Па најдобри филмови според книги според мене се сите од Николас Спаркс,особено Notebook-најомилен ми е
Читај ги англиските верзии ако не ти е проблем. Оригинал си е оригинал Ги има во книжарница Три и оригинали и мак верзија
Најголем избор има во Англиски Центар кај Беко... Јас од таму купувам веќе7/8 год и многу сум задоволна...Имаат најнови изданија секогаш
Се сложувам со веќе погоре напишаното! Книгите секогаш ми се подобри од филмовите. Филмот ми ја руши претставата во главата што сама сум ја создала со читање на книгата. И да, дефинитвно оригиналите на англиски. Сепак, доколку се може.
Секогаш книгите се подобри од филмовите многу сум разочарана од Мемоарите на една гејша прво ја имав читано книгата прекрасна е а потоа го гледав филмот и не е така како што си замислував а исто така можам да кажам за мене филм според книга е Notebook (страници за нашата љубов ) од Николас Спарк дефинитивно
Книгата е многу подобра секогаш од филмот. Мемоарите на една гејша не ми беше лош филм иако очекував подобро. А Notebook и Порака во шише ми беа одлични.
Преферирам прво да ја прочитам книгата, па после филмот. Во книгите се е детално опишано и имам мошност за имагинација на случувањата, изгледот на луѓето, пејсажите... А филмот како филм не може се да опфати
Мемоарите на една гејша и за мене ен беше некое филмско остварување. МНогу од емоциите на Сајури не можат да бидат доловени на платно, и очекувано-не беа. ИСто така и многу убави детали имаа скокнато во сценариото, како и некои нејзини стршно убави монолози. Ама секако, тоа и се очекуваше. Мене ми се уништи комплетно сликата во глава што ја имав за неа и незјиниот свет.
Пред некое време ја читав Чудниот случај на Бенџамин Батон. Мислам беше само еден од низата раскази во книгата а не цела книга. А го имам гледано и филмот и морам да кажам филмот врска нема со тоа во книгата што се случува. И се согласувам секогаш ја преферирам книгата пред филмот...
Сега за сега сум имала само една можност да споредам книга и филм.Порано ( ко помала ) кога ќе слушнев некој демек : абе книгата 100 пати е поубава од филмот!-си викав абе кај жити се може книга да биде поинтересна него филм-нема шанси ! Ја читав Ангели и Демони,многу ми се свиѓаше книгата и после бев во кино да го гледам филмот.Стварно си немаше везе.Се онака беше претставено површно,книгата беше со многу убави опишувања и уствари работата е што ти во глава си правиш некој твој филм и претстава која е подобра и поинтересна од него тоа што ќе го видиш на филмот.
Не може филмот и книгата да ја прикажат приказната исто, бидејки авторот си имал една замисла додека ја пишувал, режисерот сосема свое видување. Јас бидејки ја имам прочитано Илијада од Хомер, се разочарав кога го гледав Троја, бидејки , ама ни малку не им дале значење на боговите, како што е тоа опишано во книгата. Добро не е тотална утка, заради Бред Пит , ако ништо друго Исто ја читав Ангели и демони , во кино го гледав филмот, ама разликата е огромна, сепак си имав јас веќе направен свој филм во глава. Кодот на Да Винчи ми одзема многу време да ја прочитам и разберам, а филмот беше само предјадење на книгата.
Мене лично никогаш не ми се десило филмот повеќе да ми се допадне од книгата, дури ни на исто ниво не ми биле, секогаш ке се полетам да гледам некој филм знаејќи дека книгата е топ и нормално ке се разочарам. Има филмови ремек дело, али кога се прераскажува книга тоа е малце индивидуална работа. Книгата може да се чита на повеќе начини, па ради тоа и често се разочаруваме кога ке видиме проекција од таа книга.
Другарка ми ја читала Хари Потер а ја не, ги глеав филмовите мене многу ми се интересни, сигурно во книгата е многу поразлично. но сепак во книгата не е толку интересно одколку коа го гледаш тоа ама што знам можеби кога читаш е подобро зашто со својата фантазија си создаваш како и шо се десило, сеа во книгата ќе пишува замавна со стапчето тоа во филм поинтересно е да го гледаш а исто во филмовите додаваат МНОГУ работи измислени а одзимаат многу од книгата што пишува, така да ќе се изгубиш уше малце ќе мислиш не е работен филмот по таа книга.
Се разочарувам многу кога ќе ги гледам филмовите откако ќе ја прочитам книгата...Филмовите се една голема нула во споредба со книгата...Се разочарав посебно со П.С.Те сакам,какви битни случки и детали беа изоставени во филмот,тоа е ужасно. Сега сакам да ја читам Порака во шише,филмот го гледав и многу ме погоди,но знам дека откако ќе ја прочитам книгата филмот нема да го гледам со исти очи. Но тоа е така,во книгата писателот може да се ''расплини'',да навлезе до најситни детали,токму заради тоа пишаниот збор ни се допаѓа повеќе.
Го гледав Eat, Pray, Love и не знам каква е книгата, ама филмот е близу катастрофален. Многу досадно, требаше тоа демек да ме инспирира на некој начин? Ги молам да дадат коментар тие кои ја прочитале книгата, па да направиме паралела со филмот.
Јас сакав да ја земам книгата, ама сега кога го гледав филмот, не очекувам ништо посебно. Слушнав и прочитав многу добри критики за филмот и книгата, ама ете мене не ми остави филмот некој посебен впечаток.
Книгата е типична лесна литература без никаква вредност. Обична приказна, многу модерна во последно време, стилот на пишување по ништо не е посебен. Не вреди да се поминува време на ваква книга - тоа е моето мислење, јас ја оставив после 80тина страници.
angles and demons јас само филмот го имам гледано, премногу ми се допадна, другарка ми вика книгата уште поубава била... ама не знам ја немам читано! инаку филмов, ептен ми се допадна!
Еве еден одличен филм снимен според книга - Sophie's Choice (1982): Глумата на Стрип е она што го прави посебен - кој не го гледал, под итно да одвои време за него! Уште еден: The Unbearable Lightness of Being (198 - Неподносливата леснотија на постоењето, снимен според истоимената книга на Милан Кундера. Фантастична глума. Сепак, не можам да речам дека е доловена суштината на книгата, најважното е испуштено, но Кундера и не би можел да се пренесе на филм онака како што го доживува читателот. Гледајќи го засебно, филмот е добар. Парфем ми беше одличен филм се’ додека не ја прочитав книгата... Книгата е мастерпис, десет пати повредна од филмот, просто ги чувствував мирисите читајќи ја. Свила не сум го гледала, но книгата ми беше прекрасна. Очекувам многу од филмот, ќе го гледам наскоро кога ќе најдам време.
Американска трагедија е исто фим според книга,првин ја читав книгата па после го гледав филмот,се разбира имаат утка малку ама сепак сметам дека не може се да се пренесе баш од книгата.Ви ја препорачувам книгата девојки многу убава содржина.