Филмот беше далеку подобар од книгата, според мене. А можеби и преводот не чинеше, кога ја читав многу се нервирав што некако глупави ми беа речениците. Криво ми е што нема саглам македонски превод на бестселери. Мислам дека македонската читателска публика заслужува квалитетни преводи. И да додадам, Страници за нашата љубов ми се допаднаа многу, и книгата и филмот. А П.С. Те сакам филмот ми беше многу убав. Книгата ја немам читано.
Парфем е исто преубава книга. Иако прво го гледав филмот, па ја прочитав книгата, сепак и двете варијанти се супер.
Јас прво го гледав филмот Самрак и токму тој ме натера да ги купам книгите и да ги прочитам. Значи филмот е убав иако не е ни до колена на книгата. А Млада Месечина ја прочитав пред да го гледам филмот и најискрено филмот е ТАПА! Многу ме разочара. Сега чекам да го гледам третиот дел Помрачување и ќе видиме како ќе испадне Потоа прво го гледав филмот A walk to remember па ја прочитав книгата. И филмот и книгата се многу различни иако филмот е сниман според книгата. Воопшто не е како книгата. Едно исто е дека двата лика ќе се заљубат и девојката ќе умре. Тоа е тоа. И филмот повеќе ми се допадна
Епа книгата : Чекори за паметење! филмот "A walk to remember " се утепав од плачење иначе за прв пат плачев на филм!
Филмовите се ништо во споредба со книгите безразлика за кој наслов станува збор.Еве Хари Потер на пример прво ги гледав филмовите и уште како мала се вљубив во нив.Потоа ги симнав книгите од интернет и се оставив од читање.Значи ми го одземаа здивот.Иако и филмовите се топ,книгите се нешто нај.Толку пати се поистоветував со ликовите,па дури и скокав во кревет кога ќе дојдеше некој напнат момент Само се надевам дека нема да потфрват на последниот дел од филмот,иако знам дека е тешко 700 страни да се прикажат.Исто така и за Изгубениот симбол-Ден Браун.Ги зезнаа претходните филмови и тоа колку па се надевам ако се снима и овој дека ќе биде подобар.Кој и да почне да ги чита книгите од него ќе заборави и да јаде.А Господарот на прстените-иако многу ми се допаднаа книгите сепак многу на широко некаде е опишувано па така да може да се каже дека филмот поубав ми беше.
Дефинитивно книгата е подобар избор од филмот затоа што во филмот се исфрлени многу моменти од книгата.Се разочарав кога го гледав филмот Мемоарите на една Гејша,а претходно ја бев прочитала книгата.Единствено можам да кажам дека книга и филм ми се допаѓаат Господарот на прстените,филмот е направен многу добро баш онака како што сум ги замислувала ликовите.
и мене филмот Самрак ме натера да ги купам книгите и да ги прочитам. Филмовите во суштина се добри ама многу моменти се испуштени од книгите.. Во книгите навистина се е опфатено, се е во детали опишано. А во филмовите.. Се е некако напикано, набутано.. Што е нормално. Да оделе скроз по книгата филмовите ќе траеа по 4 саата незнам.. Мене дефинитивно и книгите и филмовите Самрак ми се супер а да.. И чекори за сеќавање не е скроз ист ко филмот.. Ама суштината е иста позз <3
Логично е дека кнугата е многу по моќна импресија од филмот. Филмот е само уметнички израз поттикнат од содржината на книгата, на една индивидуа. Совршен пример за тоа е еден култен филм од типот на -Clockwork Orange на легендата Stanley Cubrick. Споредувајќки со книгата Кјубрик се држи само до фабулата како водечка линија, но во сосема поинакво светло, што на филмот му дава многу интимен дел -од себе самиот. Има и еден Мексикански филм сниман според роман, беше номиниран за оскар 2000та - Amorres Perros. Исто совршена екранизација, но многу по доследна на авторот отколку во првиот пример. бтв.Парфем е прекрасна книга, далеку подобра од филмот. Преводот знае да игра клучна улога во доживувањето на приказната и баш затоа инсистирам книгите да ги читам во нивните изворни изданија, или бар на англиски. Сум сренала така лоши преводи, што на пола книга сум се запрашала дали е тоа пародија на романот или некој прави шега?
Една од омилените книги ми е - „Вероника реши да умре„ од Пауло Коелјо, пред некое време видов дека излегол и филм според книгата, го изгледав и се разочарав, нема врска со книгата.
Прво да кажам, најмногу ме разочараа првите три дела од Самрак сагата. Да се надеваме четвртиот дел добар ќе биде. Едноставно многу важни работи од книгите се испуштени, не е доловена смислата на книгите во филмовите. Многу се разочарав кога го гледав првиот дел, а од вториот и третиот знаев што да очекувам. Второ, Дневникот на принцезата. Сосема различна приказна се филмовите и книгите. Немаат врска едно со друго. Хари Потер е следен. Иако ги немам читано книгите (планирам во блиска иднина да ги набавам), ми имаат кажувано работи што ги нема во филмовите. Сепак, и филмовите се супер. Има уште многу други, но не ми текнуваат во моментов. Од досегашното мое искуство, книгите дефинитивно не можат да се споредат со филмовите.
Ау Алис, полн погодок за овие два филма! Мене ми е Clockwork Orange мастерпис, како филмот така и книгата! И да се надоврзам, книгата беше прекрасна во смисол да се прикаже тој јазичен микс на рускиот со англискиот јазик, во филмот имаше други симболи кои укажуваа на комунизмот. Значи и филмот и книгата си употребија свои сопствени средства, и тоа ги прави силни. Општо инаку морам да кажам дека многу се плашам да ги видам филмовите кои се направени според книги кои ги имам прочитано. Рејнбоу кажа - филмот ти го крши филмот кој книгата ти го создава во главата. Но од еден филм бев воодушевена како погоди се точно онака како што замислував додека ја читав книгата - In Coldblood од Truman Capote и подоцна филмот Capote. Екранизацијата пак на некои класични англиски дела оди подобро, така да во глобала тие не ме разочарале, но во последно време ако нешто се сними според некоја книга, се мислам 3 пати дали ќе идам да го гледам филмот
Како и на повеќето тука и мене филмот многу знае да ми ја расипе сликата од книгата.Нели кога читам си ги замилувам ликовите си создавам мој филм...и кога ќе го погледнам филмот Јас сум ги гледала следните филмови според книги: Парфем-и книгата ми е многу подобра од филмот,но и филмот ми се допадна,глумецот баш така си го замислив,само на крајот,последната сцена кога го распарчуваат е тоа ми беше врв некако ми се згади Страници на нашата љубов-Филмот како и книгата ме расплакаа страшно кога ја читав плачев ама кога го гледав филмот плачев уште повеќе зошто некако послино чувство ми разбуди да ја гледам таа љубов. Самрак-филмот првиот дел ми е добар,другите ми се утка...а и книгите не ми се нешто посебно.Не ми се допаѓа. Појадок кај Тифани-е за овоа не се коментира Ликот во книгата не е ништо помалку привлечен од ликот на Одри Хепберн(али сепак повеќе ми се допадна да ја гледам,зар има нешто погламурозно од неа???)А и стилот на пишување на Капоти е елегантен и едноставен. П.С.Те сакам-Прво го гледав филмот,па ја прочитав книгата и дали поради тоа не ми се допадна Другата Болејн девојка-Една од ретките литературни дела чија екранизација успеја да ме остави без текст и затоа ми е еден и од омилените Сопругата на временскиот патник-Филмот ми е малку збркувачки...поради тоа од каде се вратил,каде е сега(тие што го гледале веројатно ме разбираат за шо зборам)и затоа книгата ми подобра зошто можев да се навраќам и да ги решам тие недоразбирања. Мемоарите на една гејша-Ми се допадна и филмо и книгата,филмот делумно ради тоа што ја гледав таа култура и тој начин на живот(подобро е одколку да го замислувате)а книгата поради деталите со кои изобилува. Хари Потер-Мојот омилен филм Кнгите сите ги прочитав и неможам да речам дека не ми се допаѓаат бидејки се стварно добри.Но филмот е предобар,може книгата изобилува со повеќе детали ама ниеден од нив неможе да ги долове ефектите кои ги има во филмот.Едвај чекам да го гледам последниот дел(поточно двата последни)сигурна сум дека ќе биде оригинален Моментално на овие ми текнува...сигурно има и други ама ќе пишам кога ќе ми текне или кога ќе ги гледам
Секогаш давам предност на книга пред филм. Ако видам филм за некоја добра книга, прво ја читам па филмот го гледам. Кога читаме ние си создаваме филм за истата книга. Си ги замислуваме глумците, креираме сценографија ... а многу често режисерите на филмовите поинаку ја сватиле книгата па глумците воопшто не се ко оние во нашите глави. И многу често се разочаруваме на филмовите од прочитаните книги. А оние кои не ја прочитале книгата можеби филмот им е за 10ка, а нас потпросечен Омилен мој писател е Николас Спаркс. Романтичар. Од најубавите негови дела искочија најубавите романтични филмови. Ама ниеден филм не е како филмот во мојата глава додека ги читав книгите The Notebook е прогласен за најромантичен филм на сите времиња, а за мене книгата е врв, и филмот е супер, посебно одбар избор на глумци, ама неспоредлив е со книгата. Dear John, книгата ја купив во оригинална верзија дома ама никако да ја прочитам а со тоа чека и филмот премиера. Иако баш овој филм го тргна Аватар од првото место на филмските листи! The lucky one не ми е гледам ама сега баш го симнував, незнаев дека е од Спаркс книга, а таа книга ја нема на македонски, така да сепак со филмот ќе се задоволам. Тhe walk to remember филмот е скааалила подоле под книгата, која секој би го расплакала. И порака во шише книгата е совршенство, а филмот просечен. Така да ако ги сакате овие филмови романтични, прво земете ги книгите на Спаркс прочитајте ги. Овој генијален романтичен писател ќе продре во секое романтично женско срце и верувајте секоја приказна ќе ве расплаче и остави без здив!
Хмм ме заинтересира да знаеш Али прво мора да се оттарасам од овие школскиве лектири па после одвај чекам да си зеам да си читам нешто мое.. Само да те прашам штом ги имаш прочитано, е сеа незнам дали на англиски или македонски, али ако ги имаш прочитано на мак. какви се? дали се добро преведени, ако не се да си ги читам на англиски..неам проблем јас со англиски воопшто,али ипам мак. е мајчин јазик Што мислиш ти?
Инаку да одговорам на темата И јас мноогу повеке преферирам книга од филм.. Како што повекето од девојките тука веке одговорија, ние кога читаме, нашата фантазија ја креира сликата за личностите,местото каде што се одвиваат настаните,гласот со кои зборуваат и се друго,и со гледањето на филмот од истоимената книга, сме доста подложни на големо разочарување, бидејки секој човек си има своја сопствена замисла, и реткост е таа да се потрефи баш со режисерот на филмот, и воедно со самиот филм Така да јас не практикувам да го гледам филмот воопшто.. Има толку многу други филмови, неморам баш тие да ги гледам, од кои ја имам прочитано книгата.. Сакам во секавање да ми остане мојата замисла, а не нечија друга.. А и како што е веке спомнато, филмовите се дааалеку од целостното опфакање на книгата, а често се случува да филмот и книгата немаат некоја заедничка содржина Единственото што го делат, е насловот, а содржината си нема везе Самрак ги гледав 3те излезени дела, бидејки кога ги гледав, незнаев дека биле правени според книга.. Тие ме поттикнаа да ги читам книгите, што и наскоро ке го сторам тоа, но да знаев претходно дека се базирани на книгите од Стефани Мајер, немаше да ги гледам филмовите, туку ке ги прочитав книгите... Иако.....можеби и би ги гледала поради големата популарност што нема да биде случај со останатите филмови.. Доста се поприкажав јас, поздрав
Но има автори кои не им оставаат многу простор на режисерите. И тоа има важна улога. Кога ги читав делата на Бекет и кога ги гледав филмовите `Чекајќи го Годо`, `Среќни Денови`, `Игра`, Катастрофа`,`Крајот на Играта`, `Чекори` се беше доследно на делата, реакциите, изгледот на ликовите... Тоа е затоа што Бекет е детален во своите текстови, го опишува детално изгледот на ликовите, местото каде што се одвива дејствието, реакциите. Ремарките му се толку прецизни => (Естрагон го погледна со Презир. Тишина. Владимир стоеше вкочанет. Естрагон се повлече два чекори наназад и кимна со главата. Тишина. Лаки се фати за шапката...) Сум гледала и повеќе изведби на Претстави од Бекет. Сите се доследни на ремарките. Она што ме интригира во самите изведби, е само, умешноста на актерот да му остане доследен на авторот. Не на режисерот. (бидејќи неговата улога работејќи на вакви автори е маргинална) Бекет го дадов како пример. Сакав да кажам дека не секогаш филмот може да ја наруши сликата која авторот ни ја содал во глава, за самото дело.