Филмови од неанглиски говорно подрачје

Дискусија во 'Канта' започната од rossonerka, 4 мај 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Колку сакате и колку гледате филмови од неанглиско говорно подрачје?

    Јес да во последно време често се прават филмови кои не се холивудска продукција а сепак се на англиски. Ете јас да речеме посакувам Slumdog Millionaire да е типичен индиски филм, иако тој е и Боливудски и Холивудски филм, но за жал е на англиски.
    Постојат така добри филмови со странска продукција и кои не се на англиско говорно подрачје а за жал се многу непопуларни. Немаат маркетинг голем и тоа некако причина за неуспех, бидејки јазикот не го гледам како пречка кога имаме преводи иако ова можеби на американците им пречи, којзнае. А дел од овие филмови се поквалитетно направени и имаат така добра содржина да понекогаш жалам што се премалку гледани, како да речеме Incendies.
    Или има филмови кои се оригинални од неанглиско говорно подрачје а потоа преработени, да не речам ископирани од Холивуд и добиваат екстра популарност, а се реално само една бледа копија. Ќе го спомнам тука The Girl with the Dragon Tattoo.

    Има некој филм од неанглиско говорно подрачје кој ве воодушевил? Кој ви оставил голем впечаток? Дали ви пречи тоа што не се на англиски? Да препорачате некој филм, да искритикувате?
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.748
    Допаѓања:
    42.995
    Има многу :) Никогаш не ми сметал јазикот на кој е филмот, зашто факт е дека денес неамериканските филмови се далеку многу подобри од она што ни го сервира Холивуд. Еве нешто што јас би препорачала
    Девојката со тетоважа на змеј го гледав на шведски, незнам каква е американската верзија, ама шведската беше супер. Oд Шведска имам уште една препорака Let the right one in
    [​IMG]
    Нешто што сигурно нема да го очекувате од филм со вампири. Одличен избор.

    Сите, ама баш сите филмови од Педро Алмодовар, толкав сплет на емоции и одлична глума...последно гледан
    [​IMG]
    Од Германија нешто меланхолично, во стилот на Вим Вендерс
    [​IMG]
    нешто забавно
    [​IMG]
    и за крај на мислењево, нешто романтично од Кореја :)
    [​IMG]
    ќе се утепате од плачење :wasntme:
    сите да ги погледнете, зашто сите се феноменални, имам уште еден куп, ама за денес е доста :)
     
  3. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    8.394
    Допаѓања:
    38.823
    Пол:
    Женски
    Мноооогу повеќе ги сакам европските филмови па и останатите, отколку оние од холивудска продукција. Досадни се веќе американциве, филмовине им се веќе ко јајце на јајце.
    Посебно многу ги поштувам француските филмови, ќе издвојам неколку кои многу ми се допаднале:
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]


    И една многу добра комедија:

    [​IMG]
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.