Jas edvaj čekam da izleze The Exorcist, 50 godini točno posle originalot so Linda Blair i Max Von Sydow koj se računa kako eden od najstrašnite horor filmovi na site vremnija, očekuvanjata se golemi pa baš sakam da vidam dali ke gi opravdaat
Егзорцист излегува на 13. октомври, а за страшен, мене единствено ми е страв да не го зезнат. Инаку и prequel-от од 2004. е доста добар филм, после првиот од 1973 кој е ремек-дело во секој поглед.
Еден куп филмови имам на листата, не знам ни од кај да почнам. На прво место ми е Oppenheimer, за творецот на атомската бомба. Со Килијан Марфи ќе биде и актеров засега не разочарал па баш ме интересира како ќе се покаже и овде. https://m.imdb.com/title/tt15398776/ Џони Деп ќе го глуми Наполеон XV и би го гледала филмов. Сакам вакви period dramas. Jeanne du Barry: https://m.imdb.com/title/tt17277414/ И со Хоакин Феникс ќе има нов филм, малку предолг за мој вкус но не се сомневам дека ќе вреди да се погледне. Beau is Afraid се вика. Овој месец ќе биде премиерата, за кратко. https://m.imdb.com/title/tt13521006/ Eј, да - и Barbie. Не сум воодушевена од Рајан Гослинг како Кен, некако ми е што знам...ама Марго Роби е совршената Барби во мојата глава. Премиерата му е во јули.
Нов филм со Вилем Дефо кој морам да го гледам. И баш интересна улога за Ема Стоун. Poor Things: https://www.imdb.com/title/tt14230458/?ref_=tt_mv_close Од истиот режисер на The Lobster и The Favourite. Ми се допаднаа тие, па очекувањата ми се баш високи и за овој. Ќе излезе во септември, ќе се изначекам.
Барби и Oppenheimer. Колку се збори за нив уште од фрижидер да ми излезат, ама делуваат ветувачки. Исто и Killers of the Flower Moon, ми личи дека ќе биде добар.
И јас едвај чекам да излезе poor things, Лобстер од истиот режисер, грк е мислам го имам гледано и одличен беше, Ема многу ја сакам и од тоа што е излезено многу ветувачки ми изгледа. Исто и Asteroid city на Вес Андерсон едвај го чекам, се што е од Андерсон знам дека ќе биде убаво за око и ќе има прекрасна музика. Ме интересира и како ќе изгледа новиот Wonka филм со Тимоти Шаламе. Треба да излезе на крајот на годината.
Многу ми се свиѓа актерската екипа во Asteroid city. Скарлет, Марго, Стив Карел, Тилда, Брајан... И Мегалополис со Адам Драјвер ми фати око, но него го ставиле за во 2024-та, така што, има уште многу време. Многу филмови се насобрале на листата за гледање, се надевам дека повеќето од нив ќе ги исполнат очекувањата, да не е за џабе чекањево.
Ќе има нов филм на Софија Копола, режисерката на „Изгубени во преводот“, „Марија Антоанета“, The Virgin Suicides... Priscilla Џејкоб Елорди во главна улога, баш ме интересира како ќе се снајде.
Oppenheimer Верувам и оваа сцена е дел од филмот, едвај чекам да ја видам и немам сомнеж во актерството на Килијан Марфи