Дали сте обожаватели на филмови чија приказна се базира на стрип? Мал вовед на почетокот за оние кои не се запознаени, двата главни табори на стрип јунаци се следните: Oние на DC COMICS чии херои се Superman, Batman, Wonder Woman, Robin, Aquaman, Hawkman, Green Arrow, Martian Manhunter, Green Lantern и Flash, заедно со тимот на суперхерои Justice Society или уште познат како the Justice League. Во негативците се вбројуваат Lex Luthor, the Joker, the Riddler, Mr. Freeze, Catwoman, Sinestro, the Penguin, Poison Ivy, Two-Face, General Zod итн. Marvel Comics ги брои следните супер херои и негативци: Spider-Man, the X-Men, the Fantastic Four, Iron Man, the Hulk, Thor, Captain America and Daredevil; the Green Goblin, Magneto, Doctor Doom, Galactus, and the Red Skull. Тимот суперхерои е познат под името The Avengers. Секако има уште многу стрип јунаци, но овие се меѓу најпознатите. Во оваа тема можеме да коментираме за екранизација на истите, колку ги гледате ваквите филмови и како ви се допаднале. Јас сум фан на Бетмен франшизата, воедно мојот најомилен супер-херој на DC. Како помала омилено филмско остварување ми беше Бетмен засекогаш, со Вал Килмер и Џим Кери во главната улога. Засега, Нолан прави одлични Бетмен филмови со Кристијан Бејл во главната улога. Сите три - Batman Begins, The Dark Knight и The Dark Knight rises ми се омилени. Супермен никогаш не ми бил интересен, сепак сметам дека најфини остварувања се оние со Кристофер Рив. Последниот Супермен со Брендон Рут и Кевин Спејси како негативецот ми беше благо очаен и крајно досаден. Воедно самиот концепт за Супермен како херој ми е глупав и неговата маска ми е преочигледна и исто глупава и препознатлива. Три пати УА за Супермен од мене. Како помала ми се допаѓаше онаа серијата за Супермен ако ви текнува со очајната домаќинка Тери Хачер - Lois & Clark: The New Adventures of Superman. За да не го затупам толку уште на почетокот, ќе се навратам на темава повторно. Има многу добри филмски остварувања на стриповите на Марвел, многу интересни податоци и приказни, па повелете фанови на дискусија.
Трендафилке, си ме погодила скроз! Растена сум со стрипови, и иако сум поголем фан на Марвел, Бетмен ми е еден од најинтересните ликови. Најинтересен, велам, не најомилен. Единствено неговите екранизации ми се допаднале, особено постарите, во режија на Тим Бартон. Новиве ги немам гледано, освен првиот дел што не ми беше нешто нај - нај. Деновиве ќе ги гледам останатите два дела. Инаку, настрана овие ликови, мене најомилени ми се Трансформерс и Панишер. Знам, ќе си речете оваа луда е што сака Трансформерс, ама поелаборирана прича во живот немам сретнато. Зборувам за стриповите, филмовите се ок од гледна точка на ефекти и адреналин, ама Мајкл Беј малку повеќе заеба работа. Панишер иако е негативец, мене ми е срцка. Најреален ми е од сите некако, без супермоќи и милиони во банка. И првиот дел баш ми се допадна. Редовно ги гледам овие филмови, штета што не секогаш е успешна филмската реализација. Би сакала да видам подобра екранизација на жената мачка, а за Супермен не верувам дека постои таква, сепак е еден од најстарите ликови и затоа е предвидлив.
Saya, Punisher го немам гледано, ама во план ми е. Од Transformers само првиот дел и ми се допадна, за другите 2 не дошол редот, иако мислам дека се сосем ок. Како што ти го обичаш Казнувачов (убива македонскиот превод, затоа и ги изнаредив сите во оригинал), од тој тип мене ми е омилен Hitman. Филмчето и не стана којзнае колкав хит, а баш беше допадливо. Инаку обожавателка сум на X-men, сите 3 делови ми се супер, како и на Volverine. X-Men: First Class за разлика од другиве малку послаб, ама сепак не најлош. Меѓу полошите би ги вброила Thor и Green Lantern. Прилично патетични и лоши ми беа и двата филма. Порано посебно ме освоија Daredevil со Бен Афлек и Elektra со Џенифер Гарнер, иако не добија сјајни критики. Ама тоа беше пред 5 и повеќе години, треба да ги погледнам пак за да утврдам дали се стварно супер, или само мојот вкус бил скромен (се мислам дека е ова второво).
Ох, право во срце. А бре не постои филм кој сум го изгледала, а да не сум посакала да бидам ко некој од хероите. И сега, иако веќе сум толкава крава, уште си ги чекам супермоќите, ко и некој што си чека покана за Хогвартс. Па што? Ама, да признаам искрено, освен за Бетмен и Супермен, немам наидувано на други стрипови во детството, шејм он ми. Ама па што да правам кога мене ми ги купуваа оние со Мики и Шиљо? Назад на филмовите, X-Men ми се врвот. Ги имам изгледано сите делови и премногу ми се по вкус. Ја сакам таа акција и нереалистична борба на доброто и злото. Смејте се, ама со години сакам да ја имам дарбата на Mystique, а да сум 5та класа ко Jean Grey! Посебно ми се допадна приказната за почетоците на Wolverine, и баш би било фино барем за овие „поглавниве“ посебно да направат така пораздлабочени филмови. Бетмен, Супермен и Спајдермен не верувам дека има фан што ги нема изгледано. Класика. Ко мала знам ептен бев навлечена на кратките цртани со Супермен што ги даваа, абе не трепкав. Треба да го изгледам и The amazing Spider-Man, да видиме како Гарфилд се снашол во улогата, оти мене искрено Тоби ко појава прилично ме иритираше, не знам зошто. The Punisher мене ми има оставено добар впечаток. Јес да нема никакви супер моќи, ама има убава приказна. Трагедија, чест, крвна одмазда, се` во едно. Thor...хм...за лепота да се даваше оцена на Хемсворт и Портман, ај, ама вака не ми беше нешто нај. Единствено што ми е во сеќавање и на кое се насмеав се сцената кога бараше куче за јавање и кога ја скшри чашата у знак свиџање. Од Transformers го имам изгледано првиот дел, ама ми е одбивен поради Фокс. Концептот е одличен и допадлив, ама кога не ја варам актерската екипа, ми се посерува впечатокот. Fantastic four ми е некако избледен, и искрено тогаш повеќе поради Џесика го гледав, па ми нема некој појак впечаток оставено. Можеби затоа што не сум била внесена во приказната. Avengers го изгледав дури пред некој ден и добар е, не да не, ама верувам дека 3Д ефектите го направиле она големо величање. Вака се` на куп, кој пие, кој плаќа. Пренатрупано. Iron Man мене искрено никогаш не ме воодушевувал ко херој, исто и Captain America. The Green Hornet знам дека е базиран на стрип, ама врска немам дали е Марвел, Ди-Си или нешто трето, битно на филмот се имам смеено ко зелена. Ете, им го сакам тој глупав хумор. Од негативциве Poison Ivy и Catwoman ми се екстра појави, а за Joker се знае веќе. За други - друг пат, зошто како сум пошла да кажувам и што треба и што не треба, само мене ќе ме има овде, ко децана ненаситни сум.
Каљопо да го изгледаш под итно, зашто е топ! Мене Тоби Мегваер ми е лигушко и цмиздре. Плус нема горна усна и е еден ужасно досаден глумец и појава. Не знам како Спајдермен доживеа 3 продолженија со него, ајде едно некако, второто му дојде ко гратис-милостиња, ама третово... сега се насладувам со сеир кога гледам вакви слики од него. Смотаница со пивски стомак, он ми ти бил Спајдермен. Токмак. За разлика од него, Ендру Гарфилд е како кроен за улогата. Приказната е позната, но делува некако свежo, ефектите се неверојатни, и ние го дочекавме 3D чудото, јас бев воодушевена. Не се одлепив од екранот, прекрасни кадри, моќен филм, фино спакуван со убаво машниче. Дури и за една нијанса повеќе ми се допадна и од The Dark Knight Rises. Сега проверив од радозналост, Green Hornet не е ниту Марвел ниту Ди-си, се појавил првенствено како радио лик во 30тите години на минатиот век, па оттаму се преселил во стрип и на ТВ и секаде кајшто му прднало. И јас се смеев како улава на филмчето, закон бе, шербет ретардирана комедија. Avengers беше малку хаотичен. Тоа е, многу ѕвезди / ликови на едно место и се создава благ хаос. Thor е за мене страшно глупав и тупав лик. Типот е бонбонче, да си заплакнеме очи и суви места со пајажинки, тоа е во ред, ама самиот концепт ми е досаден и ме тера на зевање. Не ми се верува дека ќе има и втор дел Ужасии боженце, ужасии. Ние со дечко ми, а и со бившиот многу сме внесени во стрип-екранизации. Тука и на долго и широко се разглабаат историјати, факти, приказни, они читаат повеќе стрипови, јас во отсуство на таблет се вадам дека не можам да ги читам на компјутер, оти ќе се скичмам, па ги терам да ми раскажуваат. Па тука дебати кој е подобар, пофраер, кој е шмокљо и сељак... како малите деца, уште да почнеме да се расправаме дали мојот може да го победи твојот. Мене ултимејт фејворит ми е Бетмен, од неколку причини - вистински, реален лик, со мистериозна приказна, напатена душа, мрачен, таинствен и недофатлив (сон на секоја жена, нели) се потпира на сопствената сила и изумите, нема некоја супер-моќ, затоа ми е страшно привлечен како херој на Готам, интелигентен, фраер, ем милионер, ги има сите кул гаџети и костимот и Бет-мобилот, наравно Кој/а не го сака, пу, јаз'к! A Watchmen децо? Го гледавте, ве бендиса? Мене ептен, многу интересна приказна, супер актерска екипа, уште не ми стиска да се маскирам како Силк Спектре за 1ви април, можеби некогаш, ако достигнам тежина од 50 кг. Уф, има уште толку многу за пишување, така добри филмчиња, ама да не испадне сама да си зборам на темава.
Tрендафиљ, PUNISHER седнувај и спуштај го Oдма 2 дела се, и 2та се добри, ама мене првиот ми е подобар за нијанса, ете видите не сум знаела дека е од стрип
Трендафиљо моме, каков монолог? Дијалог минимум, оти јас едвај чекам некој да пише за да се убацам, да не биде сам себе говорел. И јас го неќам Тоби поради усните што ги нема, ама глупо ми беше да си кажам, не е тој крив па. И него и Кристен не ги сакав поради тоа. Посебно кога ќе дојдеше сцена за бакнување, а тие пустите нема за што да се каснат, па шљапкаа во празно, абе филмот ми одмили, еј! Ќе го изгледам новиов штом најдам саглам снимка. Обавезно. Највеќе ветува некако. Го заборавив бре The Mask, и тој спаѓа во оваа група, мада потекнува од Dark Horse Comics што баш и не се познати. Џим Кери бре! Во кој и филм да глуми, легендарен е, а Маскава иако не е од оние јаки батици со заводничко-смртоносен поглед, посебно го обожавам. Таков е сиот благо ретардиран со огромни дози на сарказам и иронија. Вришти! За Тор 2 не се притресувам ни јас ако е иста бљувотина ко и претходниов, ама ќе има втор дел за Волверин со Џесика Бил и, се разбира, Хју Џекмен. Мх мх, перфекција од филмска екипа. Едвај чекам, иако уште изгледа не ни почнале со снимање. И Blade, и тој е на Marvel. Ко мала бев опседната дека многу често го даваа на ТВ, па и во комбинација со Матрикс кој беше истовремено актуелен, само ножеви и сукала им вртев по дома. Ми текна дека дома го имам и филмот за Zoom, не толку познат херој, ама интересен е. Тим Ален чинам беше во главна улога, солидно скоцкан со примеси на комедија. И еден, за мене, премногу впечатлив: Ghost rider! Кое хардкор бате, мајке ми! Николас Кејџ и Ева Мендез баш ич не би ги споила во никој филм, такви ми се сосема различни за на филмско платно, ама одлична работа си завршија овде. Алал. Сега му се токмам на новиов дел Spirit of Vengeance, па ќе видиме. Шејм он ми, Daredevil го немам изгледано бе, за нигде сум. Сега го пуштив еве, мора тој пропуст да се надокнади. Ојдох сега да гледам, ама ќе дојде Каљопа пак на темава со нови импресии. Ај, ај.
Мхххх, Watchmen! Целиот филм малку ми беше предолг и на моменти досаден, ама од таму потекнува еден од нај bad ass ликовите кој досега го имам сретнато. Ви го претставувам: Rorschach, безмилосен и свиреп убица. До толку бев опседната со него што едно време сакав тетоважа како дамка од мастило.
Sin City! Сум го гледала преку 15 пати. Ми беше тешко да се навикнам на црно-бело-црвено, ама бидна, дури и се заљубив. Не ја сакам Џесика Алба, ама овде ми беше прежешка и прејака. Целиот филм е секси, мрачен и возбудлив. Леле какви сцени... А сноб сум кога се работи за филмови, ви го препорачувам од се срце! Спојлер
Мене Супермен ми беше меѓу првите љубови Многу го сакав стариот серијал Супермен филмови, со Кристофер Рив и Маргот Кидер (колку е преубава овде), совршен пар ми беа. И поновите не се лоши, ама Кристофер ми беше како скроен за улогата. Спојлер Спајдермен не го сакам ради Тоби. Од Икс Мен го имам гледано само Волверин, а незнам зошто, зашто филмот многу ми се допадна. Фантастичната 4ка не ми се фати за око, ни едниот ни другиот дел. Премногу моќи на едно место ми беа :/ V for Vendetta исто е стрип и филм, а филмот е предобар, ако не и најдобар За улогите на Хуго и Натали нема потреба да се коментира, Натали за филмов требаше да добие Оскар. Приказната, до каде човек може да отиде за да ги оствари своите цели, својата слобода. Кој не го гледал, обавезателен е, неизбежен! Од поновите, Scott Pilgrim vs. the World тотално релаксирачки, тинејџерски, интересен. Посебно да се види Мајкл Сера во улога на херој, флегматичен како и секогаш, збунет, а во акција Интересни сцени, интересни борби, интересна приказна (фаќање левели ) Спојлер
Леле... а јас си мислев дека сум единствената што ги сака овие филмови базирани на стриповите на Марвел. И дури мислев дека нешто не е во ред со мене кога јас сакав да го гледам Бетмен или Супермен, а моите другарки умираа по Беверли Хилс 90210 (добро, не дека јас не ја гледав серијата, ама не можам, не можам бре да ги ставам овие филмови во ист кош со сапуници). Немам омилен лик, немам омилен херој, ама ги гледам филмовите, не бирам за кој се работи, од проста причина што главно имаат одлична приказна, добра акција, привлечна костимографија и во најголем број случаи одличен кастинг. Сте ги спомнале повеќето филмови кои ги имам гледано, ама нешто со поновиве слабо стојам. Меѓутоа, се надевам дека ќе имам шанса до крајот на годинава да ги изгледам оние кои сум ги планирала. Омилени ми се X-Men - можеби затоа што отсекогаш сум замислувала дека на светов некаде мора да има такви луѓе со натприродни моќи и си замислував дека и јас сум дел од нив - детиште сум била бре, само и ден денес не можам да одлучам каква моќ - можеби нешто помеѓу Сторм и Мистик Хју Џекмен не толку (иако не е лош, напротив), ама Патрик Стјуарт и Иан МекКелен ми се незаменливи во X-Men, не можам ни да замислам други во нивните улоги. Бетмен - искрено, јас најмногу го сакав Бетмен на Тим Бартон, наредните ми беа разочарувачки, а најлошо остварување беше Бетмен и Робин - приказна за мали деца и без врска. Поновите филмови на К. Нолан се одлични, затоа што ми се допаѓа што во преден план не е само акцијата и визуелните ефекти, туку го обработува и психолошкиот аспект на ликот на Бетмен. Последниот го немам гледано, ама ќе дојде на ред. Инаку, ми се чини дека баш Хит Леџер прекрасно го долови Џокерот, иако и Џек Николсон не е за фрлање. А најдобар Бетмен ми е Кристијан Бејл. Дефинитивно. Супермен - филмовите со Кристофер Рив ги имам изгледано по неколку пати. И никогаш нема да ми досадат, без разлика колку и да изгледаат аматерски во оваа ера на визуелните ефекти. А бе Нова Година и Супермен - кај оди тоа едно без друго? Ја гледав и серијата со Тери Хачер и Дин Кејн, ама тоа повеќе за разонода отколку што ја сфаќав сериозно (впрочем, беше типична американска серија). Подобра ми беше Smalville, а последниот филм со Супермен во кој глуми Brandon Routh не сум го гледала, ама од трејлерот и од слики гледам дека многу личи на Кристофер Рив, дали намерно или случајно, не знам. Спајдермен - само првиот дел ми вредеше, во однос на приказната. И јас се сложувам дека Тоби не беше баш најдобар избор за улогата, ама затоа се надевам дека во скоро време ќе го погледнам најновото остварување и ќе ми се поправи впечатокот. Фантастичната четворка ме разочара - и во првиот и во вториот филм (не знам ни зошто го гледав вториот, кога првиот ме разочара, ама ај, да дадам шанса), сепак, можело и подобро да се направи. Watchmen ми е еден од подобрите филмчиња, не беше многу популарен, ама приказната е одлична, успеале да направат нешто што можеби на повеќето им беше досадно, и признавам, и јас на почетокот малку зевав, ама после кога навлегов во приказната... Iron Man не ме воодушеви, сепак мислам дека можеле некој друг да одберат за улогата. Роберт Дауни Јр. не ми е впечатлив како Железниот Човек, сепак суперјунаците на Марвел се скромни личности а РДЏ не е баш таков, па и филмовите ме разочараа, оти како премногу да го експонираа. Не знам, едноставно не ми беше тоа тоа. Ghost rider - спомнат е гледам, мене ми остави супер впечаток. Првиот пат не го гледав со некое внимание (Николас Кејџ де), ама затоа вториот пат... еден од подобрите филмови на Кејџ, иако не можев него да го замислам во главната улога, сепак, одличен беше. Тор - приказна за мали деца. Можело многу, многу подобро, ама ми се чини како дечиња да го пишувале сценариото, ептен предвидливо и досадно. Ако ја спомнуваме Маската на Џим Кери - нема потреба да се трошат зборови. Сте го спомнале и Green Hornet - не е тој за тука, ама ај ќе кажам - не го догледав од што ми беше досаден Ги немам гледано Трансформерите Punisher, Avengers, па за нив не можам да коментирам... ама може ќе се вратам јас пак на темава
Корто Малтезе Прво го гледав филмот Corto Maltese - La ballade de la mer salée, па после се заинтересирав за овој интересен стрип јунак. Филмот е француски, анимиран, но кога го гледав ми осави голем впечаток. Има и други филмови за Корто Малтезе, но во времето кога го изгледав овој филм не можев да ги најдам да ги гледам другите. Сега се потсетив да ги симнам, па ќе следи рецензија. Корто Малтезе е стрип јунак, морнар авантурист, создаден од авторот Хуго Прат. Корто Малтезе е лежерен капетан чии авантури се сместени во првата деценија на 20от век. Скитник со златно срце, романтичен идеалист кој е трпелив и милосрден кон поразените. Роден е во Валета на 10 јули 1887 година како син на велшки морнар од Кронвол и од мајка гатачка, циганка од Гибралтар. Како дете, со татковиот жилет за бричење си ја врежува линијата на животот на својата дланка, одредувајќи ја така судбината како работа на избор. За време на своите патувања, Корто им помага на луѓе со најразлични занимања и потекло, како Распутин, британскиот наследник Тристан Бантам, вуду гатачката Златоуста, чешкиот академик Јеремија Стајнер и други. Се запознава и со Џек Лондон, Ернест Хемингвеј, Херман Хесе, Буч Касиди, Енвер Паша... Омилената книга на Корто е “Утопија“ на Томас Мор, но никогаш не успева да ја дочита до крај. Ужива во романите на Лондон, Стивенсон, Мелвил, Конрад... Целиот стрип за Корто е прошаран со цитати, фрази и извадоци од светот на литературата.
Само што изгледав закон филмче според стрип, The Losers: Убава актерска екипа, многу акција, го препорачувам за љубителите на експлозии. Плус, јак саундтрак: http://www.youtube.com/watch?v=K5Zqaf52kcA
^ Саја, Лузерите веќе се симнуваат, одвај чекам да ги погледнам. Во оваа прилика збор-два за Хулк. Првиот HULK со Ерик Бана во главната улога, и вториот дел - The Incredible Hulk со Едвард Нортон. За чудо првиот дел не сум го погледнала, но затоа вториот го гледав дури 2 пати и многу ми се допадна. И двајцата глумци ми се меѓу омилените, нормално Едвард Нортон малку повеќе, и баш ме интересира како Бана се снашол во улогата на генетски модифицираниот Брус Банер.
Персеполис - анимиран филм правен според истоимениот автобиграфски стрип на Марџане Сатрапи. http://www.youtube.com/watch?v=lNMekgoCCVY Филмот раскажува за животниот пат на малечката но бунтовна Марџане во родниот Иран. Ги опфаќа времето на Шахот и бунтот на народот против него 1978, исламската револуција 1979 и преодот од монархистичко во теократско општество, пресметката на фундаменталистичкиот режим со неистомислениците, нападот на Ирак врз Иран 80`те, и школувањето на тинејџерката Марџане на запад, враќањето во Иран и повторното трајно заминување на запад. Филмот доби награда на Канскиот фестивал.
E Трендафилко те зимам за жена утре само кажи кај живееш ! Другите сте ми швалерки ама не и кажујте неа. Можеме и групен ако сакате. Аааааааааа спобудалев. Колку време барав дали постои ваква тема не сте свеснии ! Бетмен мај фејворит не од ДС комикс туку општо од сите дефинитивно, најдобра приказна има. А филмовите се страшни значи, ги обожавам. Кога ги гледав сите три (по ред во еден ден по 3 саати, најскапоценото време во мојот живот) влегов во мониторот. Значи филмовите се нешто најмоќно од сите филмови на светов. Пред некој ден го гледав Green Lantern и тој премногу ми се допадна да ви кажам право. Неговата приказна е мојот филм, ѕвезди универзум а у. А и глумецот...абе свршување. Спојлер Не сте свесни колку ме возбудивте во 5 сабајле бе !!! Одиме на Марвел. Од нив омилен ми е Спајдермен. Најмногу ми се допадна новиот филм The Amazing Spiderman. Тотално ме внесе, приказната е страшна ииии аааааааааааааааа. Исто така од Марвел ги сакам Hulk, Iron man, Daredevil. Hulk. Ми се допаѓа затоа што е поинаков од другите, нема некои фантазии и моќи само човекот се нервира и станува голем и зелен. Iron man. Ми се допаѓа затоа што е Бетмен во Марвел разбираш. Човекот има пари и мозок па си гради нешто што ќе го направи суперхерој. Незнам зошто но јаки ми се вие приказни. Daredevil. Нешто поразлично од другите. Слепец да биде најдобар борец бреј и сите да ги тепа според звукот а и филмот е премногу добар,немам зборови. Со нетрпение го очекувам Flash дечко ми, кој мислам дека испаѓа во 2016та. Ве сакам и ми го разубавивте денот. Мислев дека нема на форумов некоја како мене, луда по овие работи. Можам да пишувам до сабајле (шо зборуам бе веќе е сабајле ) ама ќе ве поштедам од читање. Спојлер Ариела се извинува поради нејзиното претерано возбудување,не знае што пишува.
На 07.05.2008 кога мојата сестра почина во сообраќајна несеќа, од тој ден па се доденес во мојот сон ми се јавуваа таа, и ми вели: послушај ме, послушај ме ! нашиот нашиот дедо ме уби. Го кажува тоа и за миг ја снемува. Се до 05.09.2011 година сево ова не ми се веруваше но кога се дозна дека на вистина мојот дедо ја убил, и го притворија. Се од тој ден па се до денес сестра ми ми се појавува поретко во сон и ми вели: БЛАГОДАРАМ !!!!!
Зошто бе девојче вака? Ахх Боже. Спојлер Истото мислење во 3 различни теми. Copy-paste. Имаш тема за вакви работи,не претерувај те молам.Ајде.
Флаш Гордон - филмот на моето детство. Да не претерам, сум го гледала може 20 пати. Стрипот не сум го читала, ама филмот ми беше.. Посебно бев воодушевена од костимографијата и од главниот актер