Филмови базирани на стрипови

Discussion in 'Филм и ТВ' started by Trendafilka, Jul 31, 2012.

  1. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Joined:
    Oct 24, 2013
    Messages:
    475
    Likes Received:
    1,030
    Gender:
    Male
    Интересна тема.

    -Астерикс-добар стрип, филмовите сите до еден ми се катастрофа. Од анимираните може да се пробере некој посаглам.
    -Тор-исто како и стрипот-не ми се свиѓа. Не верувам дека и новиов филм е нешто посебно.
    -Хулк-го имам гледано само оној со Лив Тајлер и не беше лош.
    -Конан-филмовите се различни од стриповите. Тој со Шварценегер е без врска, овој најновиот донегде ОК.
    -Тинтин-одлични стрипови. Анимираните сериски филмови (ги даваа на Алфа мислам до скоро) беа одлични, а овој на Спилберг долгометражниот е нешто посебно. 10+!
    -Фантом-филмот со Кетрин Z и Били Зејн (го утепаа од давање на Телма) не е лош и го доловува ликот од стриповите.
    -"Таличниот Том"-оној францускиот игран филм е беден, а цртаните филмови не се ништо посебно. Стрипот е ок за пополнување време.
    -Модести Блејз е добар стрип, штета што нема снимено добар филм за овој стрип. Излезе некој страшно глуп филм, срам за името на стрипот.
    -Кикас филмовите се добри, првиот дел беше одличен, вториот беше како на сила сниман.
    -Капетан Америка и Железен човек 2 и 3 се симнати одамна ама чекаат ред за гледање. Според нивниот удел во "Одмаздници" би требало да бидат во ред, особено К. Америка.
    -Спајдермен најновиов е претерано тинејџизиран, постарата трилогија со Тоби Мегваер беше подобра.
    -Бетмен-незнам зашто ама никогаш не ми се допаѓале филмовите, а сум ги гледал скоро сите филмови. Скоро гледав еден подолг анимиран филм и единствено тој ми го фати око.
    -Трансформерси се добри филмови. Последниов дел беше претерано полн со акција па на моменти не можеше да се следи дејството.
    -Супермен најновиот чека за гледање, "Смолвил" пробав да ја гледам неколку пати ама беше страшно досадна па се откажав. Филмовите со Рив беа и сеуште се најдобро нешто од овој жанр. Серијана што одамна ја даваа на Сител со онаа од "Очајни домаќинки" беше без врска.
    -Корто Малтезе-добар стрип, има неколку анимирани филмови. Според стрипот нема снимено филм, така и нека остане.

    Филмови како Икс Луѓе, оние со моторџијата Николас Кејџ, Волверини и сл. не гледам. Серијата "Агентите на S.H.I.E.L.D" има различни критики и коментари, па ќе почека.

    Добро би било да се снима филм со Црната вдовица (Наташа Романов. Добро ја одигра Јохансон во Одмаздници), Рип Кирби (добар стрип), можеби за промена со Spiderwoman.
     
    mileystar and tace73 like this.