Повеќе мислев на романи, но добро, има и некои современи драми кои се интересни, Г.Смилевски на пример пишува и драми исто така покрај проза
Папокот на светот би бил прекрасен филм, а и Тврдоглави. Само тешко дека Тврдоглави би се пренел на филмското платно толку моќно како што Јаневски ја пренесува приказната.
Ми текна на екранизацијата на уште некои книги, кои вредат пред се да бидат прочитани а потоа да бидат и видени филмовите. ЛимУнатки мене не ме интересираат, од проста причина што мозокот не знае ни на такво нешто да одмори, јас уште повеќе се нервирам заради патетики, што да правам Ама ова навистина вреди. John Fowles - French Lieutenant's Woman Кога станува збор за писателов, не морам да кажувам колку е маестрален. Делово ми е легендардно а филмот уште повеќе. Интересно се потрудиле да му парира на романот. Мерил Стрип и Џереми Ајронс, need I say more? Empire of the Sun - J. G. Ballard Филмот го гледав уште како дете, ви текнува колку го вртеа на МТВ? И подоцна, многу подоцна на факс ја читав книгава задолжително во рамките на модерна англиска книжевност, ја читам, ја читам и оп нешто ми беше познато. Одеднаш сосема природно почнав главните протагонисти да ги замислувам како малиот Christian Bale или John Malkovich. Моќна книга, моќен филм! Навистина остава траги длабоко некаде во вас. Ииии едно прашање, не знам кој спомна уназад на темава, како тоа еден од моите омилени филмови, Amores Perros е според книга, а јас не знам? Одма идам да го гуглам авторот!
Сакам книги, сакам филмови. Ама сепак сакам прво да ја прочитам книгата па да го гледам филмот. Ретко кога ми се допднала некоја екранизација на книга, ама еве ги моите омилени. Девојката со бисерна обетка од Трејси Шевалие- Очекував можеби малку повеќе од филмот, но сепак одлична екранизација. Парфем- Патрик Зискинд .Тука нема место што да се зборува. Книгата е прееедобра, како е се добро објаснето, мислиш дека се наоѓаш на "местото на злосторот", филмот сега скоро го начекав и можам да кажам дека ме остави Seta di Alessandro Baricco (Свила). Книга која ја обожавам, филм просечен. The Reader- Bernhard Schlink (Читачот- Бернард Шлинк) Томас Кенили - Шиндлеровата листа. Прво го гледав филмот, па ја читав книгата ама сепак исто сме размислувале со сценаристот и режисерот. Потполно исто слика.
Македонските филмови, генерално гледано ретко имаат некоја добра приказна која би не допрела (прво локално, а за интернационално да не зборуваме) ретки се тие македонски ремек-дела (филмови) кои во последно време се поретко се случуваат, затоа и ве прашав бидејќи сте љубители на книги верувам дека и покрај странските автори ги сакате и нашиве домашни. Мислам дека повеќе ќе се најдат современи книжевни дела кои се добри отколку современи македонски филмови. Зошто има толку малку адаптации (на пример како филмот Големата вода на Иво Трајковски, добра адаптација на роман), еве во театарот малку ситуацијата се менува, како што беше случај со романот на Смилевки "Разговор со Спиноза". На саемот на книги видов дека доста млади македонски автори посветено пишуваат и има доста дела.
Сакам и филмови и книги, но подобро е прво да се прочита книгата и после да се гледа филмот, а не обратно.. П.С те сакам и мене многу ме разочара, некако настаните во филмот не ми беа објаснети, се нешто многу брзо се случи... Додека пак, филмовите снимени според книгите на Спаркс ми оставија голем впечаток.
Самрак ми е тотална утка, актерите се тотална утка. Едноставно не можат да ги пренесат емоциите во филмот како што е опишано. Хари Потер ми се допаѓа. Исто така оние тинејџерските книги многу ме нервира бидејќи како да ги прават да се збогат и одбираат некои глумци без врска. На пример книгата „Крилја“ (тинејџерска нова книга) од Априлин Пајк во неа ја опишува девојката како русокоса, убави крупни зелени очи, многу светол тен,а улогата на девојката ќе ја има Мајли Сајрус какво промашување... Или од Николас Спаркс „Прошетка за паметење“ воопшто не ми се допаѓа Мајли па таа е како аматер и во вакви убави книги да има дел тоа ми е глупаво.
Според мене она што е во книгата напишано e поопширно раскажано поубаво, посликовито, за разлика на филм секогаш е во скратена верзија или не е целосно прикажано онака како што е во книгата или пола сценарио е сменето.Според мене една убава книга и убав направен скоцкан филм ми е Message in a Bottle
Секогаш прво ги читам книгите, а потоа ги гледам филмовите. Еднаш направив отстапка од тоа и го гледав прво филмот "The Notebook", а после книгата ја читав. Не знам дали е до тоа, меѓутоа филмот многу повеќе ми се допадна од книгата (што обично и не се случува, поготово на книгите од Николас Спаркс). Не дека книгата не е убава, далеку од тоа, ама на филмот има и многу повеќе работи кои во книгата не се смопнати и со самото тоа, барем за мене, го направи уште поинтересен.
По кој знае кој па се разочарувам од филм напревен според книга После толку време одолговлекување се решив и го гледав Самрак да се разбереме филмот како филм е супер ама за тој што ја нема прочитано книгата. Од личностите само Бела и Едвард ми беа приближно како што ги замислував, а другите ми беа големо разочарување
Леле очај, ниту Бела, ниту Едвард не ги замислував така. Филмов го гледав само почетокот на првиот дел и толку, не можев да поденсам повеќе. Очај, очај...
Господарот на прстените ( сите три дела ) Филмот е одлично направен, не знам што друго да кажам. А за книгата, да не збориме
Абе ептен катастрофа и веќе ова ми е последен филм според книга што го гледам Розли ( мислам така се викаше ) е претставена како преубава плавуша, а во филмот е подрасната плавуша која и и не е толку убава. Исто и докторот е прикажан како ептен убав што во филмот не е така. А и многу сцени се скратени, а и изменети што воопшто не ми се допадна!
Не ми се допаѓаат. Не ми се допаднал ниту еден филм според книга, можеби поради тоа што глумците ни приближно не личат на ликовите-онакви какви што сум ги замислила. Ми ја кршат имагинацијата. Книгата ќе ја читам и ако е убава знам да се навратам на некои делови и одново и одново да ги препрочитам, описите се описи за кои исто така имам визуелна претстава, а во филмот нешто што е во книгата го прикажуваат за 2 секунди.
@ Тема. Отсекогаш преферирам книги, ако имам ваков избор. Но, не ми пречи да ја погледнам и филмуваната приказна. Секако, откако сум ја прочитала книгата. Ако филмот е лошо направен, знам и да се изнервирам што сум била глупава да го гледам. Тука многу помагаат интернет рецензиите за да не се прават такви утки.
Jac би одбрала книга бидејќи кога читаш ги замислуваш според описот на ликовите..си правиш свој филм..а кога гледаш филм направен според книгата ти го уништува твојот филм,изгледот на ликовите ти си го имаш замислено како преубав\а а во филмот да биде прегрд\a ..Незнам за вас ама според мене поубаво е да ја исчиташ книгата отколку да го гледаш филмот направен според неа
Не, не, книгите се поинакво искуство. Секој може да седне и да изгледа 2 часа филм, ама не секој може толку да се внесе во одредено литературно дело што ќе си направи филм со имагинацијата. Треба фантазија, мечта..
ПОвторно се разочарав ‘‘Последната песна“ леле колку катастрофа флим колку само книгата е поубава, во филмот содржиата е изгубена и готово толку ова е последне филм што го гледам, а предходно да ја имам читано книгата, фасцинирана од книгите премногу очекувам, а добивам сосем спротивно.
Секогаш ама баш секогаш се разочарувам кога читам книга па гледам филм. Или не е така како што сум замислувала или е испоскратено и сл..Многу пати сум дала шанса на филм изработен по книга и скоро никогаш не го догледувам до крај, затоа или ја читам книгата или го гледам филмот нема друго Али и покрај се ме копка да го гледам Девојката со тетоважа на змеј , книгата ме воодушеви ама поради искуствово се само го одолговлекувам симнувањето на филмот