Жените се секогаш се средени ко за на Оскари, дури и пред спиење. Легнуваат со шминка, се будат нашминкани, со прекрасна фризура - мераци.
А и серии може? ТУРСКИ - Секогаш има некој мафијаш голем 40+ год , кој го следат еден куп луѓе во црни одела и црни џипови. Све може да прави и да заврши работа. Во текот на серијата некој од неговите блиски луѓе ќе заебе работа и ќе мора да го скинат. - Исто има и некоја девојка или машко кој/а доаѓа од сиромашна фамилија како посвоено дете , за на крај да испадне дека всушност бил брат/сестра на главната богата фамилија. -Дечко и девојка ќе се сакаат првите 10 епизоди , па ќе раскинат поради лага или слично , па на 70та епизода пак ќе се вратат и таман да се венчаат , бившата со дете доаѓа и расипува свеее... ќе раскинат и така до 110та епизода , после на крајот или втора сезона пак ќе се сакаат... -Исто мајката или таткото на синот најчесто не ја одобрува врската и љубовта со "сиромашната" девојка -Каков човек си ти бе , најчеста реченица што ја изговараат. -Др серии пак чистачката е мајка на некој од тие што ја вработиле лелееее шок. Е сеа ми текнаа неколку за филмови. Се надевам не сум грешка и ова може да се рачуна како клише. АКЦИОНИ - Во минатата ера на филмови што излегуваа барем , сега и не до толку , пред да го убие негативецот , секогаш главниот лик мора да каже некоја опака реченица и да го испрати на другиот свет. Други клишеа во акциони се експлозии од ништо , шетање на кул начин додека све експлодира во позадина, ако добијат удар со шипка или кола ги згази или авион им падне на глава, исто како комарец да ги каснал , ништо страшно, главниот лик е секогаш сам све да заврши мод , и некогаш негативецот таман ќе мислиш дека го убиле , ќе искочи пола изгорен-утепан со пиштол во рака да проба да го убие главниот лик. Исто негативецот секогаш ја киднапира жената/девојката/ќерката на главниот ,и негативецот секогаш инсистира да го убие главниот лик он , за да имаме на крајот 1 на 1 битка во која секогаш ќе изгуби негативецот. -Негативецот мора да е секогаш психички или физички пореметен и да ги освои срцата на публиката со неговите реченици и муабети. И да сака да го уништи/зазвеме светот. - Ако има експедиција или истражување и е водена од страна на споредната улога , ќе умре или ќе го снема за да главната улога може да ја заврши истрагата/експедицијата. - Ако има експедиција или истражување на пронаоѓање злато или дијаманти, најчесто ќе биде предводена од некоја богата начитана девојка , некој буцкаст мажјак што ја финансира експедицијата , 10 работници што ќе носат товар , и еден невин истражувач што сака бозбуда, исто ќе ангажираат еден главен опак момак со добри мускули и највероватно голем алат , и тука се случуваат неколку работи. Првата е дека тој ќе се заљуби во девојката (или обратно) и на крај ќе се фатат. Ама прво девојката нема да го сака оти тој е себичен и сака само злато , плус и некултурен е , али во последни моменти ќе дојде ситуација каде што ќе треба опакиот момак да бира помеѓу златото да го земе или да ја спаси девојката и тој ќе ја спаси девојката , и така ќе покаже дека не е све до парите него има и до љубовта awwwwwww . За време на експедицијата има клише како секогаш умираат тие неколку небитни работници кои го носат целиот товар на богатите (што по стапици , што од животни) , знаеш за да видат дека има стапица тие главните. -На експедицијата секогаш мора да излета некоја змија или скелет на некој човек за да ги покаже дека се на лошо место. ТЕМА ШЕГИ - Ако е дебел мора шегите да бидат со прдење, да се покаже дека јаде како свиња , дека е гнасен оти е дебел, хаахаха и кога го брка нешто или кога он брка некој да се измори после 50 метра , демек дебел си кај можеш да трчаш - Ако е муслиман , шега дека е терорист или нешто во врска со терорист , или пак ќе мислат дека е лошиот оти е муслиман. - Ако е од Индија , мора да е шегата нешто со начинот на говор или како работи во некоја телефонска компанија - Ако е Мексиканец , онда чисти градини и вц шољи , ако е црнец тогаш зборовите nigger i big dick не се далеку од него - Ако е некој компјутерџија , тогаш ќе биде или тепан на школо , или ќе му се смее цело школо дека е Virgin и нема живот , се разбира на крајот ќе им покаже на сите кога ќе заработува милиони. Исто ако е нерд најчесто ќе има сцена како му се случуваат добри работи , добива секс од женско или слично. - Ако е плавуша тогаш хахах види ја оваа глупа мора да е , само за секс ќе ја биде хахах. - Ако е црнокоса со пирсови тогаш мора шегата да е дека го обожава сатана , може да е и лезбејка. - Ако е русин тогаш е мафија 100% - Ако е од Јапонија тогаш мора да знае кунг фу и најчесто ќе го помешаат дека е Кинез , демек хахаха сите исто изгледате жути и чинг чанг чонг - Исто Азијците не знаат да возат кола хехехех - Секогаш има некој шеф или главна личност што е мирен напочеток па наеднаш ќе добие нервен слом и ќе се дере на сите. - Деца кои се добри и повлечени ќе пробаат малце дрога и ќе летаат со змејот на смешен начин. - Животинки кои се слатки , секогаш кога ќе им се доближиш те јадат жив хехехе... - Повреда на некој дел од телото (ако е машко е пенисот најчесто) е смешна повреда Од романтични не гледам многу , скоро ич , ама едно е сигурно , тоа е секогаш се бацуваат на дожд , секогаш некој трча на аеродром да ја фати љубената која за малце ќе му избега , и секогаш на среќа се сретнуваат во некоја библиотека или слично и се заљубуваат , леле срцкиии. Ај да не досаѓам веќе на темава , доста се овие.
ЛЕЛЕЕ се разбудив во 3 саат ноќе и ми текна класика што пропуштив да ја пишам. Почнува филмот , го покажуваат главниот глумец (понекогаш со пиштол вперен во неговата глава) *Record scratch* Ова сум јас , се прашувате како стигнав до тука , епа сега ќе ви кажам во наредните 2 саата. -Ако е антички митолошки филм , секогаш има згоден спартанец со мускули и долго копје ги боде и тепа сите.
Кога треба да бега, баш тогаш колата не плаи. Шпагетите ги јадат директно од фрижидер (бљак) Или во фрижидерот само еде расипан сок во големо пластично шише
Ланчето за кое речиси секогаш ни' треба друг човек да го закопча, они само го ставаат на врат, прочепкуваат таму позади како половина секунда и упс, веќе е закачено!
кога влегуваат дома никогаш не заклучуваат врата едното дете секогаш е друштвено, мило, ги сака сите, а другото е намќор токму на божиќна вечер, таткото патува илјадници километри за да стигне на битен состанок, му ги даваат сите можни документи да ги сработи, одбива три-четири осамени жени, временските успови се катастрофални, натрупува неколку метри снег, невидена бура каква не се памти во градот, за во последен момент се појави дома ,,,,
Наутро кога ќе се разбудат, цела фамилија седнува на доручек, јадат, мачкаат (кој го спрема?...кој чисти после нив), и набрзина излагаат од дома.Некој од нив ЗАДОЛЖИТЕЛНО доцни и нема време да седне Во акционите филмови, секогаш најдобриот од ФБИ го праќаат во пензија, му земаат и значка и пиштол, ама тој неможе да се воздржи и се вмешува во потрагата...и обавезно е црнец. Во истрага секогаш вклучуваат полицаец на кого ја отепале жена му а тој ја одгледува ќерката, па криминалците ја киднапираат. Во хорор филмовите мора да врне и грми и да е ноќно време задолжително, па кога ќе ,,светне,, да се види силуетата на убиецот кој стои во градината и ги посматра
Секогаш главните ликови имаат милион препреки, токсична љубов, токсични луѓе околу нив и раскинуваат сто пати додека успеат да бидат заедно на крајот од филмот или 190тата епизода. Секогаш има некој лик од минатото што мора да прави проблеми.