1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Филмови според книги

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 2 јули 2010.

  1. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.762
    Допаѓања:
    17.571
    Пол:
    Женски
    Морам да признаам дека секогаш сите книги што сум ги читала, филмската верзија никогаш не ми совпаднала. Или не било убаво опишано, фалела емоција и сл.
    Грофот од Монте Кристо - значи книгата е пре преубава, а филмот не е ни малце како неа.
    Никаде без ќерка ми - книгата ми остави голем впечаток. Кога ја читав ми се случуваше да пуштам некоја солза, а додека го гледав филмот немаше никаква емоција.
    Имам уште безброј вакви примери.
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. anuvcheto

    anuvcheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    352
    Последен филм што го гледав според книга беше "Stormbreaker".
    Книгата многу ми се допадна, се соживеав со момчето во главната улога. Филмот не беше лош ама очекував повеќе.
     
  3. teffi.tkm

    teffi.tkm Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Последна читана книга ми е порака во шише од Николас Спаркс и реков да го гледам филмот за да имам поубава слика ама фолмот навистина е многу поразличен сите сцени податоци случувања се е изменето како филм само е добар но ако ја читаш и книгата се две различни нешта книгата секако е подобра
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vrapce.b

    vrapce.b Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2014
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    218
    Пол:
    Женски
    Ангели и демони од Ден Браун книгата ми беше преубава, а филмот утка. Бев премногу возбудена дека ќе го гледам филмот и ќе ги видам сите места од книгата(барем на филм). Ја викнав бртучетка ми,заедно да го гледаме, таа дремаше, а јас цело време повторував, таа сцена не беше така у книгата. Почетокот во книгата и филмот, сосема се разликуваат. Ме разочара. Не го ни изгледав до крај.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски
    Е баш се разочарав, а имав надеж во филмот и ептен се израдував дека ќе го гледам. :(
    Штета... Моментално ја читам книгата и едвај чекав да го гледам филмот, ама ако е како што велиш ти - ништо. А јас многу се нервирам кога нема да направат некоја важна сцена како во книгата. :@
    Пу, јаз'к. :D
     
    На vrapce.b му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.573
    Допаѓања:
    78.941
    Пол:
    Женски
    Одсекогаш книгата ми била подобра од филмот, само за Егзорцист малку се замислив дали е подобра книгата или филмот но сепак ја бирам книгата.
     
  7. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Значи има некои филмови шо не ми беа нешто најнај,а книгата ми беше врв!
    Но единствен човек кој не ме разочорал ниту во книгите,ниту во филмовите според неговите книги е Николас Спаркс...можеби претерано го фалам,да омилен автор ми е,ама што е вистина,вистина е,барем според мене
    :mm:
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.104
    Пол:
    Женски
    Читачот- прекрасна книга, но и филмот исто така, скоро идентичен
     
    На Matotheja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
  10. Mrs.Styels

    Mrs.Styels Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2012
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    7.554
    Огромен фан сум на Агата Кристи и искрено кога слушнав дека е излезен филмот "Убиството во Ориент Експрес" едвај чекав да го гледам и да направам споредба.
    Искрено бидејќи го знаев текот на настаните не бев баш изненадена од самата приказна, но беше многу добро склопен и ликовите беа одлично доловени. Ми се допадна тоа што имаа направено само ситни промени на приказната или подобро кажано беа додадени неколку моменти кои ги нема во книгата за разлика од некои филмови кои со цел да бидат поинтересни за читателот веќе ја губат суштината.
    Филмот беше достоен на книгата, што е реткост искрено зошто добра книга си е добра книга и нема тука што, но обработката е чиста 10ка, нема да зажалите ако го гледате :)
     
    На Cosmic Girl и lackygirl им се допаѓа ова.
  11. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.354
    Пол:
    Женски
    Две различни уметности и двете подеднакво драги, и не можат баш да се споредуваат. Но еве, ајде како повеќето што ќе одговорат, ќе ја одберам книгата. Од причина што си игра со мојата фантазија. Можам да го замислам ликот, опишаната ситуација, опколувањето, секој детал, онака како што во моментот ќе ми сервира имагинацијата. Режисерот никогаш не може да долови некој момент, што на пример во книгата е опишан две страни, а во филмот тоа трае 2 минути.

    Мои примери за добри адаптации:

    Perfume: The Story of a Murderer (2006), од книгата Perfume. Не ме разочара. Иако не беше баш многу добро доловен хорор моментот од кој додека читав се ежев, и чувството што го добиваш како буквално да можеш да помирисаш нешто за што мислиш дека нема мирис.

    Atonement (2007), од книгата Atonement. Исто одлична екранизација според мене. Успеа да ја долови емоцијата што ја буди книгата.

    Мои примери за лоши адаптации:

    Murder on the Orient Express (2017), од книгата Murder on the Orient Express. Книгата сама по себе е полна со неизвесност, стилот на раскажување го задржува вниманието. Иако ја имам читано одамна, сепак ја памтам содржината. Па кога го видов филмот, буквално заспав. Дејството ми се одвиваше некако споро, не ми се допадна воопшто, не добив чувство на неизвесност. Џабе добрата актерска екипа.

    Толку ми текнува сега.
     
    На Novecento, SV1911, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    "Miris kise na Balkanu" i
    "Cvet lipe na Balkanu"
    od Gordana Kuic

    Filmovite se identicni so knigite i se vredni da se pogledaat.
    Inace reziser e Ljubisa Samardzic.

    5/5
     
  13. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Реткo ми се случувa и филмoт и книгaтa дa ги имaм изгледaнo/прoчитaнo тaкa дa немaм мнoгу искуствo зa темaвa.

    Не мoжaм дa речaм декa филмoт/книгaтa секoгaш се пoдoбри бидејќи се рaбoти зa рaзлични медиуми кoи си имaaт преднoсти и недoстaтoци. Вo книгите мoже пooбемнo дa се oбјaснaт ликoви и случки, a филмoт aкo се зaглaви вo експoзицијa ќе стaне дoсaден. Единствен нaчин дa знaеме штo мисли и чувствувa ликoт вo филмoт е преку глумaтa нa aктерoт и нaчинoт нa снимaње. Зa еднa книгa дa биде дoбрa требa сaмo писaтел сo дoбрa идејa и вештинa зa писменo изрaзувaње. Зa дoбaр филм требa квaлитетни aктери, сценaрист штo ќе нaпише интереснa прикaзнa, кaмермaн и мoнтaжер штo ќе јa дoлoвaт тaa прикaзнa визуелнo, тoнмaјстoр и кoмпoзитoр кoи ќе гo дoпoлнaт филмoт сo звуци и музикa сooдветнa нa сценaтa и уште еден куп луѓе кoи прoдуцентoт требa дa ги нaјми и режисерoт дa ги кooрдинирa зa дa сoздaде филм. Oвa е кoмплицирaнo и без дa се бaзирa нa веќе пoстoечки мaтеријaл, a не пa кoгa требa дa aдaптирa книгa, медиум кoј мoже дa рaскaже мнoгу пoвеќе oткoлку двoчaсoвен филм. Зaтoa е невoзмoжнo бaш се дa се aдaптирa oд книгaтa, дoвoлнo е дa се дoлoви и прикaже смислaтa нa тaa книгa вo друг медиум.

    Нaјдoбaр филм спoред книгa (oд тие штo ги имaм гледaнo) спoред мене е ,,Дa се убие птицaтa пoтсмевницa''. Дејствoтo е мaлце зaбрзaнo нo не нa нaчин штo се испуштaaт вaжни мoменти нa ликoвите.
     
    На Someonespecial и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Ааа, еве кај имало тема за ова, а ја се утепав барајќи во „Филм и ТВ“. :D

    За почеток, мислам дека споредбата помеѓу книга и филм е малце нефер (иако сите најчесто ја правиме), затоа што се работи за два целосно различни медиуми – книгата на читателот му пружа искуство кое може да трае цела недела, па и месец, а филмот има задача на гледачот да му ја пренесе истата приказна за само 2 часа – како да споредуваме маратонец со спринтер на 100 метри.

    Сепак, како што пишав и во друга тема, не сум од оние кои велат дека книгата е секогаш подобра од филмот, ниту пак сметам дека филмот треба да биде дословно прераскажување на книгата, од збор до збор.

    Ќе споделам некои (според мене) позитивни примери на филмски адаптации на книги, затоа што оние лошите сите ги знаеме. :)

    Примери за добри филмови снимени по добри книги, кои генерално се држеле до изворниот материјал – Господар на прстените, Хари Потер, Девојката со тетоважа на змеј (и останатите од Милениум трилогијата) – и скандинавскиот и холивудскиот – потоа Парфем, Контакт, Одисеја 2001, Кодот на да Винчи и Ангели и Демони исто така беа океј (ако овие се рачунаат за добри книги, т.е. добри филмови :D) – ги има навистина многу.

    Примери за филмови кои на некој начин ја подобриле книгата: Боречки клуб и Кум. Не би можел да кажам точно зошто, но книгата на Чак Паленик не ми беше толку впечатлива како филмот – иако генерално, филмот доста се држи до изворниот материјал. Во однос на Кум, книгата ми се свиѓаше, но имаше некои непотребни делови, кои thankfully беа исфрлени од филмот. Како гигантскиот пенис на Сони Корлеоне и неговата афера со Луси – девојката со џиновска вагина, нејзиното патешествие во Лас Вегас за вагинопластика, т.е. намалување на вагината, и нејзината врска со хирургот кој ја направил операцијата. Мислам дека овој sidestory не му недостасуваше асполутно на никој во филмот. Патем, што ли си мислел Марио Пузо кога ги пишувал ствариве? :D

    Филмови кои отстапиле од извориот материјал и со тоа се всушност подобри од книгата: The Mist на Стивен Книг. Кинг, кој за мене е популарен од необјасниви причини – не пишува ниту добро, ниту страшно – е автор на истоимената новела. Филмот, кој сѐ до самиот крај е доследен на просечната хорор приказна прави пресврт и го менува крајот – и тоа, на подобро. Дури и самиот Кинг рекол дека крајот на филмот повеќе му се свиѓа од неговата книга. :D

    Филмови кои го модернизирале дејството на приказната од книгата (и се добри): Океј, технички не се филмови туку серии, ама тука дефинитивно би ги сместил Sherlok и Bosch. Шерлок се одвива во викторијанска Англија, а Бош во Лос Анџелес во ’90-ите – и двата серијали на книги се одлични, а сценаристите успеале совршено да ги адаптираат за денешново време, а сепак да ги задржат и оригиналните приказни.

    Ова е она што ми падна на памет у моментов, ако ми текне уште нешто – ќе се надополнам. :~:
     
    На Novecento, SV1911, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Ехее..од мое време...
    Филмот "Ако има утре" ми беше подобар од книгата..
    "Однесено со виорот", прекрасен стар филм, подобар од книгата.. Не ми текнува богме за нешто друго саглам снимено што ми ги раздрмало толку емоциите:^)
     
  16. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    5.366
    Пол:
    Женски
    Mene sekogas knigite mi bile daleku podobri od filmovite. Imam dosta primeri za toa. Na primer: " Kodot na Da Vinci" , knigata nemav strplenie da ja procitam do kraj od sto mi bese interesna, a filmot katastrofa, ne go ni dogledav do kraj. "Gordost I predrasudi" od Dzejn Ostin, filmot e super, no sepak knigata daleku pointeresna. " Orkanski visocini" od Emili Bronte, filmot preubav, no sepak knigata e nekolku nijansi podobra. Sepak kniga si e kniga!!!
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.317
    Допаѓања:
    24.265
    "The Shining" на Stephen King vs. Stanley Kubrick.

    Од филмот имам "фатено" делови како мала, па затоа се решив пред некој ден да го изгледам како што треба. Пред 2-3 недели ја исчитав книгата, па таман му дојде ред и на филмот. Искрено, едвај го догледав.
    Ај што милион делови од книгата фалат во филмот, ај, се очекува, сепак книгата е голема и со многу детали. Туку како се претставени ликовите. Џек уште од старт се мрднува, воопшто не е добро пренесен процесот на неговата промена во карактерот. Венди е прикажана како најлигавата жена на светот, постојано плаче, рацете и се тресат и мафта со нив наоколу. Како да е лик од цртан. Наместо акцентот да се стави на Дени кој го има сјаењето, детето речиси ништо ниту зборува ниту прави ниту гестикулира, со исклучок на повремени ококорувања.
    Приказната е натискана до степен каде што губи смисла, повеќето напнати дешавки не се прикажани, дешавки кои всушност ја прават приказната привлечна. Пак, разбирам дека не може се' да се прикаже во еден филм, но сепак, мене премногу ми е избледена приказната во филмот, истенчена наспроти богатите слоеви на дејствие во книгата.
    Има некои сцени изменети, но мене лично во негативна смисла. Како на пример, сцената каде што Џек оди во собата 237. Самата сцена по себе не е толку лоша бидејќи предизвикува ненадеен наплив на шок. Но, во книгата го доживуваме соочувањето на Дени со собата, а потоа соочувањето на татко му со собата и тоа ни создава силна напнатост. Наместо ненадеен шок. Кој е во ред за зголемување на елементот на хорор, но премногу е далечен од оригиналната приказна.
    Крајот, тапа. Нема врска ниту со крајот на книгата, ниту пак со создавање олеснување од серијата хорор случувања. Многу просто и лесно, според мене.

    Она што ми се допадна е кинематографијата. Широките кадри со кои почнува филмот, искачувањето по планината. Речиси како вожња на ролер костер. Исто така, оние сцени кога Дени го вози трициклот. Широки, флудни, брзи. И сцената кога Дени бега од Џек во лавиринтот, слични на оние со трициклот, брзо пратење од позади, веднаш зад педи. Исто така, ми се допадна и сцената со стихија крв која излегува од лифтот, баш одлично направено.
    И дефинитивно ми се допаѓаа звучните елементи кои се баш класика за хорор од таа ера и кои само ја зголемуваат напнатоста и помагаат во создавање штрекови.

    Искрено, до пола филм бев дури бесна на филмот, се нервирав зошто толку избрзана е приказната, неубаво прикажана, што дури и глумците почнаа да ме нервираат и слабо да ми глумат. Осеќам дека Кјубрик се фокусирал на неговиот стил и знаел дека тоа е доволно за од таа приказна да направи хорор кој за тоа време бил малку чуден.
    Книгата е неописливо подобра и ја препорачувам за обавезно читање.
     
    На Cosmic Girl и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  18. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.498
    Допаѓања:
    173.435
    Go delam mislenjeto za istite knigi/filmovi.
    Bi dodala i ,,Memoarite na edna gejsha"-knigata prekrasna,flmot tapa.
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  19. игор.мк

    игор.мк Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2021
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Машки
    filmovite od knigite na karizi me razocaraa. knigite se mnogu poubavi
     
  20. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.429
    Допаѓања:
    10.470
    Пол:
    Женски
    Книгите кои ги имам читано и подоцна филм кога гледам ми е тотално разочарување.
    Дали дека филмови не гледам, за мене е право уживање да читам и да се внесувам во приказната.
    За мене нема споредба книга и филм.
    Книга си е книга :inlove:
     
    На S.W.A.G и dromka им се допаѓа ова.