Филмски клишеа

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од blonde_supergirl, 30 август 2017.

  1. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    2.114
    Пол:
    Женски
    Кои ви се омилените? Во хорорите има полно... човекот на задното седиште, телефонот со мртва батерија, плавушите умираат први а бринетите се главна улога, бебиситерката на која и ѕвони телефонот а убиецот е внатре ("When a stranger calls", "When a stranger calls back") ...
     
    На teteks, Nedalija, BlackAndWhiteSwan и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.734
    Допаѓања:
    110.587
    Па конкретно зборуваме за хорор или било кои? Сепак ќе го пишувам мислењето за повеќе видови филмови.
    • Па нели ако отвориш врата во хорор филм, кога ќе ја затвориш таму има нешто. Со чесни исклучоци.
    • Кога некој прати некој друг, пример преку ГПС, и гледа дека застанал и е време да го "фати" на дело, секогаш го наоѓа телефонот фрлен на земја или во канта. Често телефонот е фрлен во камион кој се движи па дур се сети херојов му треба време.
    • Ова обично во романтички филмови и комедии, кога некој мисли деа совршениот партнер ги бакнува, но во суштина е некој друг, раката, животно. Морам да признаам дека ова ми е едно од поомилените.
    • Не знам дали имам видено филм, кој не зема место во минатото, каде што не се одвива некој не-баш-згоден разговор во лифтот.
     
    На teteks, Ketchup, BlackAndWhiteSwan и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    2.114
    Пол:
    Женски
    Да, на сите филмови се однесува. Хорорите ми се најмногу гледани затоа за нив прво пишав. Забележав дека старите филмови ги немаат овие клишеа, зборувам за старите од 20те, 30те, па се до 60те. Натаму Холивуд стана машина за пари.
     
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6.315
    Допаѓања:
    101.210
    Пол:
    Женски
    Грдото пајче на крајот се претвара во убав бел лебед ^_^ и најјакиот фраер во клас се заљубува во лебедот/пајчето ^_^
     
    На joy1, kravce, elimkd и 11 други им се допаѓа ова.
  5. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    15.769
    Пол:
    Женски
    Мислам имаше нешто слична тема, ама не сум сигурна.

    Енивеј...
    - Чудовиштето секогаш се појавува кога ќе се погледнеш во огледало по втор пат.
    - Лик што умира, одржува непотребен говор. Умира пред да ја изусти битната информација.
    - Лик што требало пред 10 минути да е веќе умрен според повредите, не умира дури не одржи говор што засекогаш ќе го смени животот на тој што слуша.
    - Лик е свртен кон ѕид. Слуша звук, се врти на сите страни, освен на таа од каде го чул звукот.
    - Лик што треба да се замаскира, од прва ги наоѓа точните алишта што му требаат и за минута веќе ни родена мајка не може да го препознае.
    - Лошите момци носат автоматски оружја. Херојот ги победува со пиштолче на вода.
    - Наместо сите да му се насоберат на куп, лошите момци културно си го чекаат редот, па приоѓаат еден по еден, да ги истреби херојов.
    - Лошкото цел филм едвај чека да го убие херојот. Кога ќе му се пружи таа шанса, тој одржува говор доволно долг за херојов да се снајде да се спаси или да биде спасен.
    - Секогаш бар еден од фамилијата нема време да јаде оти брза за негде.
    - Ова не треба ни да се спомне од што е преклише - бомбата одбројува 10 секунди до експлозија. Ликот има време да размисли, да се зачешла, да се ожени, и да ја деактивира секунда пред таа да експлодира.
     
    На kravce, YoungandBeautiful, sparklie и 18 други им се допаѓа ова.
  6. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    2.114
    Пол:
    Женски
    Ako ima bas za klishea neka odi vo kanta.
     
  7. Arendelle

    Arendelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    7.398
    Пол:
    Женски
    - Кога треба да се случи бакнежот или да се изјави љубов ќе заѕвони мобилниот или некој од никаде ќе се створи пред нив.
    - Ручекот или пијалокот секогаш остануваат не изедени и не испиени.
    - Секогаш кога треба да се каже важна информација останува не кажана.
    - Најголемиот фраер во филмот на крај останува со празни раце т. е. добива корпа.
    - Кога има торта најчесто завршува на нечија фаца.
     
    На joy1, Yipman2, Victorian и 12 други им се допаѓа ова.
  8. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.815
    Пол:
    Женски
    IMG_20170831_225744.png
     
    На Victorian, biGirl и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  9. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    3.925
    Допаѓања:
    24.082
    - Убавата девојка која е симпатија или бивша на главниот лик има дечко кој е насилник и серко и на крај си го добива своето (yeee justice)
    Во случај да е некој добар дечко , тогаш непријателот ќе најде начин или нешто ќе се случи да умре , или да си фати нова девојка и на крај девојката е слободна и се заљубува повторно или првпат со главниот лик.

    - Сите планови на негативците се перфектни и секогаш има некоја ситница која ќе ја заборават или среќа херојот ќе биде спасен во последен момент и ќе пропадне целиот план.

    - Згодниот главен лик добива све од женски и машки , а пак (не)згодниот односно дебелиот и ружниот е или смешниот лик кој го следи главниот лик и кажува смешки , или е крипи манијак кој ја замара женската на главниот лик/ други ликови. Во некои случаеви и го спасува главниот лик со тоа што утепува неколку небитни негативци.

    -Напочеток се сакаат или се најдобри другарчиња , едниот ќе го предаде другиот и на крај си го добива своето, демек џабе си ме предал пак те скинав ....

    - Ако има моќ негативецот и притоа низ филмот е покажано како убива со еден удар или магија , никогаш тој удар или магија нема да ја искористи против главниот лик.

    - Секогаш во последен момент решава негативецот да направи муабет колку е awesome и како све смислил добро за да му даде време на главниот добар лик да направи пресврт во 93мин.

    -Добриот спореден лик кој не е толку физички добар , за награда бидејќи му помагал на главниот лик , ќе добие куќа , згодна женска , кола или остало , односно нешто што напочетоко од филмот го посакувал ама не можел тогаш да го добие.

    - Ако е семејство , секогаш има ќерка или син кој е бунтовник и погрешка ќе го киднапираат или намерно ќе отиде со лошите , на крај ќе биде спасен/а и ќе свати дека треба да биде добра кон фамилијата и yeeee

    - Една работа што ја има во сите филмови за тајни агенти и слично е , глумецот има проблем да се совпадне со околината во почетокот на филмот , ама преку смешни ситуации ќе се зближи со сите , само да некаде во средината дознаат дека не е тој стварно , потоа сите да му се налутат и се разочараат оставајќи место за негативецот да направи што сака , добриот таен агент ќе биде пред откажување ама во последен момент ќе се врати , ќе се извини на сите што лажел и ќе го спаси светот од лошиот дечко , и на крајот сите пак го сакаат....

    - Ако е полицаец , мора да е или алхохоличар , или разведен , или деца бунтовници...
    - Ако е истрага , ќе го тупат 40 мин , на крај ќе видат некои детали што ги пропуштиле и ќе го решат случајот.
    - Ако е воен/полициски филм , црнец секогаш мора да има што ќе биде шеф и ќе се дере на сите..
    - Ако е полициски филм , секогаш има цивил со брза кола на кој полицаецот ќе му ја украде за да може да ги фати главните негативци.

    - Секогаш има некој предмет или досетка која ќе му го спаси животот на главниот лик во 93та од сигурна смрт.

    - Полицаецот секогаш има некој дрогираш на улица кој ќе му каже каде и што да бара луѓе...
    - Секогаш има некој корумпиран полицаец или генерал што сакал да помогне на државата па затоа убивал невини луѓе
    - Секогаш ако е женско полицаец или било што , ќе има некој да каже ех види ја женско што знае, и оваа ќе го искрши од ќотек за да му покаже дека е грешка (proud day for all women in the world YEAHHH)

    -Ако е чудовиште филм , тој серкото секогаш ќе го јаде , од 10 луѓе ќе останат 2ца (која случајност машко и женско што се сакаат) и ќе го поразат у 93та мин.

    Не знам дали све се рачуна како клише ама ете овие ми паднаа на ум одма чим ја видов темава.
     
    На joy1, Victorian, JollyGirl и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Ketchup

    Ketchup a cup full of holy spirit Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.959
    Допаѓања:
    37.334
    Мене најклише ми се оние говори пред самиот крај. Кога главниот актер кажува нешто паметно, се извинува на другите, се кае што не ги слушал(тука може и некоја солза ќе падне) и оп ќе се гушнат. Некогаш тој дел во филмот го прави целиот филм тоа што е, но почесто е клише.
     
    На Yipman2, Victorian, JollyGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    1.820
    Допаѓања:
    26.083
    • Секој телефонски број почнува со 555;
    • Секогаш умира едниот милицаец на пoчеток, па на партнерот ќе му доделат колега со кој не се мирисаат, али на крај крвни браќа стануваат;
    • Се маскираш само со наочари и мењаш боја на коса, ни мајка ти не те препознава;
    • Секогаш најубавата на крај се фаќа со најголемиот бубалица;
    • ,, Најгрдата ,, се пролепшува само со чешлање на косата и ставање леќи;
    • Лошата наставничка по дифолт е неебана и фригидна;
    • Лошиот директор или живее со мајка му или жена му е кучка, па затоа;
    • Секогаш швалерката на принцот, кралот кога ќе остане трудна, крие и си оди , ни алиментација не бара од што е поштена;
    • Секогаш мајката е на страна на детето, а таткото е лошиот, па ќе се скараат, и некој после ќе направи сообраќајка, и ќе се смират, или пак ако умре, ќе се јадат цел живот, и ако е детето, ќе почне да се дрогира, а ако е таткото ќе почне да лока;
    • Кога некој го задеваат у школо, секогаш го брани оној, облечениот у црно, за кој сите сметаат дека е секташ, наркоман и ѓаол ( а на дебилот кој уствари е були му се упикаваат).
    И на крај, се завршува со среќен крааајјјјјј...|(
    Аман цркнете сите, ко у реален живот, еееее!
    :rofl:
     
    На YoungandBeautiful, Yipman2, Viktorijaaa5 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    9.229
    Пол:
    Машки
    Главниот јунак флертува со некоја, а оваа му изиграва тешка риба ама сепак идат заедно у акција и у сред опсада, каде што животот им виси на конец, они си кажуваат романтични шеги спокојно као да се на плажа, се разлапуваат и легнуваат на страсен секс, а режисерот баш тука сече кадар и оп наутро она се шминка пред огледало, овој пали цигара и као ништо да не било.
     
    На joy1, Victorian, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Rebecca_R

    Rebecca_R Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    2.459
    Допаѓања:
    54.438
    Пол:
    Женски
    Главната актерка покрај тоа што е згодна и е секретарка, знае и кунг фу, џиу џицу и има црн појас карате, уз тоа обавезно знае да користи пиштол и секогаш ја погодува метата. Да не заборавам дека знае и да хакира компјутер и неретко течно знае да зборува 4 јазика. Главниот актер секогаш е од згоден - позгоден, ги има сите горенаведени квалитети, ама знае и да деактивира бомба. Да не заборавам, знае како да отвори кола со мало потчукнување и никој да не го сети, колата секогаш е брза и полна со бензин.

    Главната актерка секогаш носи секси долен веш.

    Во секој град од светот, добриот тип има "пријатели" или по нашки "луѓе кои му вршат работа и му даваат битни контакти".

    Главните актери се будни цела ноќ, трчаат, пукаат, имаат рани од кои капе крв (но раните никогаш не се премногу сериозни и ликот не се случило да искрвари), решаваат загатки, се возат со коли и авиони, ама на крајот од денот, по успешно завршената задача, секогаш се вољни за секс.

    Е најклише е моментот кога добриот тип ќе го убие лошкото (позајмено од calliope) со само еден куршум. Пука, пука, пука, го искористува резерва шаржерот и пап - послендиот куршум завршува во главата/ срцето.
     
    На joy1, YoungandBeautiful, Yipman2 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. strawberry06

    strawberry06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    Мене искрено најклише ми се оние романтичните комедии во кои од почеток знаете каков ќе биде крајот. Обично оди вака: Типот и типката се среќаваат, флертуваат, некаков проблем се дешава меѓу нив, се скаруваат и си одат и тогаш едниот од нив или двајцата сфаќаат дека се создадени еден за друг, се среќаваат во последен момент(најчесто на аеродром,железничка бидејќи едниот си заминува засекогаш) повторно се бакнуваат и си живеат среќно до крајот на животот. Крај. :rofl:
     
    На joy1, theowndemon, YoungandBeautiful и 4 други им се допаѓа ова.
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.707
    Допаѓања:
    75.051
    Пол:
    Женски
    За филмски скоро се сте опфатиле, јас само за сериски клишеа ќе пишам.

    Во секоја американска серија комедија, каде што има семејство, секогаш мајката е лоша и сите и се плашат.
    Сопругот е добар, наивен, а жената сите ги врти на малиот прст...Од бебе, преку сопруг, преку студент, до свекорот.

    Со свекрвата се натпреваруваат која поубаво готви и која поубаво ги изгледала децата....Може да дојде до тепачка со мафтање на рацете, па ќе се гушнат...Па сепак ќе се разделат како ривалки.

    Мајката секогаш ги засрамува децата во јавност (пред другарите), а подоцна им се извинува, па пак станува лоша.
    Не ги пушта на забава, па тие скришно одат, а таму ќе се направат дрво пијани и му се јавуваат на таткото да ги земе (без да дознае мајката)...но таа пошто е ѓавол, сепак ќе дознае, па ќе се расправаат со сопругот околу довербата...Ќе се гушнат и завршува епизодата.

    Сопругот има неженет другар (или брат), што доаѓа кај нив дома во секое време и сам си зема да јаде...И тој се плаши од лошата жена на другарот....Во некоја серија (овој неженетиот) може да биде најголем женкар, а во друга серија може да не видел жена со голо око.
     
    На theowndemon, Yipman2, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.083
    Пол:
    Женски
    Цајкан кој го заштитува криминалот, обавезно мора да е психички пореметен, и тоа тежок манијак, не е доволно што е корумпиран. Останува последниот негативец за пресметка, дури и кога се чинело дека во филмот има поопасни од него.
    Моника Белучи секогаш глуми секс-бомба.
    Црнците се секогаш кул и претежно глумат позитивни ликови.
    Свештениците не се негативци обично.
    Азијатите и Индијанците го надмудруваат белиот човек во зборови.
    Кога во филмот има навистина згодна женска улога, или е шпион, или постои сомневање дека им работи зад грб.
    Кога во филмот има по некое дете, тоа е бистро и интелигентно, никогаш average. Дури и бебе.
    Женските цајканки, шефици и т.н. се построги.
    Младите латинки се неодоливи дами со сите атрибути.
    Во хорор филмовите, најхрабрите секогаш умираат први, поисплашените и несигурните се држат до крај.
    Ова го напишав во другата тема, женкарот/вечниот ерген/сопругот во средовечна криза, на крај се презаситува од слободата и среќно избира моногамен живот.

    Двете теми некако се преплетуваат, знам дека не се скроз исти, ама кога пробуваш да правиш разлика се подзабораваш. Зошто не се спојат под еден наслов, филмски стеротипи/клишеа? :D
     
    Последна измена: 2 септември 2017
    На theowndemon, Yipman2, Victorian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. teteks

    teteks Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    786
    Во хорор филмовите ако се повеќе луѓе што престојуваат заедно некаде,се раздвојуваат кога го бараат чудовиштето,убиецот или што и да е.
    Телефонот баш не работи кога треба да се јават во полиција или на некој друг да им помогне.:D Или мобилниот телефон нема сигнал.
    Ако најдат некоја книга,ја читаат на глас.А книгата може да содржи клетви,магии...Вакви сцени имам видено и во хорор филмовите и во други жанрови.Пример во филмот ,,Џуманџи''.
    Ако некој е затворен во некоја просторија има отвор за вентилација доволно голем за да ползи низ него.:D
    Кога ликот се крие под кревет,во орман и сл. несакајќи прави некој звук и така убиецот го открива.:)
    Во романтичните филмови ликовите што воопшто не се поднесуваат,се мразат,на крај сфаќаат дека се еден за друг.Како во ,,10 Things I Hate About You'', ,,The Breakfast Club'', ,,Clueless''...
     
    На elimkd и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  18. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    2.114
    Пол:
    Женски
    Da ne zaboravime deka heroinata obicno se tusira dodeka nadvor ima invazija nekakva ili ubiec na sloboda ( a svesna e za toa).
     
  19. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    7.607
    *Во бар си седат пријатели, познаници, цели семејства и двајца непознати почнуваат да се тегачат и станува масовна тепачка, секој со секој се тепа и се маваат со столови.

    *Убиецот е секогаш оној на кого најмалку време му е посветено од сите осомничени.

    *Ако има тип што не сака деца секогаш се заљубува во самохрана мајка и и ги засакува децата повеќе од свои.

    *Кога некој бара некого, за влакно не можат да се најдат, овој само што искача од продавница, другиот одма влегува од друга врата.

    * Криминалецот избегал од 10 затвори и 10 години бил во бегство и никој не го фатил, ама на крај ќе го стигне и ќе го уапси полицајката во штикли.

    * Кога мафијата ќе реши да убие некој а тој е главен лик, секогаш има некој добар дечко од мафијашиве што од нигде никаде ќе се сожали на жртвата и ќе му помогне да се спаси. И после тој сите ќе ги убие.

    * Кумот на мафијата секогаш изгледа и се понаша како дон корлеоне хехее. Пура, виски, костумче...

    * Во романса/мистерии/трилери или што и да се тие кога двајца се сакаат ама се дешаваат срања околу, секогаш негативецот е полуден/а бивши/бивша. И оди до крај. До убиство. И на крај умира.

    *Негативецот секогаш умира од рацете на оној што сме мислеле дека е убиен претходно.

    И тн и тн...
     
    На joy1, YoungandBeautiful, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    2.114
    Пол:
    Женски
    Vo B trileri, tipot oblekuva farmerki vrz svojot gol zadnik. Definitivno klishe. :)