Колку сакате и колку гледате филмови од неанглиско говорно подрачје? Јес да во последно време често се прават филмови кои не се холивудска продукција а сепак се на англиски. Ете јас да речеме посакувам Slumdog Millionaire да е типичен индиски филм, иако тој е и Боливудски и Холивудски филм, но за жал е на англиски. Постојат така добри филмови со странска продукција и кои не се на англиско говорно подрачје а за жал се многу непопуларни. Немаат маркетинг голем и тоа некако причина за неуспех, бидејки јазикот не го гледам како пречка кога имаме преводи иако ова можеби на американците им пречи, којзнае. А дел од овие филмови се поквалитетно направени и имаат така добра содржина да понекогаш жалам што се премалку гледани, како да речеме Incendies. Или има филмови кои се оригинални од неанглиско говорно подрачје а потоа преработени, да не речам ископирани од Холивуд и добиваат екстра популарност, а се реално само една бледа копија. Ќе го спомнам тука The Girl with the Dragon Tattoo. Има некој филм од неанглиско говорно подрачје кој ве воодушевил? Кој ви оставил голем впечаток? Дали ви пречи тоа што не се на англиски? Да препорачате некој филм, да искритикувате?
Има многу Никогаш не ми сметал јазикот на кој е филмот, зашто факт е дека денес неамериканските филмови се далеку многу подобри од она што ни го сервира Холивуд. Еве нешто што јас би препорачала Девојката со тетоважа на змеј го гледав на шведски, незнам каква е американската верзија, ама шведската беше супер. Oд Шведска имам уште една препорака Let the right one in Нешто што сигурно нема да го очекувате од филм со вампири. Одличен избор. Сите, ама баш сите филмови од Педро Алмодовар, толкав сплет на емоции и одлична глума...последно гледан Од Германија нешто меланхолично, во стилот на Вим Вендерс нешто забавно и за крај на мислењево, нешто романтично од Кореја Spoiler ќе се утепате од плачење сите да ги погледнете, зашто сите се феноменални, имам уште еден куп, ама за денес е доста
Мноооогу повеќе ги сакам европските филмови па и останатите, отколку оние од холивудска продукција. Досадни се веќе американциве, филмовине им се веќе ко јајце на јајце. Посебно многу ги поштувам француските филмови, ќе издвојам неколку кои многу ми се допаднале: И една многу добра комедија: