За долната вилица да се врати назад ластичиња треба да се носат горе 6ка долу 3ка? Или пак обратно, знае некој?
Да. Јас ги носам обратно, долу 6ка, горе 3ка зошто долната вилица ми е многу наназад и мора малку понапред да биде.
Многу пати и во живо ме прашувале и тука гледам сите се интересираат за цени за фиксна. И на сите истото го кажувам. Убаво разгледајте и убаво информирајте се пред да ставите. Многу примамливо звучи, 200 евра, 100 евра ама не е само протезата да се стави. Ве чекаат многу прегледи, многу контроли, многу трчаници. Прашајте дали контролите се вклучени во цената, дали жиците што ќе ви ги менуваат во текот на терапијата се плаќаат дополнително, дали ластиците влегуваат во цената, дали кога ќе ви се одлепи некоја брикета (се случува на почетокот) ќе ви наплатат за нова и повторно лепење, дали доколку треба да носите една гума (поима немам како се вика стручно) влага во цената... итн. Ако се тоа ви наплаќаат, плус ставете минимум 1000ка од преглед, а некогаш ќе треба и на 2 недели да одите, и тоа така година ипол најмалце, тогаш џабе цената за протезата е ниска. Да не ви излезе ѓавол ипол протезата. Затоа на сите им викам убаво да си прашаат и да си пресметаат. Да не биде после намерно ме влечка за пари да ми зема, а мене забите веќе ми се средени.
Убаво напишано, ќе додадам и дали има потреба од retainer (не знам како се вика на мк) или слично помагало, каков проблем имате и дали докторот е доволно стручен да го реши. Не е само забите да се наредат.
Има низ темава доста за неа, јас сум кај неа и сум задоволна. Многу пациенти има и знае некогаш да забушава, но во главно е супер.
Дали некој има искуство со фиксни протези кај др Нина Митева (ординација др Нина)? Како сте задоволни?
Здраво. Во петокот ставив протеза на долна вилица (на горната веќе имав), и еве трет ден, а мене ми испадна брикета на 4ка пошто загризав силно. Паметно ли е да чекам до 10ти јануари кога имам закажано за да ми ја залепи?
Јас секогаш се јавувам одма да кажам што се случило и ме викаат следниот ден да ја залепат. Никогаш не ми рекле да чекам до контрола, а на почеток баш често ми се одлепуваа, жица ми се откачуваше дури 2 пати успеав и федерчето да го извадам. Ми се чудат таму што правам ама не се придржував баш до препораките за исхрана. Јас би ти рекла да се јавиш и ќе ти кажат.
Мене за горната вилица ми рекоа да почекаме и чекав околу три недели за да ми ја залепат. Ќе се јавам и ке ги прашам иако ми е многу срам што трет ден успеав да скршам.
Ако ти кажам дека буквално секоја недела на почетокот одев да ми лепи брикета на долна десна петка? Докторот ни збор не рече, па како за малер се погоди да падне во петок навечер, чекав до понеделник и одма ја залепи. Ама во лоша позиција ми беше забот, па на загризување знаеше да се одлепи, па често одев, ако чекаш така нема што да го стега забот за да се врати како што треба, што знам. Воопшто не чекај ни недела, не па до јануари, многу далеку е таа контрола.