Ако се запише психологија на втор циклус студии како недипломиран психолог, имаш исто звање како дипломираните психолози, односно можеш да работиш во ординација и слично? И уште нешто. Што треба да се заврши за да бидеш клинички психолог, зошто не видов таков смер.
Се мислам помеѓу педагогија и социјална работа и политика. Примамливи ми беа и семејните студии, ама не знам ништо поточно за нив, па првите две ми се приоритетни.
Од првиве две јас би ти препорачала да одбереш социјална работа и политика, според мене поинтересни предмети има, ќе ве шетаат и по институции, и мислам дека колку-толку е поперспективно од педагогија каде што сметам дека и материјата е посувопарна и досадна (Ова е само мое мислење, а за перспективноста реков колку-толку зошто во земјава ретко што е перспективно. ) За семејни студии, едно големо НЕ од мене, јас сум таму запишана зошто не ме примија на друг смер и сега ќе се префрлам. За поминување доста лесно ќе поминеш (ама не е тоа поентата), но предметите се толку досадни и безвезни, не знам, ми немаат смисла некако што мака ти е да ги учиш. Имаш комбинација од историја, социологија и педагогија и уште по некое подрачје, а јас вториве две ама ич не ги сакам. Звањето кога ќе завршиш ти е семеен едукатор. (wtf is that?) Можеби смеров би бил/е перспективен во странство, но мислам дека за жал кај нас нема некоја иднина со ова.. А и секоја година веќе се' нешто ново смислуваат. За примање, не се сомневам дека ќе те примат на било кој од двата смерови. Ти посакувам среќа каде и да се запишеш.
Некој што имал психологија кај Виолета Арнаудова ако сака да ми пс во порака да се консултирам околу некои раб.
Моја братучетка прва сака да се запише на психологија постдипломски, ама не е дипломиран психолог. Ај повеќе информации за тоа ве молам. Дали треба да оди на двогодишни студии по психологија зашто е недипломиран психолог или да полага само некои предмети?
Сакам да се запишам на историја смерот вонредно да учам има ли некој искуство од вонредно историја како е тешко ли е може лида присуствуваш на предавања ??
Иако покасно, се надевам ќе ти помогнам. За да си ги подигнеш документите се плаќа само 1000 денари и 50 денари за админинстративна такса. Пополнуваш молба (има во сервисот) и заедно со уплатниците и индексот ги носиш на студентски и веќе следниот ден може да си ги земеш документите.
Сакам да се запишам на психологија па ако има некој да ми каже нешто подетално за предметите и професорите што предаваат. Малку ми е страв...
Дали универзитетскиот пријавен лист е истиот од електронската пријава или треба да си го купиме од книжара?
Дали ако сум запишана со кофинансирање (400 евра), меѓутоа сум една од најдобрите студенти во генерацијата во 1-ва година, има можност оваа година да бидам во државна квота, или до 4-та година ќе терам со кофинансирање, без разлика на успехот?
Ако не се лажам Груевски најави нешто за ова од оваа година, за студентите над 8,5 просек дека ќе се намали партиципацијата само не знам колку(мислам упола) се надевам ќе се исполни, што е реално. Има такви во државна што стагнирале и пак си остануваат во државна квота, а има такви што напредуваат многу, но ништо. И јас со во висок просек си останав приватна квота, не постоеше таква можност како што велиш, освен ова што е најавено, па на некој начин би компензирало, сепак остануваш во приватна...
Некој да каже искуство со проф. Весна Димитриевска , ми предава овој семестар Методологија на социолошките истражувања