Video killed the radio stars! Amen to that! Со самите почетоци на музичката телевизиска станица МТВ, се создаде еден нов тренд во музиката - музички видео спот. На почетокот се правеа овие спотови онака, ради реда што би рекле, само за да може да се презентира и рекламира песната на веќе споменатата телевизија. Да влезе во потсвеста на гледачот и слушателот полесно, и повизуелно. Ако на почетокот спотовите беа едноставни, денес се случува речиси борба за тоа кој ќе создаде пооригинален и повпечатлив спот. Често пати спотот е денес дури и поважен од самата песна. Јас би додала - за жал. Но што е тука е. Музички спотови има денес благо речено еден куп. Но јас сакам да зборуваме за оние кои навистина вредат. Оние кои се правени суштински, со подлабоко значење, вистински и филмски осмислени. Не е мал бројот на спотовите кои се правени од филмски режисери и тоа се гледа веднаш на прв поглед. Дали по стилот на режисерот или нешто друго. Не сакам да зборуваме за оние спотови каде што класично главната пејачка или пејач се вртат играат а позади нив танчерите од Милениум студиото играат според некоја провокативна кореографија со луди костими а ла Лејди Гага. Такви „вообичаени“ клипови има милион. Мене всушност ме воодушевуваат спотови кои се поинакви, кои вистински ја одразуваат песната за која се правени. Имате ли некои такви спотови кои допреле до вас подлабоко можеби отколку самата песна? Спот кој ве воодушевил на некој идентичен начин? Омилен режисер? Што се однесува до мене лично моите два апсолутни фаворити веќе подолго време се Chris Cunningham и Michel Gondry. Да имав капа на глава, ќе им ја симнев сега. Да не претерам, а ќе претерам, и 4 да имам, сите ќе ги симнев. Едноставно момциве ме оставаат без зборови. Едниот, режисер и видео уметник од Велика Британија, дечко кој највеќе го прослави Aphex Twin. Манијачки теми, лудачки карактери и неверојатни сцени. Неколку пати сум се прашала - какво ли мозоче може да создаде ваков спот?! Вториот, филмски режисер, сценарист, видео уметник од Франција. Прославен со спотовите на Bjork за самиот да се етаблира подоцна со сопствена филмска продукција и филмови како Eternal Sunshine of a Spotless или Mind The Science of Sleep. А омилените од нив? Од Крис: http://www.youtube.com/watch?v=yoJeiRVnlu8 http://www.youtube.com/watch?v=EjAoBKagWQA http://www.youtube.com/watch?v=zXFHf8xZ1CA Од Мишел: http://www.youtube.com/watch?v=aHVroArXwA4 http://www.youtube.com/watch?v=4N3N1MlvVc4
Не знам колку години точно имав кога излезе песнава со видеото, но многу убаво се сеќавам дека ме маѓепсуваше секогаш кога го гледав. Сега пак го изгледав и ме врати назад. http://www.youtube.com/watch?v=gs3nnPKMiZE
Еве и од мене нешто филмско edit: Колку ли само режија има во спотов.......неверојатно...Обрнете внимание на малите детаљи, на тоа што е заматено, на се...феноменално....веќе вакви ствари не се праат....сега е Lejdi Gaga doba...AND I DO NOT LIKE IT !!!! NOT EVEN A LITTLE BIT !!! http://www.youtube.com/watch?v=8SbUC-UaAxE Еве уште еден филмски http://www.youtube.com/watch?v=WCUA8psMnaU
Пофилмски, здравје http://www.youtube.com/watch?v=nHGTFkYgbB0 Следниов е еден од најемотивните спотови и многу пати ме има расплакано: http://www.youtube.com/watch?v=JQv4Ue3hUM8 Никогаш не сум се заинтересирала, ама еве Пирамитка ни дава поттик . Видеото е режија на John Maybury, англиски режисер Уште еден одличен: http://www.youtube.com/watch?v=7y5p7qQZLH8
Ми помина времето за едитирање, па ќе го ставам во нов пост. http://www.youtube.com/watch?v=Ym0hZG-zNOk ^ Многу гнев, дури ја стегам фацава кога го гледам. Има приказна и поента, одличен спот.
Прво што ми текна за темава е http://www.youtube.com/watch?v=YgJffiGHz7M Многу е тажна песната а и спотот се совпаѓа со целата приказна. А и оваа песна ми беше хит цело лето. http://www.youtube.com/watch?v=b3mOLJvbBwQ
Оваа Ливинг ми ги испостирала сите јас што сакав да ги постирам Без кoментар ме остава од R.E.M - Losing my religion. И песната и спотот, сВе. http://www.youtube.com/watch?v=R5X7HKxp ... r_embedded http://www.youtube.com/watch?v=pKd06s1LNik Абе кај Radiohead нема утка, дефинитивно...Инаку имам приметено дека кај поп песниве, мислам модерниве поп песни (Мајкал Џенскон не го вбројувам тука), се многу лоши спотовите. RnB песните исто ми имаат многу лоши спотови за песните, се една женска се врти, играат танчери и после влегува раперот и тоа е тоа. Модерниве хип хопери, со тоа колку се заебани, колку жени легнуваат, и колку имаат килограми тешка златна вилица преку нос ми се дојдени. Има уште добри кои прават спотови, Еминем еве да го земам за пример, ама се друго јабана ми се чини е појдено. За мене лично, најдобар спот е овој http://www.youtube.com/watch?v=TTJc6x7i8F8 Спот, песна, музика... Мислам за Металика зборуваме, лекции треба да држат што е квалитетна музика. http://www.youtube.com/watch?v=-oaHHrNQVrg И овој ми е исто многу добро осмислен спот, баш се погодени во песнава, будат чувства, доловен е текстот на песната на вистински начин. Што се однесува на балканскава музка, има многу добри спотови, ама затоа што ова ми е петто видео, кога ќе ги објавам другите, ќе си напишам што мислам за нив. http://www.youtube.com/watch?v=f8-lM0Qjx-0 Ретко убава песна, многу допира до мене, Наташа не ја сакам којзнае колку, ама дефинитивно со оваа песна и спот ги фрли во сенка многу други српски пејачки. Штета, ме разочара малку со другите спотови кои ги има, ама затоа овај ќе го кажувам за омилен секогаш кога некој ќе ме праша за балкански омилен спот.
Никогаш не сум ја разбирала поентата со Losing my religion. Од поновите спотови, многу ми се допаѓа на Адел rolling in the deep, спотот, заедно со нејзиниот глас ми будат нешто... Исто и спотот на Chasing Pavements е интресен, необичен. http://www.youtube.com/watch?v=rYEDA3Jc ... re=related Нема да си го заборавам Џастин, и спотов на песнава http://www.youtube.com/watch?v=TOrnUquxtwA Овој мe остава без зборови. http://www.youtube.com/watch?v=J36CRZzm9vg Овој спот гледано од очите на некој што струдира арт, дизајн и сл. е коректно и мајсторски направен, а за мене е интересен. Не најдобар, ама дефинитвно вреди да биде тука. http://www.youtube.com/watch?v=djV11Xbc914 И морам овој да го ставам. Песната е релативно нова, ми се допаѓа, ама не очекував ваков спот. Баш преку него, песната се доживува како што треба. Преубав спот! Еден од моите фаворити. http://www.youtube.com/watch?v=wXiTwalPvuQ
Уф, темиште! Да живеевме во поасално државиче, сега youtube немаше да ми дава забрана на The White Stripes - I Just Don't Know What To Do With Myself Џек Вајт и Софија Копола combo. Треба нешто повеќе да се каже? RHCP - Under the bridge. Gus Van Sant. Michael Jackson - Bad. Скорсезе. Уф. Sting - Englishman in New York Дејвид факинг Финчер Fatboy Slim -- Weapon of Choice
Трендафилке, им го приуштувам задоволството. Изволте! http://www.youtube.com/watch?v=HQWkJyjwvnU Чудни желби ми доаѓаат кога ја гледам Кејт на шипка.
Само едно ќе кажам.....Мајкл Џексон За режисери незнам, ни кој му ги правел спотовите, ни како ги правел, искрено немам познавања од ова, ама неговите спотови се почеток и врв на се што денес (пробуваат да) снимаат
Се пополни темава, капка по капка - море! Ама ме израдувавте девојки! За жал дури од дома ќе погледнам што сте постирале. Како и да е, бидејќи и онака не би можела да ви го постирам спотот овде, употребете го бато Гугл и изгуглајте го наредниов спот Massive Attack - Paradise Circus. Не верувам да го има на јутјуб бидејќи е забранет за широката јавност, (како поинаку?!) кога во спотот настапува пензионирана порно глумица, која сепак на поетичен начин зборува за својата професија. Ако имате посилни желудници за малку перверзии во стилот на 70тите години кои сепак одлично се совпаѓаат со ѓаволестата содржина на песната, особено она што го кажува оваа стара, бабичка веќе, повелете, гуглајте, па баш ме интересира што ќе кажете Ако си ги одмислам оние прљави детали кои денес не ми се баш секси (не очекувајте рајски градини, а богами ова е више градина него рајска ) спотот е за мене прекрасен. Дали дека ме вовлекува на ист начин како што ме хипнотизира самата песна, не знам, но на некој изопачен начин да речеме, дека ми се допаѓа, онака баш навистина допаѓа.
Meat Loaf - I would do anything for love Според мене нај филмскиот од сите ФИЛМсКИ спотови http://www.youtube.com/watch?v=9GNhdQRbXhc Meat Loaf - I'd Lie For You (and that's the Truth) Videoclip Просто е посебен и уникатен http://www.youtube.com/watch?v=RbdpXx-PHuM&feature=related Nick Cave & Kylie Minogue | Where the Wild Roses Grow (Official Video) http://www.youtube.com/watch?v=AjTY8ild ... re=related The Cardigans | Lovefool (Official Video) http://www.youtube.com/watch?v=bUIElvJR ... re=related дефинитивно според мене уникатен спот Faithless - I want more http://www.youtube.com/watch?v=i-31Y59Ow3U
Браво за темава. Да не должам, покрај повеќето набројани, еве што јас сметам за уметност: http://www.youtube.com/watch?v=_z2O289Jemo - Tool - Parabola http://www.youtube.com/watch?v=hglVqACd1C8 - Tool - Sober http://www.youtube.com/watch?v=UhjG47gtMCo - Tool - Schism http://www.youtube.com/watch?v=9EvM--7Wxa0 - Massive Attack - Protection ....
Видеото јасно го следи ритамот и мелодијата: Dombok Felett - DRAFT (2001) http://www.youtube.com/watch?v=8ZO87iSGXy0 Толку едноставно а толку уметнички: Auberge - Chris Rea (1991) http://www.youtube.com/watch?v=frv9PF_lcAU најфилмски: Smooth Criminal - Michael Jackson (1987) http://www.youtube.com/watch?v=ceU4ANZKdOM