Love, Simon 16.03.2017 Побарав дали некој на форумов го има споменато филмот, но не најдов, па еве да ве запознаам со една тин романтична комедија која излегува набргу, но за жал не верувам дека ке ја има по Македонија. Ја имам прочитано книгата на која е базиран филмот, и ми е една од омилените. Нема многу филмови од ваков тип за тинејџери, што не вклучуваат стереотипи, премногу ексциплитни сцени или пак невкусна разлика во години и сметам дека е многу важно што излегува филм со healthy representation. Трејлер:
И јас дојдов да го кажам истово. Неможа да чека појче. Ако ме разочара, ќе ги тужам. Окапавме чекајќи.
Па сега толку филмови направија за да ги спојат сите со овој филм кој ќе биде поделен на два дела, би требало да биде EPIC ORGAZMUS. Важно картите од премиерата што ги пуштија во Cineplexx ги снема во рок од 20 мин Еве и овој го додавам на листата филмови што ќе чекам ,не едвај ама така полу едвај.
За филмот што јас го чекам уште нема ни трејлер Го чекам со душа вториот дел од Avengers Infinity war. Уште ми се во глава последните зборови на Dr. Strange вака мора да биде.. Ајде Марвел, што чекаш??
Само што го гледам трејлерот за To All The Boys I've Loved Before (2018 ) кога, приметувам ова: Се изненадив ептен. Дочекав да видам и Македонско знаме во Американски филм. Еве го трејлерот инаку, едвај чекам да излезе. Само што ја прочитав книгата.
Се хајпнав премногу за филмов. Покемон отсекогаш го обожавав и конечно филм ќе има. Во кината од 11.05.2019