MORPHO Jewelry. Има бф-страница (и Инстаграм профил), можеш да разгледаш што нуди. Накитот е прекрасен, а девојката е златна.
Како им се движат цените? Имам добиено на поклон и за жал не ми се сфиѓа па се мислам да го продадам.
Дали има некој тука што изработува филигран? Со години работам во продавница за накит и ми е навистина убава работа, но платата е мала логично.. Имав идеја бидејќи сум љубител на накит да почнам со изработка на филигран, доколку некој има било какво познавање на оваа тема ќе ве замолам да ми пишете.
Пред 100 години имаше некои работилници во Скопје, провери ова https://fashionel.mk/moda/storii/muzichari-arhitekti-i-slikari-go-zazhivuvaat-filigranstvoto Поново инфо е ова за Охрид https://www.novamakedonija.com.mk/zivot/kultura/отворен-музеј-со-работилница-за-филиг/
Имаш здружение на филигранисти на Мк на фејс најди ги. Имаат кратка обука и целосна со изработка на неколку врсти накит. Првиот е околу 150 евра вториот околу 500. Лично јас прашував за блиска што сакаше да оди.
Здраво незнам дали некаде по форумов има ваква тема,ако има избришете ја мојава,имено..сакам да прашам дали некоја од вас има познавање од филиграми од срма,каде може да се набави материјалот ме интересира, фала ви однапред.
Обожавам филигран, со години купувам од Морфо и сум презадоволна. Сега ми се појавува на facebook реклама за FLOW, имаат интересни парчиња, ама немаат нигде продавница и не можам да им ја видам изработката. Има ли некој искуство со нив да сподели впечатоци?
Во Битола има девојчето продавница, јас имам земено ланче и обетки за поклон од таму. Мене ми се брндисва како работи плус пристапни цени има за рачна изработка
Фала ти многу за одговорот. Можеш ли да пишеш каде точно и е продавничката? Јас мислев само он лине продава. Менѓушиве од кај неа ми останаа во срце
Продава во склоп со дуќанот на часовничарот, кога ќе одиш од нептун по мостот на кај пазарот, откако ќе го поминиш мостот вртиш лево по калдрмата, го поминваш кафичот Улаф сте и ќе видиш на дуќанот пиши часовничар, таму е од 10 до 17 часот