1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Филозофии

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ceca-1, 1 март 2012.

  1. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Овде може да се разработуваат сите теми кои се суштински поврзани со животот.Значи зошто постоиме,што е смислата на животот,зошто земјата е тркалезна,мудростите на старите филозофи,вашите ставови во врска со било кое прашање.Исто може да се спомне за литератутните правци од ренесанса и барок па до модернизам,кој стил ви е омилен ,зошто,потоа омилени филозофи или писатели,цитати итн.

    Во филозофијата најбитно прашање е 'Зошто?'.Така на секоја информација што ја добиваме можеме да го поставиме прашањето Зошто,како,што? Има доволно простор и слобода за мудрување и 'истакнување' :lol:
     
  2. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    зошто да прашуваме? зошто да живееме? зошто не сме перфектни? има многу прашњања ама вистинскиот одговор е во нас, понекогаш нема да го најдеме. прашањата зошто се да се истакне вистината и сегашноста. што мислиш?
     
    На ceca-1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Прашуваме за да стигнеме до вистината :up: Се согласувам.Колку повеќе прашуваме толку повеќе дознаваме што не мора секогаш да е точно.Но и од погрешните информации може да се развие дискусија.И сето тоа за да се достигне одредена цел-да се дознае вистината.Таа цел никогаш нема целосно да биде завршена затоа што секогаш ќе постојат нови вистини кои ќе треба да се откријат.За жал во светот постојат многу поголем број на неодговорени прашања отколку одговори.А луѓето живеат според тоа што го знаат :|
    Една филозофска мисла:Мислам значи постојам-Рене Декарт ;)
     
    На zaljubena93 и cveke123 им се допаѓа ова.
  4. zaljubena93

    zaljubena93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    9
    паметно и точно :)
    аа да ве прашам женски. што мислите..
    Дали кога луѓето ја губат невиноста се вика чест.??
    И дали кога жената ја губи честа се вика невиност?
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Постојат неодговорени прашања кои ние луѓето си ги поставуваме постојано и сме упорни за да го дознаеме одговорот на истите, но се неодговорени поради тоа што можеби и не треба да ги знаеме одговорите на истите.А што и дека би знаеле? Можеби не би било интересно :)
     
  6. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Според мене одговорот на првото прашање е Дa а на второто Не.
    Кога луѓето ќе ја изгубат својата невиност не се веќе чесни.
    Жената не ја губи честа само со невиноста,барем не во денешни времиња.Сепак има други работи со кои може да ја изгуби честа.
    Би било интересно затоа што секогаш ќе постојат неодговорени прашања но добро би било да се намали нивниот број.Да знаеме како сме настанале,зошто се раѓаме,живееме па умираме,дали има живот на другите планети или постојат други универзуми,што е смислата на постоењето...Кога би ги знаеле овие информации и кога би биле сигурни во нив многу нешта би биле појасни.Секако од тука ќе произлезат мал милион други прашања ама барем ќе откриеме нешто повеќе за себе. :)

    Се е релативно-Алберт Ајнштајн :geek:
     
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Ами и ја викам да се намалит бројот на прашањата, ама не мојт од едноставна причина што ние луѓето сме премногу љубопитни, што и да откриеме, пак нема да ни биде доволно.Се надевам дека одговорите на тие прашања ќе бидат откриени, иако сум скептична за некои од нив, секако дека и јас би сакала да знам за истите.Имат време, мож науката ќе открие уште нешто повеќе и како што рече пак ќе имат прашања кои ќе сакаме да ги знаеме одговорите на истите :)

    А, Алберт Ајнштајн имал право :geek: :!:
     
  8. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    А во меѓувреме ти што мислиш во врска со некое од овие прашања?Кој е твојот став на пример за суштината на животот или за тоа што има на крајот од галаксијата?Зошто земјата не паѓа надолу во црнината и ако почне да паѓа до каде би стигнала?
    Инаку исто интересни се и модерниве филозофии од типот на емисијата Пулс на Ана Јовковска,како и начинот на изразување на Кили или слично.Мене нивниот говор ми е интересен без разлика дали се согласувам со нив или не.Дефинитивно се интелегентни иако има муабети за Кили нешто со дрогата па од тука излегува прашањето "Дали човек што има пороци може во исто време да има висока интелегенција?"

    Човекот е мерка на сите нешта-Протагора
     
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Некои критичари на филозофијата велат дека тоа е само зборување напразно... Искрено почитувам неколку филозофи од историјата и денешницата, ама темава мислам дека е чист одраз на она што тие критичари го мислеле. :D
     
    На ceca-1, Magnolija, Theodora и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Според мене филозофирањето е интересно,како што некои сакаат поезија да читаат така некако му доаѓа и дискутирањето без разлика дали ќе решиме некој светски проблем со тоа или не :D Можеме чисто да си дискутираме за теми,различни ставови,мислења на било која тема и сето тоа за забава,како хоби...кој што размислува.Епа тоа не е напразно ;)

    I have no special talent. I am only passionately curious.
    Ајнштајн
     
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Понекогаш одговорите на животните прашања лежат на дофат рака, но поради нивната едностаност не ги препознаваме како одговори.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    ^Бидејќи сметаме дека тоа нешто треба да е големо, далеку од дофатот на сетилата и умот воопшто.
    Како и да е, мудрите реченици (во друга тема што ги поставуваме) се испитани работи кои не секој од нас ги употребува во животната практика. Ни пола од полата. Но тоа е така бидејќи сметам дека животот не се живее според шема и затоа секој е уникатен и различен.

    Добро е да се негува филозофијата, сепак од неа произлегле многу други науки. Но, во денешно време во мода е да си критичар на се‘. Колку се добро издржани аргументите на истите, зависи како народната маса ги голта.
     
    На zhap4e и daylight им се допаѓа ова.
  13. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Како прво мора да кажам дека е навистина разочарувачки тоа што толку малку феминки се заинтересирани за темава. Не напаѓам никој конкретно бидејќи за тоа се криви многу луѓе како и различните околности, но сепак сметам дека нешто треба да се промени во врска со оваа незаинтересираност кај поновите генерации за поставување на прашања.

    Всушност тоа е она што го прават филозофите. Поставуваат прашања. На тие прашања не секогаш има одговори и би било премногу глупаво еден филозоф да избрзува со заклучоци бидејќи она што е важно е поставувањето на самите прашања. Тоа е еден доказ дека ние сме свесни за нашето постоење и дека нешата егзистенција не интригира. Секој човек би требало да се запраша „Кој сум јас?“ или „Како настанал универзумот?“ или “Што е Бог?“

    Дали вие можете да одговорите на овие прашања? Се плашам дека ќе треба да се помачиме да ги најдеме одговорите, а ништо и никој не ни гарантира дека некогаш ќе ги пронајдеме, но суштината е самото формулирање на прашања од ваков тип во нашите мозоци.
    Филозофијата е контрадикторна, но сепак ние не можеме да кажаме дека некој од филозофите грешел. Всушност сите тие ставови биле извесно точни и неточни во зависност од времето во кои тие филозофи живееле.

    Јас ќе го цитирам Сартр со „Егзистенцијата и претходи на есенцијата“, „Ние сме осудени да бидеме слободни“ и „Егзистенцијализмот е хуманизам“ со што ќе ве поканам на дискусија за егзистенцијализмот кој мене ми е доста интересен правец како од филозофска, така и од литературна гледна точка. :)

    И за крај морам да вметнам еден од моите најомилени цитати воопшто, кој не би го преведувала за да не ја изгуби својата смисла
    “Ha! To forget. How childish! I feel you in my bones. Your silence screams in my ears. You may nail your mouth shut, you may cut out your tongue, can you keep yourself from existing? Will you stop your thoughts?”
    ― Jean-Paul Sartre, No Exit
     
  14. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Ќе започнам со еден цитат

    Прашањето што е филозофијата и самото мора да значи филозофирање. Кога филозофираме? Очигледно дури тогаш кога ќе почнеме да разговараме со филозофите. Тоа вклучува да го разгледаме со нив она за што тие зборуваат. Таквото заедничко разгледување на она што изгледа дека се однесува само на филозофот, тоа е филозофски разговор, разговор во смисла на дијалог

    Суштината на поставувањето прашања не е барање на нивниот вистински одговор,туку со нивното дебатирње да се дојде до одреден заклучок.Колку тоа е вистина е релативно,затоа што има примери во историјата каде како што рече honorthyself,самата филозофија е контрадикторна,но тоа не треба да значи дека ние треба да се откажеме од потрагата за суштината на животот.Самите грешки можат да бидат позитивни,и од нив да произлезе нов заклучок.

    Ниче рекол-'Бог е мртов',мислејќи дека вредностите кои ги наложува христијанството не се вистински т.е. се спротивни на вистинските вредности.Еве еден одговор на прашањето 'Што е Бог?'.Но дали е вистинскиот?Сартр пак рекол -'Ако бог постои, тогаш човекот не постои, еден со друг се исклучуваат.'

    Што е суштината на животот?Зошто живееме,зошто постоиме?Постоењето и предходи на суштината.Или егзистенцијата и претходи на есенцијата.Што значи најпрво треба човекот да постои за потоа да се одредува суштината на тоа постоење.Битието е она што ги створува вредностите,што понатаму живее со нив.Но она што е прашање е кои се вистинските вредности?За секое битие има различни вредности,како и за секоја епоха.Не значи дека ако едни се вистинити,дека други не се точни.Но потрагата по вистината ќе трае вечно.
     
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што одговорите на прашањата се бараат на погрешни места.
     
  16. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Книгите се ладни, но верни пријатели.
    Сократ
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  17. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    „Тоа е мистеријата на човечкиот живот – кога старите таги со текот на времето, постепено, стануваат спокојни радости.“
    Достоевски