Стварно незнам зошто али 99% од филмојте, кој шо се напраени според книга, се EPIC FAIL. Пример за такви филмој се Твајлајт- сите дела (како најактуелни), кој од предобра книга и предобра приказна го претворија во СРАЊЕ. Единствено добро испаднати филмој според книга се Lord Of The Rings, The Help, Tomorrow When The War Began и The Hunger Games (колку шо имам видено на трејлери едно др). Сега моментално јас, значи буквално се молам, да не ми ја заебат книгата „Вампирска Академија“ - Рејчел Мид , со филмот шо ке излегва 2013 (бтв книгата нема толку врска со вампири и романси како Твајлајт, туку е се за пријателство, лојалност, чесност, искрена љубов и вредноста на семејството)
Ете јас ке кажам за Твајлајт сагата. Ги читав сите книги и таму е многу поопширно опишано сите чуства и доживувања на ликовите додека во филмовите многу настани се изоставени, што е сосем разбирливо земајки го предвид времето кое им е дозволено.
RainBow, можеби ти го поставиле ова прашање предходно на темава, но интернетот има многу лош ден денес па одлучив да те прашам без да знам дали преходно на ова прашање си одговорила -- Хари Потер филмовите подобри од книгите? За прв пат и јас тоа да го чујам! Баш интересно Ако не те мрзи пиши зошто, како, па да ги гледам филмовите со други очи следен пат
Кастингот е страшно погоден, подобро ни јас самата не би ги замислила ликовите. Едноставно целата екранизација ми прирасна за срце. Исто и Жената на патникот на времето ми се свиѓа филмот, ама го гледав со маж ми и на него не му се свиѓаше, не можеше некако да ја следи приказната. Требало барем да ги стават годините како се движи Хенри, како во книгата што е, така полесно би се следела приказната.
За кастингот целосно ќе се согласам, филмовите ми беа нешто невозможно погодени се додека не ми ги промаршија и изменија омилените сцени
Кој ја има читано Норвешка Шума ич нека не се нафаќа да го гледа филмот. Тотално разочарување. Да направеа аниме, подобро ќе испаднеше. Од сета книга, сите моменти, чувства, да се направи таков филм...угх Јас би во 5 мин да направам филм за Норвешка Шума што ќе излезе милион пати подобар од тој. Нивна книга е бре, нивен автор, можеле малце осет да имаат. Тоа што го чувствував кога ја читав книгата тотално се замагли кога го гледав филмот. За други не можам да коментирам. Не се случило изгледа да прочитам таква литература која имала филмска екранизација. Но несомнено верувам дека имагинацијата која ја создавам читајќи ја книгата, ниеден автор неможе да ми ја пренесе на филм.
P.S I Love you прекрасна книга, ужасен филм, ми ја згрози целата книга Forrest Gump-прекрасна книга и многу добар филм, факт е дека не може да се долови во филм од 2 саата се како што може поопширно и поубаво во книга .... А многу сакам од Купохоличарката сите книги да ги направат во филм а само едниот е филм ..
Може ли некој да ми каже како да го најдам филмот според книгата Кодот на ДаВинчи ?? И филмот според книгата The secret ?
се сложувам скоро со сите изјави многу сакам да читам но кога ке го видам филмот.... за сомрак филмовите сум малку разочарана но сепак многу ги сакам и книгите и филмовите мислам дека сите 4 дела би требало така по два дела да се затоа што во едниот дел иаку трае 120 мин скоро ништо од онаа што е во книгата не се случува ....
Да ве прашам, дали го имате гледано The other Boleyn girl? Јас ја прочитав книгата и го изгледав трејлерот, ама прво кастингот ми е некако сосема погрешен. Скарлет ја глуми Мери, а Натали Ана што никако не ми иде. Прво, Ана е таа што е посензуална, а Мери е понежна. Натали секако ми е понесексипилна, има некоја слатка убавина што одговара за улогата на Мери. А и Хенри Ерик Бана? Па Хенри бил помажествен, Ерик ми е некако лигуш. Башка и сценариото не ебаш исто, има некои испревртени работи, па се си мислам дека ќе се разочарам ако го гледам, бидејќи книгата ми остави страшен впечаток.
Јас ја читам книгата сега и е 300 пати подобра од филмот(ама тоа и сама веќе го знаеш, така е секогаш).Во глобала е сосема различно од книгата, дури и на крајот од филмот се се одвиваше некако брзо, не се обрна многу внимание на тоа како Ен заврши во затвор.Хенри т.е Ерик не е ништо посебно и ич не ми беше ни харизматичен додека го гледав.Во книгата(или бар до каде што сум јас) додека ја читам го замислувам баш како што беше Џонатан Рајс Мејерс во Тудорс, детски лик полн со енергија.Ерик ми е повеќе за некои по романтични улоги.Натали можеби ќе те изненади и одговара улогата на Ен.Скарлет е права Мери, супер си ја разбрала улогата ќути и трај.Се на се, изгледаше интересен од почеток, ама разочара на крајот.Им давам 5 за костимите, и за тоа што не утнаа дека кога Ен умрела Елизабет била уште мало бебе.
Јас го гледав, ма да ја немам читано книгата. Кастингот - да не коментирам. На Скарлет воопшто не и беше погодена улогата, но Натали си ја изврши работата правилно. И тој кралот, неможеле некој помаженствен да најдат?! Аман бе. Како филм не беше лош, ќе ти препорачам да го гледаш чим си ја прочитала книгата, една моја другарка ја читаше и рече дека филмот во глобала и не е толку лошо направен како што очекувала
сите делови на хари потер, Тwilight и книгите од агата кристи ми се добро направени како филм. Баш онака како што замислував.
Скоро никогаш не ми се допаѓаат филмовите, ако претходно ја имам читано книгата.Дејствата како многу бргу да се одвиваат и по површно отколку во книгите.
Само што ја прочитав Момчето во пижами на риги од Џон Бојн и не сум нешто многу изненадена. Приказната е убава и трогателна, но моето неизненадување најверојатно се должи на тоа што претходно го имав гледано филмот(The Boy in the Striped Pajamas). Очекував повеќе од книгата, но испадна дека не е нешто многу поразлична од филмот, како што е случај со други филмови што немаат врска со книгите. Не открив многу нови работи што ги немаше на филмот, не изобилува со премногу описи и се чита за 3-4 саати. Сепак, топло би ги препорачала и книгата и филмот, верувам дека ќе допрат до сечие срце.
Книга или филм? Јас мислам дека зависи од делото. Во некои книги има многу важни детали и поубаво се напишани настаните отколку што можат да се прикажат на филм, но во некои е обратно. На пример ако според филмот се пишува книга. Така да, мислам дека оригиналот е секогаш подобар. Било тоа да е филм или книга.
Точно, книгата Норвешка шума мене ме фасцинираше, па кога дознав дека мојот омилен јапонски глумец го игра ликот на Тору бев уште посреќна. Ама филмот е катастрофа, се разочарав комплетно. Инаку за Игрите на Гладните, повеќето зборуваат дека филмот не е добар ама мене многу ми се свиѓаше, не е возможно да се стават сите настани од книгата во филмот ама јас мислам дека добро се придржуваше кон книгата, освен што можеби требаше да стават малку повеќе од љубовните сцени меѓу Пита и Катнис во пештерата
Според мене The notebook и A walk to remember се подобро адаптирани во филм. Книгите ме разочараа. Не ми е јасно зошто Спаркс е толку преценет автор?! Инаку, сите други филмови според книга се катастрофа, или можеби книгите се предобри, па филмовите разочаруваат..
Филмовите од Хари Потер се дефинитивно подобри од книгите. Ме има разочарано филмот Момчето во пижами на риги.Книгата е 1000 пати подобра од филмот.Некако филмот е направен онака монотон и има многу делови додадено(кои ги нема во книгата) и многу делови одземено(кои ги има во книгата).Ви ја препорачувам книгата бидејќи се е подобро доловено отколку во филмот.
Јас ги прочитав Самрак, Млада месечина и Зазорување и многу повеќе ми се свиѓаат книгите отколку филмовите. Во филмовите не се добро заработени настанитеи некои работи кои ги нема во филмовите воопшто неможе да се сватат без претходно да ги прочиташ книгите.