Книгата секогаш ќе биде поубава затоа што ќе биде наше сценарио во главата и ликовите ќе го добијат она што го посакуваме, а филмовите доведуваат до разочарување затоа што не е тоа што сме го очекувале, или ликот е помалку доловен или пак доколку е научна фантастика, фантазијата е помалку изразена. Книга која што најмногу се совпадна со филмот е "The notebook", плачев и на книгата и на филмот, дефинитивно ми се омилени
Филмови според книги или книги според филмови не знам баш што е како е само знам дека П.С Те Сакам ја имам читано книгата и филмот го имам гледано исто така и Последната Песна,Улавите Години,Робизон Крусо,Втората смена,Хари Потер ама само 1 дел иам глеано од филмов пошто не го обожавам мн ми е фантастика, ии на др не се сеќавам
Последно го гледав „Никаде без ќерка ми“. Сепак, не ми се допадна толку колку книгата, иако е филм, посликовито ми беше објаснето во книгата. Не може во филмот да се доловат чувствата на главниот лик како што се опишани во делото. Поинтересно е да се соживееш со јунаците и да го препуштиш другото на твојата сопствена фантазија.
Влегуваат две глувчиња во подрумот на некое старо кино и почнуваат да јадат една филмска лента. Jадат, јадат и прашува едното: - Како филмот? - Aбе, не е лош.. ама книгата беше поубава... Секогаш е така. Јас последно Игрите на гладните го гледав, ама сепак книгата повеќе ми се допаѓа. Иако филмот е еден од подобро направените според книга.
Секако дека книгата ќе биде многу подобра. Инаку се согласувам со Rainbow дека Игрите на Гладните е еднен од подобро направените филмови според книга. Исто така ми се допаѓаат и Хари Потер сите делови.
Книгата Крила од Даниела Стил , разбрав дека е филмувана . Мајка ми рече дека го гледала ама не се вика крила , туку имал некое друго име . СЛучајно некој да не го гледал ?
Сигурна си дека има филм? Јас баш сега пребарував, ама не успеав ништо да најдам, а ги има сите нејзини филмувани книги.
Многу ретко гледам филм направен според книга ако претходно сум ја прочитала книгата. Настрана од тоа дека книгата е секогаш подобра од филмот, друга причина е поради тоа што филмот ми ја убива имагинацијата при креирање на изгледот на ликовите и сите ситуации во мојава глава. Во филмовите никогаш ништо не изгледа онака како што сум си го замислила. Книгите секогаш се поопширни, полни со најмали детали кои помагаат читателот да ја оформи целосната слика. Освен тоа, во филмовите некои работи се изменети и не се како во книгата, а мене тоа ужасно многу ме иритира. Еве помина една недела откако го симнав најновиот филм за Ана Каренина, и се уште не сум се осудила да го погледнам, особено затоа што прочитав многу критики. И не сум сигурна ни дали ќе го гледам... Сепак, сакам сликата за Ана и сите останати ликови, да ми остане таква каква што ја замислив.
Кога гледам филм направен според книга која претходно сум ја прочитала потполно се разочарувам затоа што сликата која јас сум си ја направила во глава пропаѓа во вода. Како прво не можат убаво да ги доволат мислите и чувствата. Во книгите секогаш е поубаво и подетално опишано,си правиш слика како сето тоа би изгледало и кога ќе видиш на филм гледаш дека се е тотално поразлично од твојата слика. Последен филм кој го гледав снимен според книга е Игрите на гладните.Сепак книга си е книга,филмот е супер ама книгата е далеку поубава.
книгите ми се секогаш подобри од филмовите иако има и некои добро адаптирани филмови.на пример не ми се допадна толку многу адаптацијата на светото не е фабрика за исполнување желби од џон грин едноставно не знам зошто а книгата е прекрасна.пред некое време ја прочитав триологијата од вероника рот divergent и филмот ми се допадна иако беа изоставени повеќето од карактерите.The perks of being a wallflower едноставме ме разочара
Последа книга што ја прочитав според која е направен филм е No country For Old Men,иако во доста случаи сум бил разочаран овојпат ми се допадна како книгата такак и филмот.
Филмот "The others" (2001), со Никол Кидман, направен според романот на Хенри Џејмс "Свртување на завртката". Романот е модернистички, а филмот е хорор, мистерија и драма, ама не е некој гаден хорор, да ти се тресат коските, да не можеш да спиеш, туки баш е софт хорор, секој да може да го гледа.
Последно што гледав беше „The great Gatsby". Според мене големо промашување, филмот не успеа да ја прикаже книгата како што очекував. Гетсби во филмот ми беше прикажан како богат лигуш. Тие што ја прочитале книгата знаат дека е многу повеќе од тоа. Ама ајде некако го изгледав до крај и едвај чекав да заврши.
Ја исчитав темава да видам што сум пишала. И да, уште не сум нашла англиска верзија на книгата Парфем. Пишав дека филмот ми се допадна, а книгата (поточно македонскиот превод) беше измасакриран, па читањето ми претставуваше вистинско мачење. Ја барав макар на француски да ја читам, ама не. И кренав раце. Ама се надевам дека ќе имам шанса да ја прочитам, оти филмот ми беше преубав. Инаку, можам тука да ги спомнам филмовите според трилогијата на Стиг Ларсон, признавам дека книгите ги немам читано, ама филмовите се добро направени, веројатно ја доловуваат приказната прикажана во книгите. Ми дојде желба да ги прочитам, само дефинитивно не на македонски. Тука не зборувам за филмот со Даниел Крег, туку за шведските филмови со Noomi Rapace и Michael Nyqvist, целата трилогија е екранизирана.