Crazy rich Asians филмот во споредба со книгата. Книгата е првиот дел од трилогија. Нормално, како и во други ситуации, во книгата има многу повеќе информации отколку во филмот. Повеќе е објаснето потеклото на ликовите, на нивните семејства, со што се создава подобра претстава за моменталната ситуација во која е ликот, контекстот е побогат од една страна а од друга страна ти помага да разбереш како во последниот век се случил навистина интензивен економски, финансиски и технолошки бум во Азија и како се менувал со тоа и нивниот менталитет. Описот на местата е подетален и кореспондира со денешниот изглед на тие места, затоа што дејството на книгата е во сегашноста. Значи можеш буквално да изгуглаш некоја од локациите и да го видиш она што го читаш во книгата, што ти дава јасна слика како изгледаат местата. Истото важи и за описите на храната, намештајот, уметничките дела, облеката и модните креации. Бидејќи книгата се фокусира на елитата, најбогатите од богатите (значи само мал дел од народот во Азија), со ваквите детали те внесува во тој свет, како паралелен универзум, кој поголемиот дел од луѓето во Азија (и светот воопшто) не го виделе. Свет кој е истовремено и целосно различен и целосно ист од оној на просечниот човек. Филмот се труди сето ова да го прикаже, во тоа ограничено време колку што трае, а при тоа да биде забавен и да го задржи вниманието на публиката. Почетокот на филмот, ја следи книгата, тука се совпаѓаат содржински. Некои делови од книгата понатака во филмот се скокнати (дури има на јутуб можност да се видат некои од нив, како избришани сцени кои се снимени, ама не се додадени во филмот), а мислам дека се битни. Крајот на филмот е различен од книгата, дури и избрзан и премногу упростен личи во однос на книгата. За оние што ја прочитале можеби и разочарувачки. Би рекла дека е типично холивудски крај на една романтична комедија. А книгата не е романтична комедија. Она што мене ми се допаѓа во филмот се глумците кои се избрани за ликовите. Мислам дека тука направиле добра работа. Таман спој ми беше главниот пар глумицата Constance Wu -како Rachel Chu и преслаткиот Henry Golding - како Nicholas Young, имаа добра хемија. Ама најдобри ми беа споредните глумци: Michelle Yeoh која го глуми ликот на свекрвата, мајката на Ник, ми е една од омилените глумици. Мислам дека е недоволно призната кај нас како глумица. Глумеше во Клекнат змеј, скриен тигар и во Star Trek: Discovery. Awkwafina го додава хумористичниот елемент во филмот, дури и подобро од книгата. Gemma Chan е таман избрана за ликот на Астрид. Се гледа дека кастингот е добро сработен. Оние кои се љубители на книгата и филмот се во исчекување на продолжение на филмот (поточно на две продолженија), зошто има уште многу материјал во трилогијата за добар втор и трет дел. Има уште многу нешта што се останати нераскажани во филмот. Иако првично така бил планот, писателката на сценарито ја напуштила продукцијата заради несогласување околку плаќањето и тука застана целата работа.
Излезе Persuasion со Дакота Џонсон. Не се научи и не се научи да глуми оваа актерка, не знам што толку ја форсираат. Книгата е фантастична, не ни може да биде нешто друго штом Џејн Остин стои зад неа. Филмов за жал, е уште една Бриџертонизирана адаптација со нула оригиналност. Автентичност и нема баш некоја, начинот на кој зборуваат, изразите, речениците...сето тоа е баш ко некоја модернизирана верзија. Да не е (до некаде) ентериерот и костимографијата, нема да има некоја голема разлика меѓу тоа сега и тоа тогаш. Не дека очекував којзнае што па сега разочарана - си знаев дека ќе биде вака, но сепак сакав да го гледам, чисто онака.
Од она што сум гледала од филмови според книга, врска си нема. Книгата ептен ја доживувам, ова филмот не можам ни до пола да изгледам, не ми е тоа, тоа. Во книгата се внесувам, со филмот некако ниту емоции доловам, не знам барем до сега тие 3,4 филма според книга не ми биле ништо посебно, секогаш прво книгата ја читам па велам ај да погледнам филмот и потоа премотувам сцени да фатам нешто интересно.
Where the crawdads sing... Предобар филмот, пре, се изнаплакав пак, исто како и на книгата. Топла препорака и за книгата и за филмот. Актерката што ја одбрале е прекрасна и совршено се вклопува во приказната.
The Adventures of Huckleberry Finn од 1993 со Elijah Wood. Авантурите на Хаклбери Фин на Марк Твен во филмско издание за коешто случајно дознав листајќи на Дизни. Elijah е извонреден глумец и како дете. Ме чуди рејтингот на imdb, од мене има најмалку 8/10.