Во подготовка е римејк на Барбарела, со Сидни Свини во главна улога. Според мене, немало потреба, ама како си сакаат.
Сидни Свини која важи за секс симбол на денешницава ќе се обиде да ја долови Џејн Фонда во улогата на Барбарела на режисерот Роже Вадим(инаку нејзин сопруг во приватниот живот) која според мене е незаменлива во таа улога на секс симбол, таа уметничка еротска силуета на Фонда со беспрекорно тело е култна во филмската индустрија, сепак Свини и режисерот Едгар Рајт ќе се обидат преку овој римејк да го доловат тој момент.
Слични им се цртите на лицето, а земајќи го предвид и нејзиниот статус кај машката публика, ако некоја актерка совршено одговара за улогата, тоа е Свини. Има многу про и контра, но кај мене преовладува љубопитноста како ќе испадне римејкoт и би го гледала.
И кај мене преовладува љубопитноста но сепак сметам дека Џејн е незаменлива, да се надополнам иако има 88 - 89 години просто неверојатно е во каква одлична, топ физичка и ментална кондиција е, таа е феномен изгледа 20 години помлада.