1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Филмови според книги

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 2 јули 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Мене секогаш филмовите ме разочарувале. Ми го уништуваат филмот што си го правам во главата. Ме разочара потполно П.с те сакам. Воопшто не си го замислував така главниот женски лик.
    Има ли филмови што ви се допаднале повеќе од книгата?
    Мене единствен таков филм ми е Хари Потер.
    Самрак ми е тотална утка.
     
    На New York13, MiladyDeWinter, MarchelineAmaru и 2 други им се допаѓа ова.
  2. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Неможам да се сетам на некои вакви филмови, ама прво што ми е текна е самрак и второто продолжение млада месечина. Книгите се далеку поубави од филмот, ајде некако првиот дел добро ама вториот е промаршување. Можеби има врска што не е истиот режисер ама сепак. Во книгата има толку емоции и интересни случки, додека на филмот не е ништо прикажано од тоа. Едноставно како што кажа реинбоу ти го уништуваат филмот во главата :fubar:
     
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.404
    Рејнбоу, браво е малку за темава!

    И мене ме разочаруваат, ама веројатно е нормално. Филмот обработува само еден, или ајде нека се неколку аспекти од книгата. И вообичаено немам очекувања за филмот, знам дека книгата ќе биде подобра, ама сакам да ги гледам за да видам од кој аспект направиле приказна.

    Особено тешка утка се книгите од почеток на 20ти век, кога има многу мисли во книгите, а тоа потешко се прикажува на филм. Типичен пример ми е филмот Часови. Не можеш бре Вирџинија Вулф да ја екранизираш! Книгата е ептен длабока, а тоа на филм не може да се прикаже.

    Е сега некое ептен лесни, што ги викам јас 2Д книги може лесно да се прикажат. На пример Разум и чувства, и слични. Или научна фантастика. Ама ај да не тврдам, пошто баш и не читам научна фантастика :)

    Плус на книга некако многу повеќе се навлекувам, се задлабочувам, и сосема поинаку ја доживувам!
     
    На Annath, MiladyDeWinter и DeDee им се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Мемоарите на една Гејша филмот не ме разочара. Добро книгата е пообемна нормално, поописна, ама во секој случај убав впечаток ми остави.

    Анѓели и Демони исто солиден ми беше. Малку утнат кастинг според мене, јас додека ја читав книгата девојката ја замислував како Моника Белучи, а испадна некоја тотален анонимус, ама ок.

    Вероника реши да умре кастигнот беше добар, ама некако филмот ми немаше душа. Можело далеку подобро.

    Филмови што баш ми ги погодиле со книгите ми се Убиство во Ориент Експрес, оној од '70 и некоја , Свила на Алесандро Барико и Читачот. Полн погодок. :y:

    Во план сум да ја прочитам, па да го погледнам Љубов во време на колера од Маркез и чекам да ја екранизираат Илјада неверојатни сонца на Калед Хосеини. Така.
     
    На Annath и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Ќе ја екранизираат Илјада неверојатни сонца? Е тоа би сакала да го видам.
    Ангели и демони и Кодот на Да Винчи воопшто не ги гледав, бидејќи Том Хенкс ми е тотална утка за улогата.
    И би сакала да го гледам Одвеано од виорот, ама книгата ми е така длабоко врежана во срце што воопшто не би сакала да се разочарам.
     
  6. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Браво за темава! :clap:

    Според мене, ниту еден филм не е толку добар колку книгата, според која е направен, затоа што, сите ние сме различни, и при читање си фантазираме на свој начин. Во филмот, не може да се опфатат сите информации кои ги содржи книгата и е прикажана фантазијата на режисерот. Не може да се почувствува.
    А напротив во книгата, се будат милиони чувства и емоции. Се развива фантазијата.
    Не може да се споредува книга, и филм според истата.
    Еве, ќе го земам ,,Самрак,, за пример.
    Бидејќи прво ја прочитав книгата, па потоа го гледав филмот, можам да кажам дека во мојата фантазија, се беше толку прекрасно и совршено, а од филмов се разочарав. Исто и за шопохоличарката, толку информации беа пропуштени.
    За пс: те сакам, подобро и да не коментирам.
    Така да, според мене филмот не може да се рамни со книгата. :)
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Ете што заборавив книгата е преубава, а екранизацијата е толку совршена, секој можен детаљ е опфатен.
    Како вода за чоколадо од Лаура Ескивел, филмот е шпански и обично го даваат на Телма.
    Топло ги препорачувам и двете верзии. :)
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Книга си е книга! Од досегашните екранизации што сум ги глкедала, сите ми го расипале впечатокот. Најсолиден и мене ми беше Мемоарите на една гејша, сепак е филм, мора да се скрати, па да се додаде, и да испадне нешто. Инаку Ангели и демони и Кодот на Да Винчи не сакам да ги гледам. Во главава имам зацртано филм, многу ги сакам тие книги, па не мора да се теретам и невирам после. :D
    Оф, да, и друга солидна екранизација што ми оставила впечаток е Љубовникот на Леди Четерли. Актерката е баш таква каква што си имав јас зацртано, барем по однесувањето. Добра глума :)
     
  9. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Јас сум за книга. Онака како што ќе ја доживеам книгата тоа никако не може да се постигни со филмот.
    Се согласувам со rainbow за Хари Потер
     
  10. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Се согласувам: Роберт Ленгтон и Том Хенкс WTF :o !!! Mожеа да најдат некој по мажествен, по згоден, како што си го замислував. Инаку го имам гледано само Кодот на Да Винчи и не верувам дека некој кој не ја читал книгата би можел да го разбере. За PS I love you не сакам ни да зборам. Седнувам да го гледам филмот и мислејќи дека ме очекува нешто трогателно, им велам на другарките немојте да се смеете, бидејќи ќе плачам. Кога тотално разочарување. Ни одблиску доловени прекрасните моменти од книгата. Мене единствено ми се допадна екранизацијата на The notebook.
     
  11. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    152
    Јас не сум ја читала книгата, ама филмот е фантастичен,бар за тоа време во кое е сниман.
    Еве уште некои
    Девојката со бисерна обетка, Eat,,pray,love , The Diving Bell and the Butterfly ( одличен француски филм ), The English Patient, Оркански височини. Тие ми текнуваат во моментов.
     
  12. womaninwhite

    womaninwhite Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    13
    "Don't Judge a Book by it's Movie" ;)
    Иако е стар, би го препорачала Love Story. Сум се утепала од плачење на книгата, а богами и на филмот. :tmi:
     
    На MiladyDeWinter му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Книга никогаш не може целосно да се екранизира. Не може секогаш да се пренесе се она што е напишано во книгата, што е и нормално, затоа што тогаш филмот ќе трае со денови.
    Инаку, Рејнбоу, мислам дека нема да се разочараш од Одвеано со виорот, филмот е фантастичен! Барем според мене. Ретко некој филм според книга ми се допаднал толку. И Ана Каренина не е лош, а да не зборувам за Војна и мир, и Појадок кај Тифани. После тоа, ми се допаѓа и Убиј ме нежно, иако Џозеф Фајнс не ми е баш омилен актер.
    Според мене, Хари Потер не е нешто, ми фалат многу работи од книгите. Ај да видиме со последниот дел, има два филма. Господарот на прстените исто така не е целосно прикажан иако поентата е опфатена. Не сум го гледала Свила, иако имав неколку шанси, ама ги испуштив. Аразочарана сум од Грофот од Монте Кристо, но тешко е да се долови такво маестрално дело на филм.
    Чоколада ми се допадна, иако ја немам читано книгата. Ама некогаш ќе ја прочитам.
    Сега за сега толку. Ако ми текне уште нешто, ќе пишам.
     
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Искрено - обично гледам прво филмот да го ГЛЕДАМ, па после да ја прочитам книгата. Така не се разочарувам :D
    Самрак - тотален промашај. Кога го гледам филмот, се мислев дали да земам да ја читам книгата. Мило ми е што ја прочитав.
    Хари Потер... филмот. Книгите ги имам читано на македонски, и многу конфузија ми се створи со имињата на споредните ликови. Што ги коштало исти да ги остават, само транскриптирани?
    Чекори за сеќавање... исто ја читав на македонски и не ме воодушеви. Ама се тешам дека тоа е само до преведувачот :lol:
    Е сега на ред ми се P.S. I love you и The Notebook (за читање), ама ги сакам во оригинал.
     
  15. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.094
    Допаѓања:
    6.833
    Пол:
    Женски
    Јас многу ги сакам The girl next door - Jack Ketchum,многу добро направен филм и тоа според книга која никако не можам да ја најдам.Само на нет неколку страни имам прочитано. :(

    Исто така филмот Чоколада ми е добар иако книгата ја немам прочитано.Од детските книги постои и филм за двојната лота,се вика Parent Trap (баш синоќа го гледав и многу ми се допадна).
    За Хари Потер се согласувам со виножитка.
     
  16. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    „Вероника реши да умре“ од Пауло Коелјо е прекрасна книга која дефинитивно ми го смени животот и ме поттикна да размислувам. Филмската реализација? - Катастрофа! Се разочарав... Како прво, дејствието во книгата е во Љубљана, а на телевизија јас го гледам Њујорк! Па не е ова Sex and the city! Актерите не ми се допаднаа, ниту пак целиот проект. Наместо да побуди желба за живот, нов поглед кон светот, мене филмот ми беше мрачен и досаден.

    Некогаш филмовите знаат да бидат многу поубави од книгите, ама кога веќе си ја прочитал книгата чудно е кога ќе го гледаш филмот. Си имал сосема друга замисла за изгледот на ликовите и ситуациите. Затоа не практикува да ги гледам филмовите бидејќи ми го уништуваат првичниот филинг.
     
  17. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Секогаш прво ја читам книгата, па после го гледам филмот. Светот на книгите е волшебен и секој читател на посебен начин ја доловува содржината на книгата. Јас секогаш кога читам, во главата си претставувам слики и си ги замислувам настаните, затоа кога го гледам филмот си викам ех ова можело подобро да се направи :)
    А за Notebook навистина филмот ми беше на место, прекрасно е претставена содржината на книгата.
     
    На MiladyDeWinter му/ѝ се допаѓа ова.
  18. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Излезе ли филмот? Знам дека читав некаде дека Џулија Робертс ќе биде во главната улога, ама не знаев дека веќе излегол. Добар ли е исто како книгата?
     
  19. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Многу филмови се далеку по содржина од соодветните книги, има делови што се изменети или отфрлени или пак придодадени. Сум гледала некои филмови пред да ги прочитам книгите и откако ќе ги прочитав ќе ми се разјаснеа работите, или пак сум читала книги па сум ги гледала филмовите, па дури гледам чекам некој настан да се случи, а него никаде го нема. Сепак мислам дека има и некои книги што се супер претставени преку филм, како The Notebook, како што кажавте, супер е :y:
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Премиерата е на 13 Август 2010, се надевам ќе биде добар како книгата :)

    Дали некој ја читал Парфем? Мене филмот ме воодушеви, премногу ми се допадна, веродостоен ли е со книгата?