира. Подобро со фиксен апарат среди го, отколку да го вадиш.
Консултирај си ортодонт, да ти каже решение за твојот проблем. Апаратите онлајн не се нарачуваат, по мерка се прават.
Дента ЕС во Кисела Вода само се поскапи. Но мој совет ти е да одиш кај нив, професионалци се, и пари за заби се даваат бидејќи се најважни за здравјето и изгледот
Убаво размислете и информирајте се. Мојот ортодонт ми има кажано дека фиксна протеза се става после 18 години. Најверојатно затоа што до тогаш лицето се уште е во развој. Можеби има исклучоци, не знам, само споделувам што ми кажале.
Ставаат и порано. Кај средношколци особено, се фаќа последен воз во развојот на вилиците и загризот за да се наместат правилно забите. Помал е ризикот да се вратат како што биле, ама од друга страна, осмиците може да направат проблем подоцна.
Вчера ми дадоа ластичиња за прв пат, преку ден ги носев малку ме болеа ама подносливо, вечерта си легнав сè најнормално, сè додека не се разбудив од ненормална болка во 2 и пол, во главно на 6ката доле каде што е закачено едното ластиче, ама и се ширеше болката насекаде. Јас имам висока толеранција на болка ама ова беше ненормално, се осеќав ко да ми поправаат/вадат заб без анестезија... Морав да станам да ги извадам за да можам да спијам. Дали е нормално вака да боли? Не знам вечерва како ќе ги носам, многу ми е страв... Еве уште ги немам ставено од синоќа кога ги извадив
Нормално е да боли. Кај мене кога прв пат ми дадоа од појаките ластици исто како тебе болката од сон ме будеше дури, устата не можев да ја отворам, но после втор-трет пат ставање се помалку боли.
Биди поупорна, немој да ги вадиш, имаат голема улога ластиците во исправање на забите, нормално е болка значи дека делуваат, истрпи два три дена
Здраво сакав да прашам дали уште некој знае за тоа дека на лицата под 18 години протезите се покриваат од страна на здавственото осигурување и дека многу мал дел се плаќа од страна на лицето?
Мобилните апарати се покриени од фондот, децата имаат право на три мобилни апарати до 18 години. Фиксните апарати се приватно, ништо не признава здравственото осигурување. Си ја плаќаш цела сума како што си се договорил со ортодонтот.