1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Филмови според книги

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 2 јули 2010.

  1. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Неколку пати имам напишано дека ја обожавам Даниела Стил барем сите книги што и ги имам читано ми се допагаат. Дали можетете да ми кажете некоја книга што е филмувана ? Баш сакам и некое филмче да изгледам
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.419
    Допаѓања:
    200.971
    Пол:
    Женски
    Тука имаш список на скоро сите книги од Даниела Стил што се филмувани, ама мислам дека во повеќето случаи се работи за серии. Јас се сеќавам на „Прстен“, Настасја Кински беше во главната улога, како Аријана.
    http://www.fandango.com/daniellesteel/filmography/p218603
     
  3. caki.83

    caki.83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    34
    Секогаш се книгите поубави од од филмовите :?:
     
  4. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Никој филм неможе да пробуди толку емоции како книгата, зашто при читање едноставно ја користиш својата фантазија за да ги оформиш и оживееш на некој начин ликовите и местата.
    Јас повеќе сакам прво да ја прочитам книгата, а потоа да го гледам филмот. Исклучок ми е само Хари Потер и тоа првиот и вториот дел, кои ги гледав пред да ги прочитам книгите (затоа и вториот дел гледајќи го само филмот едвај го сфатив).

    Господарот на прстените не беше лош, ама има доста пропуштени делови што е нормално.
    Од филмот Самрак просто се разочарав. Едино само Бела и Едвард ми беа исти при читањето затоа што знаев дека тие глумат, но настаните се сосема испревртени.
    П.С. те сакам - главните ликови воопшто не си ги замислував така, а и во филмот многу недостасуваат емоции (за разлика од книгата)
    The notebook и A Walk to Remember беа преубави, како што плачев додека ги читав книгите така плачев и додека ги гледав филмовите.
    Единствен филм според книга што многу ми се допадна е Хари Потер, сите делови. Едино што шестиот дел од филмот е прееемногу скратен, многу важни работи се пропуштени. Ама како и да е, задоволна сум од глумата, ефектите и содржината.
     
  5. VioletButterfly

    VioletButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Секогаш се разочарувам кога гледам филм според книга зошто никогаш не е доловено се како што треба, никогаш. Најубав филм по книга ми е Фантомот од операта
     
  6. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    И јас се сложувам за П.С.Те сакам дека филмот воопшто не беше добар,за разлика од книгата,која ме воодушеви!Многу делови се сменети,скратени,плус филмот беше како без дејство,досаден,а книгата,иако тажна,беше и забавна и успеа да ме насмее.
    Филм според книга,кој ме воодушевил-Хари Потер,сите делови.
     
  7. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Книга си е книга ! :)

    Ги прочитав сите мислења, и не најдов дека некој ја има спомнато книгата '' Ловец на змееви '' :)
    Јас лично, книгата ја преплакав, а филмот ... Немаше никакви емоции, како роботи да беа :)
     
  8. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.457
    Да не се има случајно направено филм според книгата Втора шанса од Џејн Грин? :?: Баш би сакала да го погледнам.
     
  9. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Мене отсекогаш книгите ми биле подобри од филмовите
     
  10. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Многу лошо доловуваат важни моменти во филмовите. Често се скокаат работи кои не требало да ги скокнат. Мене само Мемоарите на една гејша ми направи збунка. Комплетно се различни книгата и филмот. И не знам да кажам кое повеќе ми се допаднало. Претпоставувам филмот.
     
  11. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    И јас како и повеќето многу повеќе ги сакам книгите од филмот. Повеќе уживам, поголемо и подолго е задоволството од книга. Поубаво е опишано и повеќе има емоции во книгата

    Ќе наведам три примери за секој случај:)

    1. Најголемо филмско промашување според книга ми е дефинитивно Парфем. Темата е многу специфична, и на екран неможе да се долови баш ништо. Во преден план е сетилото за мирис кај главниот лик и во книгата сето тоа е многу добро доловено, додека на филм - ништо. Ко да незнаеш што се случува, неможат да прикажат никако што тој мириса, и како се осеќа поради тој мирис

    2.Хари Потер ми е онака океј, баш на средина. Со оглед на тоа колку се големи книгите, и колку битни ствари има, сепак режисерот успеал да ја долови целата приказна. Замислете вака трае филмот 2ипол саати, а пак ако фател за се живо и диво да прави сцени ќе треба серија една :D Затоа немам замерки и баш ми е на место, таман

    3.А пак случај каде што филмот ми се свиѓал повеќе од книга е: Јади, моли се, љуби. Мене субјективно ни книгата ни филмот не ми се допаднаа и не би ги читала/гледала пак. Ама како спордба филмот повеќе ми се свиѓа поради градовите кои можевме да ги видиме на филмот, сите тие убавини...и во овој случај можам да кажам дека сликата вреди 1000 зборови :) Колку и да ја оишува авторот Индија, Бали, Италија....мене повеќе впечаток ми остава кога ќе ги видам тие убавини
     
  12. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Го гледав филмот Confessions of a shopaholic, а со книгата сум на почеток, и филмот не ми се допадна, не ми беше ништо посебно, па изгубив желба да ја дочитам.

    Книгата „Јади, моли се, уживај“ ја прочитав ама досадна ми беше (особено 1 и 2 дел) па сега ни филмот не ми се гледа.

    Претежно секогаш книгите се подобри од филмовите. Што не е случај со серијата Gossip Girl, и истоимената книга :)
     
  13. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Во моментов ја читам "Јади, моли се, уживај " па откако ќе ја завршам сакам да го погледнам и филмот
     
  14. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Скоро секогаш ме разочаруваат, многу полоша слика создаваат од тоа што го читаш во книгата.
    Посебно се разочарав од Вероника реши да умре... утка филмот
     
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Гледам неколку пати е спомнат Јади, Моли се, уживај. Дефинитивно е подобар на филмското платно отколку во книгата, како книгата да ја правеле според филмот. Чудна работа, дури и јас како верен Хари Потер фан не бев задоволна од филмот, очекував и со ова да биде така. :wasntme:

    http://www.youtube.com/watch?v=mjay5vgIwt4

    Посебно ми е јако старчево - си ју лејтер алигејтер. :lol:
     
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Извинете за офтопик
    Филмот го имам изгледано многу одамна, сакам пак да го гледам. Дајј нека даде линк од кај да го спуштам :)
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    [​IMG]
    [​IMG]

    Ловец на змејови од Калед Хосеини (авторот на Илјада неверојатни сонца).
    Книгата е прекрасна, немам доволно убави зборови и пофалби, за приказната, за стилот.
    Филмот не е лош, но знаејќи ја книгата, е само добар.
    Во филмот не може да се почувствува таа магија на раскажувањето како во книгата, не можете да дознаете колку всушност моќен и почитуван е таткото на Амир Ага, ниту измешаноста на емоциите на едно уплашено дете.
    Книгата е далеку пред филмот.
     
    На Buttterfly и LivingGlam им се допаѓа ова.
  18. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Јас сум разочарана од филмот на Ана Каренина...го гледавме во средно и на мојот тогашен професор по македонски јазик му реков вака: Професоре да знаев немаше да го гледам филмот бидејќи ја уништи онаа Ана која Толстој ја има опишано во книгата.
     
  19. Miksa

    Miksa Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Кои современи македонски романи би сакале да ги видите на филмско платно? Не мислите ли дека на пример "Превртено" беше чисто промашување, "Папокот на светот" е навистина моќна книга. Младите автори во последно време пишуваат опасни приказни, ама ни оние од средната или постарата генерација не се за занемарување, како С.Јаневски, Венко веќе го кажав.
    Што мислите има ли некоја македонска книга од вашите полици вредна за адаптација?
     
  20. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    308
    Ејјј Маја, да си го погледнеш филмот, многуу е добар, мислам дека нема да зажалиш.

    Јас би сакала да ги видам во театар или во кино драмите на Сашо Тасевски. :D
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.