1. The notebook 2. Fight Club 3. Forrest Gump 4. Good Will Hunting 5. American Beauty 6. The Hunger Games 7. A walk to remember 8. Rocky 9. Scarface
Во 1943 година, младо момче, уште дете наоѓа стара пушка и решава да се придружи на слабо опремените партизани кои се борат со злите и големи сили на германската војска. Наивното момче тек тогаш сфаќа дека војната не е заебанција и сведочи на сцени кои би ги пореметиле и најјаките луѓе. Исто и мене сцените никогаш нема да ги заборавам, а ни филмот, толку е мрачен, депресивен, вистинит, брутален и тажен. Вознемирувачки е ептен и не го препорачувам пошто е шокантна хроника на хорор искуства во еден пекол како војната. Како продолжува цела голгота така се губи и разумот на детето. Во секој случај е болно искуство, вознемирувачки и депресивно влијае и тешко се заборава, можеби и никогаш! Come and See (1985)
1. Bomb city 2. Ace Ventura 3. Twilight 4. Police Academy 5. Pink Panter ( со детективот Клузо ) 6. The Fault In Our Stars
A Clockwork Orange (1971) Контроверзна тематика за еден младич Алекс, ептен харизматичен ама и социопат и бунтовен деликвент. Дејството не е во актуелната сегашност, иднина е, дистопски амбиент, драматично запознавање со главниот лик и неговото друштво и секојдневието на една банда деликвенти. Поезија од филм, дури и насилството е поетично, уметнички, врвно, онака само како што може и знае Кубрик и филм што во исто време фасцинира и ве тера на гадење и носи филозофски прашања за границата и изборот помеѓу моралното и модерното, доброто и лошото, за моќта, за насилството и кармата, болката, себичноста, за емпатијата и нејзиниот недостаток и како целина е постмодернистичка критика за денешното општество засладена со арт и добра музика. Еден од моите омилени филмови,10 од 10, лектира за секој.
Прочитај ја и книгата, ако не ти е прочитана. Исто, ептен добра. "И? Сеа што праиме?" Бевме јас, т.е Алекс, и моите тројца друзја (другари де), односно Пит, Џорџ и Шути, а Шути го викавме Шути оти беше шут, и тројцата седевме во млечниот бар "Корова" (што значи крава) и се думавме како да ја отепаме вечерта, пуста катран-црна зимска ноќ, гнасно копиле од вечер, а сува. Воведните мисли од романот. Јас до душе го читав на англиски, ама ми се допаѓа преводот, колку што го видов.
Филм кој никогаш нема да го заборавам е The girl next door. Во филмот се зборува за семејно насилство, толку е брутално прикажан, тажен, емотивен а фактот што е базиран според вистински настан ме потресе уште повеќе, со денови ги мислам девојчињата кои претрпеа хорор од нинвата тетка и братучеди.
American History X, за жал. Мислам дека потрагичен филм немам гледано, а се е прикажано на начин - shit happens, луѓето се за никаде, живот иде даље... и тоа го прави толку тажен, зашто токму таква е реалноста. Патем, многу интересен и непредвидлив филм, колку и да е сив, сепак еден од најдобрите што сум ги гледала.
The paranormal activity Прв филм што сум го гледала и никогаш доста. Може и the ring. Не се објаснуваат зашто се страшни. Ако е некој љубител не ми се верува да не ги знае.
How Green Was My Valley (1941) Најдобриот филм што го гледав оваа година, барем засега, а не верувам дека некој ќе биде подобар.
Филмот не ми е гледан но ми привлече внимание коментарот да видам поточно за кој филм се работи и кој е режисер, Џон Форд еден од најистакнатите, најдобрите режисери на златното време на Холивуд, добитник на 4 оскари, исклучителен талент негов најплоден период се 40 те години од 20 от век.
"Колку зелена беше мојата долина" го победува "Граѓанинот Кејн" во трката за Оскар за најдобар филм, некои сметаат незаслужено, јас не се согласувам. Го претпочитам ова дело, екранизација на книжевен еп, иако и двата филма се маестрални.
There Will Be Blood еден од најдобрите и најинтелигентни филмови на сите времиња, глума, гестикулации на Даниел Д.Л. морници ..